На 22 јули 1812 година престолнината на Русија, Санкт Петербург, го дочека императорот Александар Први по враќањето од фронтот од Татковинската војна. Два дена претходно градот беше украсен со празнично осветлување, а Казањската црква даваше неверојатна глетка. Во самиот храм и околу него се туткаше маса народ. Некои тука спиеја веќе втора или трета ноќ, чекајќи го царот уште од 20 јули, но излезе дека тој се задржал во Твер за неколку дена да мине со својата омилена сестра Екатерина Павловна.
Не сите во престолнината знаеја дека на 20 јули беше одржана битката која фактички го спаси Санкт Петербург. Тоа беше Битката кај Кљастици, во која Русите под команда на генералот Пјотр Витгенштејн ги победија моќните сили на маршалот Удинo и го запреа напредувањето на Французите кон Петербург.
Почетокот на војната 12 јуни 1812 година го затекна Александар Први во Вилнус. Царот веднаш замина на фронт, но таму поради неговото доаѓање дојде до пречки. Александар не го прогласи Барклај де Толи за главен командант и така самиот ја презеде командата, како највисока власт во земјата. Меѓутоа, не може да се каже дека императорот беше добар војсководец. Само ги одобруваше плановите за одбранбени дејствија. Во сето останато присуството на царот и на неговата свита правеше пречки при работата на военото раководство. На крајот високите челници успеаја да го наговорат царот да се тргне, најпрво во Москва, а потоа во Петербург.
Александар Први
ЕрмитажАлександар ја напушти армијата на 7 јули, а за тоа време 2 корпус на Големата армија под команда на маршалот Никола Удино веќе се движеше преку територијата на Современа Белорусија кон Санкт Петербург.
Што правеше за тоа време Наполеон? Тој, придржувајќи се кон својата вообичаена тактика за молскавично напредување, бараше можност за голема битка со руската војска. И покрај распространетиот мит, Наполеон никогаш не рекол „Ако го освојам Киев, ако го освојам Петербург, ќе ја фатам за глава. А, ако потоа ја заземам Москва, ќе ја удрам право во срце“. Искусниот војсководец беше свесен дека колку што подлабоко ќе навлезе во Русија, толку шансите за победа се помали.
Никола Удино
Версајска палатаМеѓутоа, Барклај, чувствувајќи ја намерата на Наполеон да ги порази Русите колку што е можно поскоро, намерно ги завлекуваше Французите во внатрешноста на Русија. Уште во 1810 година Барклај му врачи белешка на Александар „За заштитата на западните граници на Русија“, во која му предлагаше руската војска да избегнува решавачки судир, да се повлекува и противникот да го ослабнува со дејствувањето на лесните сили. Токму овој план беше применет за време на инвазијата на Наполеон. Движењето низ руската земја суштински се разликуваше од напредувањето низ Европа. Тука до израз дојде жестокото партизанско војување: селаните без милост ги уништуваа сите француски единици кои би заостанале или кои би го изгубиле патот, ги напаѓаа колоните со намирници. Но, Бонапарта сепак се надеваше дека до главната битка ќе дојде за време на опсадата на „клучот за Москва“ – Смоленск, кој тогаш беше тврдината што најтешко можеше да се освои во Европа.
Додека главнината на Големата армија го бараше главниот судир, приодите кон Санкт Петербург ги бранеше само 1 пешадиски корпус под команда на генералот Пјотр Витгенштејн. Тој имаше само 18 илјади војници и 84 орудија. На Петербург му се закануваше потенцијално не само 2 корпус на Удино (околу 30 илјади војници), ами и 10 корпус на маршалот Мекдоналд кој одеше кон Рига (исто така 30 илјади војници).
Генерал Пјотр Витгенштејн
ЕрмитажГенералот Витгенштејн, кој тогаш имаше 43 години, веќе неколку пати се имаше борено против војската на Наполеон. Тој знаеше дека неговиот корпус нема да издржи доколку Удино и Мекдоналд ги обединат силите и одлучи прв да го нападен маршал Удино, кој со својата војска го зазеде селото Кљастици, северно од градот Полоцк.
Витгенштејн на располагање не ја имаше само пешадијата, ами и хусарските и козачките полкови, кои на Французите им втеруваа страв во коските со својата смелост и дрскост. Под првите жестоки напади на Русите положбите на корпусот на Удино во селото Кљастици, Французите се повлекоа преку реката Нишче и го запалија единствениот мост преку кој минаа. Но, Павловскиот гренадирски полк без одлагање ја мина реката преку запалениот мост и тргна во напад со бајонети. По него следуваа другите пешадиски единици, додека руската коњица ја прегази реката на коњи. Самиот генерал Витгенштејн за време на битката за Кљастици беше ранет во образот. Французите беа запрепастени со овој напад и се повлекоа уште појужно, преку Западна Двина.
Битката кај селото Кљастици беше првата голема – и јуначка – победа на руската армија во војната од 1812 година. Во неа Русите изгубија над 4.000 војници, но притоа апсолутно го деморализираа надмоќниот непријател. Царот Александар го нарече Витгенштејн спасител на Петербург и му врачи Орден на свети Георгиј од втор ред.
По битката кај Кљастици, корпусот на генералот Витгенштејн победи во уште два судира со надмоќните француски сили. На помош на војската на Удино беше упатен корпусот на маршал Сен Сир, но Витгенштејн и корпусот на генерал Штејнгељ од 12 илјади војници, кои му дојдоа на помош, во двете битки кај Полоцк ги разбија веќе обединетите француски сили. Тоа се случи на 18-19 октомври 1812 година, во исто време додека остатоците од Големата армија под лична команда на Бонапарта го започна своето срамно повлекување од Москва.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче