Како советските ветерани од Втората светска војна го славeа Денот на Победата (ФОТОГРАФИИ)

Валериј Шчеколдин/МАММ/МДФ
Во СССР 9 мај се славеше како Ден на Победата над нацистичка Германија. Во повоените години на тој ден се собираа учесници во војната и евоцираа спомени на тешките денови на битките за слободата на татковината.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт! 

Во советско време Денот на победата, колку и да звучи чудно денес, всушност беше ден на жалоста. Вообичаено, на Црвениот плоштад поминуваше само мала парада на ветерани, а на други места учесниците во војната самите се собираа приватно, сеќавајќи се на своите паднати воени соборци и полагаа цвеќе на нивните гробови. Со едноминутно молчење ќе пролееја солза и ќе прошепотеа: „Никогаш повеќе“.

Учесникот во војната Дмитриј Кудашев со фотографија од воените денови на кој тој влегува во ослободениот Белград во септември 1945 година (фотографијата е од 1965 година)

Болничарка за време на прославата на Црвениот плоштад (1968)

Средба на ветерани од Втората светска војна во близина на Централниот музеј на Вооружените сили на СССР во Москва (1970)

Пилоти го слават 9 Мај 1970 година на плоштадот пред театарот Болшој

Учесничка во војната во својата стара униформа на парадата на ветераните на Црвениот плоштад (1971)

Валцер на стари војнички песни (од 1970-тите)

Некои ветерани, кои не можеа да присуствуваат на прославите, ги ставаа дома своите ордени на градите, ги прелистуваа албумите со фотографии и им раскажуваа на децата и внуците за воените години (од 1970-тите)

Средба на воени другари пред меморијалниот комплекс на херојската Брестска тврдина, 1972.

Воени ветерани на средба со советски пионери (од 1970-тите)

Писателот Константин Симонов (во средината) со воени дописници и ветерани (1975)

Емоции (1976)

Учесници во Сталинградската битка собрани во зграда на локално училиште (1977)

„Беше еднаш во мај“. Ветеран во Казањ, руска република Татарстан (1977)

Жените може да ги носат своите униформи или да ги закачат ордените на цивилен костум (1977)

Учесничка во војната, Москва (1977)

Средба пред театарот Болшој (1978)

Долгоочекуваната средба на луѓе кои се бореле рамо до рамо и си помагале едни на други (1978)

Денот на Победата во Москва. По војната многу луѓе останаа без рака и/или нога (1979)

Ветераните ги носеа своите многубројни ордени (1979)

Ветераните муабетеа со минувачите, децата и студентите, и одговараа на нивните прашања, но не сакаа многу да зборуваат за ужасите на војната. Главно ја опишуваа храброста на воените другари (1979)

Ветерани на прославата на Денот на Победата на централниот стадион на Челјабинск (1980)

Убав обичај беше да им се подарува цвеќе на учесниците во војната (1982)

Воени ветерани и други граѓани одат во московскиот парк „Горки“ на прославата на Денот на Победата (1983)

„Каде сте, браќа по оружје?“ Воен ветеран носи транспарент со името на неговата дивизија (1983)

„Сè уште има барут во фишеклиите“, цитатот од романот на Гогољ „Тарас Буљба“ сега е препознатлива фраза во рускиот јазик и значи дека човекот е сè уште силен, дека времето сè уште не го прегазило, и може дури и да игра на оваа возраст (1983)

Потсетување на старата песна од фронтот... (1983)

...и на минатите денови (1983)

Традицијата на големи концерти и прослави по повод Денот на Победата почна дури во текот на 1980-тите (фотографијата е од 1983 година)

Одмор по официјалните церемонии на Црвениот плоштад (1985)

Три генерации: За време на прославата на 50-годишнината од Победата  1995 година

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња