Падот на СССР забележан на уникатен начин низ објективот на американски фотограф

Peter Turnley/Corbis/VCG via Getty Images
Познатиот американски фотограф Питер Тарнли забележа некои од најинтимните моменти на советската цивилизација на умирање додека му се приближуваше на својот неизбежен крај.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Советскиот Сојуз му се ближеше на својот крај во доцните 1980-ти. Иако сè уште не се сруши, неговите политички и економски системи веќе имаа пукнатини. Недостигот на стоки за широка потрошувачка и храна, како и целокупната сиромаштија се проширија и во земјите-членки на Советскиот Сојуз.

Економските проблеми во голема мера ги оптоваруваа животите на луѓето, принудувајќи ги да пронајдат начини да преживеат во новата реалност. Без оглед на тоа, децата и понатаму учеа и си играа, студентите се забавуваа - генерално, луѓето се прилагодуваа и животот течеше, но на поинаков начин.

Познатиот американски фотограф Питер Тарнли забележа некои од најинтимните моменти на советската цивилизација на умирање додека му се приближуваше на својот неизбежен крај.

Овој реномиран стручњак за фотографија, специјализиран за прикажување на „реалиите на човечкиот живот“, со години забележуваше моменти од историско значење ширум светот. Беше сведок на Заливската војна во 1991 година, како и на конфликтите на Балканот, во Чеченија, Сомалија, Авганистан, Руанда, Јужна Африка и многу други.

Покрај тоа што се занимава со теми од геополитичко значење, Тарнли е познат и по неговата улична фотографија. Неговите уникатни фотографии на животот во советската империја во распаѓање проникнуваат во аурата на ова време и епоха.

Некои од фотографиите на Тарнли го прикажуваат суровиот живот во СССР, како оваа на која е прикажана старица која продава пилешки нозе за да врзе крај со крај.

Повеќето од фотографиите на Тарнли направени во СССР го прикажуваат секојдневниот живот на обичните граѓани кои едноставно ги живееја своите животи, дури и кога настани од историско значење ја снајдоа нивната земја, менувајќи ја засекогаш.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња