Затворска романтика: Како еден итар криминалец ја завел истражителката за да избега од затвoр

Russia Beyond (Photo: Из архивe Владимира Георгиjева)
Нивната приказна, наречена „затворска романтика, ја шокираше советската јавност и стана инспирација за игран филм.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

На трети мај 1991 година обезбедувањето на озлогласениот затвор Крести во Санкт Петербург требаше да го премести повеќекратниот престапник, рецидивист, крадец и убиец Сергеј Мадуев за издржување казна на друго место. Додека затвореникот и неговата придружба се движеа низ ходникот, Мадуев извади револвер наган и пукаше во еден од офицерите.

Подоцна истрагата откри една вознемирувачка вистина: пиштолот на затвореникот му го дала истражителката, која претходно започнала романтична врска со криминалецот.

Криминалец

Криминалната кариера на Сергеј Мадуев можеби била однапред одредена. Со оглед на тоа што обајцата негови родители биле затворени во Казахстанската Советска Република, Мадуев е роден во затвор во 1956 година

Сергеј Мадуев

Мадуев започнал со кражбите уште како дете и својата прва малолетничка казна ја добил на шест години во 1974 година. Во криминалните кругови брзо стекнал имиџ на избувлива и проблематична личност кој секогаш била подготвена да прибегне кон насилство.

Откако затвореникот се ослободил и избегал од затворот, бран пљачки, разбојништва и убиства го зафати целиот СССР

Судењето на Мадуев, 1994 година.

Парадоксално, нападите на Мадуев понекогаш се окарактеризирани како исклучително насилни, а понекогаш како мошне милосрдни. Извештаите за крадецот кој ја пуштил својата жртва откако дознал дека е бремена или, пак, запрел друг бандит да изврши силување, измешани се со други извештаи во кои истиот тој крадец немилосрдно убил тричлено семејство и нивното тукушто родено дете, како и за негови други жртви.

Една репрезентативна епизода објаснува многу работи за импулсивната природа на Мадуев.

„Мадуев му изрече смртна казна на еден портир на едно ленинградско кафуле со кој се скара, зашто го натерал да го слече капутот. Злосторникот мирно, молкум ги ислушал навредите на вратарот, а потоа мирно го запрашал: 'Заврши ли?'. Следната секунда го извадил револверот и пукал на вратарот пред десетина луѓе. Вртејќи се потоа кон вџашените гости, Мадуев иронично им се обратил: 'Да не сака уште некој?'“

Сергеј Мадуев, 1994 година.

Потребни беа години за да заврши насилничкиот поход на Мадуев – конечно беше уапсен во 1991 година на железничката станица во Ташкент, главниот град на Узбекистанската ССР. Злосторникот потоа беше префрлен во Санкт Петербург на истрага. Таму го направи својот последен драматичен обид да ја избегне правдата.

Истражителката

Наталија Воронцова беше единствената жена која беше член на обвинителството во случајот на Мадуев. Пред средбата со озлогласениот злосторник и подоцнежната фатална грешка, Воронцова имаше репутација на вреден професионалец. Зад себе веќе имаше неколку решени обвиненија и никако не можеше да се вброи во почетници.

Наталија Воронцова, 1995 година.

Меѓутоа, се покажа дека е премногу тешко да се одолее на силната харизма на Мадуев.

Дури и машките членови на обвинителството признаа дека Мадуев поседува силна харизматична личност која му помага да ги придобие луѓето, дури и кога станува збор за оние што го обвинуваа за направените дела, барајќи смртна казна.

„И шефот на истражната група Владимир Георгиев призна дека има слабост кон Мадуев. Во него имаше повеќе видено една лежерна, друштвена и харизматична личност, одошто криминалец“, се тврди во популарниот документарец на Јутјуб.

Мадуев беше соочен со смртна казна и започна да ги истражува и да ги испробува сите можности за да ја избегне правдата. Очигледно, користењето на сиот свој шарм да ја заведе женската членка на обвинителскиот тим му беше последната сламка за која можеше да се фати. Токму тоа и го направи.

„Ми се чини дека ако е човек вљубен, тој (или таа) е способен да направи чуда. Видете, по сѐ почнав да се прашувам дали бев само жртва на неговата тактика смислена само со цел да избега. Не можам да одговорам на тоа прашање во негово име. Искрено, ако нѐ спои судбината, ќе направам сѐ за да го спречам да тргне по истиот пат. Не знам дали во тоа би успеала, но, во принцип, јас сум мошне верна и предана личност и, ако морав да го чекам 15 години, веројатно тоа и ќе го направев. Да знаев дека сум му потребна, ќе го чекав“, изјави Воронцова години подоцна, откако беше осудена за давање помош на Мадуев во обидот за бегство.

Поковникот на КГБ Владимир Георгиев и Наталија Воронцова

Од ова произлегува дека Мадуев на крајот успеал целосно да ја придобие Воронцова, наведувајќи ја да се посомнева дека тој навистина направил некои од злосторствата за кои беше обвинет. Истражителката се вљубила во итриот криминалец и прокриумчарила револвер во неговата затворска ќелија.

На 3 мај 1991 година Мадуев од тој пиштол му пукаше во стомак на еден од офицерите што го придружуваа, но набргу беше разоружен. Неговиот неуспешен обид за бегство ги убеди истражителите дека меѓу нив постои некој што му помогнал.

Тимот истражители набргу заклучува дека Воронцова е единствениот можен осомничен и поставува скриени камери и микрофони во собата за испитување, за да видат страстен бакнеж на полицајката со злосторникот.

Воронцова е уапсена и подоцна е осудена на седум години затвор.

Иронично, жртвата на Наталија Воронцова не била залудна, и покрај конечниот неуспех на Мадуев да избега. Овој изненадувачки обид за бегство толку го искомплицира случајот за обвинителството, што му овозможи на злосторникот да го развлече до моментот кога Советскиот Сојуз се распадна, а новата руска влада воведе мораториум на смртната казна.

Злосторникот ја избегна смртта со стрелање и го мина остатокот од животот во затвор.

Полковникот на КГБ Владимир Георгиев и Сергеј Мадуев

Во текот на едно од многуте испитување тој рече: „Што Воронцова? Таа е како и сите останати. Таа исто така сака да јаде, сака да живее добро и да биде среќна во животот. Можете да ја добиете чија било доверба. Ги искористив чувствата на Воронцова, но за мене, во положбата во која се наоѓав, не постоеше друг избор“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња