Во триесеттите години на минатиот век Советскиот Сојуз направи неколку најтешки и најмоќни тенкови на светот на кои беа поставени по пет орудија со голем калибар, а нивната тежина достигнуваше сто тони.
„Тие беа проектирани како еден вид копнени крстосувачи за пробивање на непријателската одбрана. Беа наменети за уништување на непријателските утврдувања и за отворање пат за офанзива на средните и лесните тенкови со орудија со помал калибар“, вели Сергеј Суворов, ветеран на тенковските трупи, полковник во резерва.
Т-28
Михаил Филимонов/SputnikОсвен со тежината, супертешките тенкови се разликуваа од другите тенкови и по дебелината на оклопот кој достигнуваше 170 мм и орудието што можеше со еден удар да го разнесе секое утврдување од тоа време.
Кон крајот на 1930-тите во советската армија имаше неколку модели на супертешките тенкови Т-28 и Т-35. Тие се разликуваа од сите други возила по бројот на куполите и орудијата. На тенкот Т-28 беа поставени две тенковски куполи, а на Т-35 една, но со пет орудија.
Т-35
Јавен доменСе работеше и на тенковите КВ-5 со топ со калибар 107 мм и СМК со три орудија, но нивните разработки останаа на хартија, бидејќи почна Втората светска војна, така што веќе немаше можност за нивна доработка.
„Сите споменати возила се направени за да се сврти текот на војната. Но, за време на борбените дејствија 1941 година, Т-28 и Т-35 се покажаа како премногу тешки и „каприциозни“. Голем број од тие тенкови беа напуштени директно на бојното поле, бидејќи се заглавуваа на мочурлив терен и во кал и не беа способни да совладаат тежок терен“, истакнува ветеранот на тенковските трупи.
„Т-35 беше премногу гломазен и тежок. Механиката тешко се носеше со сто тона тешкото возило и на секои неколку десетици километри требаше да се проверува да не дошло до дефект. Замислете дека по поминати дваесет километри со возилото морате да излезете од тенкот и да проверите дали е сé во ред“, вели Суворов.
Според него, освен механиката, самата конструкција на Т-35 била несигурна и трзајот од стрелбата од орудието со голем калибар лесно можел да го оштети тенкот.
И сето тоа во мирнодопски услови. А кога започна војната и тенковите мораа да ги издржат германските гранати и да минуваат канали со бариери, едноставно се распаѓале. Затоа Т-35 ги напуштаа директно на бојното поле. И тогаш нивното производство беше откажано бидејќи не беа одржливи, вели експертот.
Советскиот Сојуз не беше пионер во создавањето на супертешки тенкови со повеќе орудија. Тоа беа Французите и Англичаните, а Советскиот Сојуз ја бркаше технологијата во странство. Дури испрати свои инструктори во Англија за да ја купат документацијата за „британските чудовишта“.
„Во дваесеттите години на минатиот век купивме еден вид мали тенкови, лесни борбени возила, кои станаа прототип за тенкот Т-27. Во текот на преговорите и трансакциите нашите го искомплицираа договорот и внесоа одредба според која Англичаните требаа да ги испорачаат технологиите на тенкот со повеќе куполи Independent заедно со други возила. Британците не веруваа дека успеале да ги надмудрат. Најверојатно дека во договорот требало да се прочитаат одредбите напишани со ситни букви. Подоцна, англискиот тенк стана прототип за Т-35“, изјави Дмитриј Литовкин, главен уредник на весникот „Независимое военое обозрение“.
Во првите 30 години од формирањето на тенковските трупи Москва многу експериментираше со различни конструкции на возила и создаде голем број уникатни примероци. Преку овој линк можете да дознаете како еволуираа тенковите во Русија, и како таа од заостаната сила стана лидер во производството на тенкови со уникатниот тенк од четвртата генерација во светот - Т-14 „Армата“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче