Ве водиме на места во денешен Петербург кои говорат за присуство на Германците во минатото на градот

Legion Media
Санктпетербуршките Германци биле втор народ по бројност во градот по Русите. До денешен ден постојат многу места кои сведочат за нивното присуство.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Крстосувајќи по Санкт Петербург лесно може да се налета на стари плочи на германски кои го покажуваат нивото на реката Нева во определени години, но и други знаци на присуство на Германците во градскиот живот. Без оглед на тоа колку на денешните жители на северната руска престолнина им изгледа чудно, во градот порано германскојазичното население било бројно.

Од каде во Петербург толку Германци?

Германците почнале да доаѓаат во Русија кон средината на 18 век на повик на императорката Екатерина Втора која по потекло била Германка. Тие дошле во ненаселените подрачја во Поволжје и во јужен Сибир, па до денес таму можат да се сретнат потомци токму на овие луѓе. Многумина се доселила и во престолнината на Руската Империја Санкт Петербург. Меѓу нив имало истакнати луѓе како што се Петар Палас, кој ја открил манулата, мачката со најгустото крзно на светот и ѝ го дал името, основачот на електротехниката Еми Ленц, морепловецот Иван Крузенштерн.

Долго во Петербург живеел и Ото фон Бизмарк, во тој момент дипломат, и научникот Хенрик Шлиман, кој ја пронашол Троја и големиот патешественик Александар фон Хумболт кој објавувал трудови за Урал и за Сибир за странци. Според податоците од пописот од 1897 година во милионскиот Петербург регистрирани се повеќе од педесет илјади Германци, што значи дека биле најброен народ по Русите. Се наоѓале на највисоките државни и научни должности, со еден збор биле видни луѓе во престолнината.

Германците почнале да ја напуштаат Русија на почетокот на дваесеттиот век, а за тоа придонеле двете светски војни и Револуцијата. Денес Германци во петмилионскиот Петербург нема повеќе од илјади.

Црквата Петрикирха и нејзината околина

Во Санкт Петербург постоеле делови од градот, населби, кои биле населени од страна на луѓе со иста професија (грнчари, ковачи, морнари) или исти народи. Постоеле грчки, татарски, француски населби. Германското население заземало поголем дел од центарот, од Летната градина до Зимскиот дворец со главната улица Милионска, (во периодот од 1738 до 1783 година се нарекувала Германска). Локалното население ги чувало својата традиција, јазик и вера.

Срцето на германскиот кварт, лутеранската цркна Петрикирха (црквата на апостолите Петар и Павел) потекнува од средината на деветнаесеттиот век, а денес на нејзино чело се наоѓа пасторот Михаил Шварцкоф, по потекло од Тирингија. „Нашата црква е многу мала, но независна е и таа е наша гордост“, вели Михаел.

Современата заедница, секако, не е голема, во црквата постојано доаѓаат 500 луѓе, објаснува членот на заедницата за односи со јавноста Герхард Ројтер. Герхард сите заинтересирани ги води на прошетка во црквата, во катакомбите и кај камбанаријата. Во советско време тука имало базен, а обновените ентериери се многу импресивни,

Петрикирха ги привлекува и љубителите на органата. Музичкиот директор на црквата Сергеј Силаевски кани познати уметници и самиот често седнува на инструментот (дури и свири стара европска музика во дует со балалајка). „Имаме органа 'Willi Peter' од седумдесеттите години од минатиот век што ја добивме во 2017 година од една иста германска заедница во странство, односно од Шведска“, вели Сергеј.

Веднаш зад Петрикирха се наоѓа Петришуле, првото училиште во Санкт Петербург. Меѓу неговите ученици биле композиторот на операта „Борис Годунов“ Модест Мусоргски, архитектот на Петергоф Николај Бенуа, како и советскиот поет Јосиф Бродски.

Освен Петришуле училишта имало и при Аненкирха (денес парохија на Финците, а Аненшуле станало физичко-математички лицеј), при Германската реформска црква (во советско време реконструирана во дом на културата во стилот на конструктивизмот) и Катеринин-кирхе на Васиљевскиот острoв. Треба да се каже дека на Васиљевскиот остров може да се види најзначајниот дел на германското архитектурно наследство.

Линии наместо улици

Васиљевскиот остров првобитно бил француска населба, меѓутоа, местото било енормно популарно кај петербуршките Германци. На островот не биле проектирани улици, ами „линии“. Станува збор за тоа дека на островот било планирано копање канали како во Амстердам, меѓутоа излегле премногу тесни, па морале да бидат посипани со земја, а „линиите“ се зачувани. Инаку, друг град во Русија со линии наместо улици е Маркс во Саратовската област, поранешната престолнина на Германско поволжје.

На првата линија во куќата со број 28 од 1850 до 1860 година живеел германскиот археолог Хенрих Шлиман, почесен граѓанин на Санкт Петербург кој ја пронашол Хомеровата Троја. На осмата линија се наоѓала фабриката за клавири на Јакоб Бекер чие производство по распадот на СССР е обновено во Германија.

На Васиљевскиот остров зачувани се најстарите медицински установи во Санкт Петербург. Меѓу Германците, инаку, имало толку многу лекари, што зборовите Германец и лекар едно време биле синоними. На Васиљевскиот остров Петар Велики го отворил музејот Кунсткамера кој чува необична рана природна збирка на медицински деформитети, како човечки, така и животински. Во 1797 година на островот е отворен Акушерски институт со школа за акушери, кој подоцна го добива името по рускиот Германец Дмитриј Ото.

Тука е и активната аптека-музеј на докторот Александар Пељ, прва во градот. За Пељ се зборувало сешто, како да кажеме дека во кулата на аптеката држи грифони и дека се занимава со алхемија. Дали е тоа точно или не, не се знае со сигурност, но можеби токму вие ќе успеете да ја откриете тајната на оваа аптека.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња