Како Германците се обидувале да се спасат во Сталинград

Mondadori/Sputnik
Доколку германската операција „Зимска бура“ успееше, сите напори и жртви на советската војска која херојски го бранеше Сталинград ќе беа залудни.

Немачки Panzer IV, 1942-43.

„Снег леташе од гасениците. Бевме надвор од себе, и да имаше смисла ќе извикувавме 'ура'! Пукавме до крајната издржливост на митралезите, по сите цели што ни се укажуваа... Руската пешадија ќе се разбегаше на сите страни, мислејќи дека сме луди“, сведочеше обер лајтнантот Хорст Шајберт за почетокот на операцијата „Зимска бура“ чија цел беше деблокада на опколената Шеста армија на Фридрих Паулус.

Junkers-52, јануари 1943 година

Советската операција „Уран“ во која германската група која броеше 300 илјади војници на 23 ноември 1942 година се најде во „џеб“, го шокираше раководството на Третиот рајх. И покрај сè, Германците веруваа дека катастрофата може да се избегне. Во тоа ги охрабруваше позитивното искуство стекнато на почетокот истата година кога Вториот армиски корпус со сто илјади луѓе беше отсечен недалеку од Демјанск и се снабдуваше по пат на „воздушен мост“. По неколку месеци блокада тие успеаја да се извлечат од обрачот. Хитлер сметаше на среќниот исход и овој пат му нареди на Паулус да го држи Сталинград, добивајќи ги од воздух неопходните намирници и муниција. Тукушто формираната Група армии „Дон“ на фелдмаршалот Ерих фон Манштајн беше зајакната со дивизии кои беа префрлени од Северен Кавказ и од западна Европа, доби наредба да го пробие коридорот во градот.

Ерих фон Манштајн и Херман Хот

На опколената Шеста армија најблиската положба на германската војска (само 40 километри) ѝ се наоѓаше на подрачјето на реката Чир. Советската команда, претпоставувајќи дека токму тука ќе се направи обид за деблокада, на споменатата делница става посебен акцент и интензивно ја зајакнува. Манштејн тогаш го поместил правецот на својот главен удар појужно, во помалку заштитениот реон во близина на населбата Котељниково која од единиците на Паулус беше оддалечена повеќе од 120 километри. Германската армиска група Хот (името го има добиено по командантот генерал-полковникот Херман Хот) ненадејно во рамките на операцијата „Зимска бура“ ја нападна и ја победи далеку помалобројната 302 стрелачка дивизија на Црвената армија, молскавично напредувајќи во насока на Сталинград.

Советски тенкови во Сталинград, февруари 1943 година.

Советската команда, сфаќајќи ја грешката, испрати на подрачјето на борбени дејствија Втората гардиска армија на генерал-лајтнант Родион Малиновски. Пред таа да стаса постоечките советски единици го задржуваа непријателот. Тешки борби се водена на подрачјето на селото Верхнекумск каде советските единици им даваа отпор на Германците пет дена, добивајќи скапоцено време. Четвртиот механизиран корпус кој особено се истакна веќе на 18 декември го доби името „гардиски“.

„Тенковите отворија урагански оган, хитлеровската пешадија штекаше од автоматите, борбата се водеше во целата длабочина на нашата одбрана“, сведочеше началникот на политичкото одделение на Дваесеттата посебна противтенковска артилериска бригада Владимир Бубнов за борбите на подрачјето на соседното село Громославка. Војниците со противтенковски пушки се бореа до последен куршум, до последна граната. Уништуваа тенкови, непријателски оклопни возила, удираа по непријателската пешадија. Но непријателот напаѓаше, неговите тенкови и оклопни возила доаѓаа до рововите на советските борци и ги „пеглаа“.

Меѓутоа, штом тенкот ќе минеше преку рововите на советските војници, водници и офицери стануваа и отвораа оган на оклопните возила. Германската војска имаше големи загуби, напредувајќи со мака. „Од нашата фалена непредвидливост немаше ниту трага“, велеше командирот на Седумнаесеттата тенковска дивизија на генерал-мајорот Фридо фон Зенгер унд Етерлин.

Фридрих Паулус (лево)

Меѓутоа штабовите на Мајнштајн и Паулус почнаа интензивни преговори за неопходноста од операцијата „Удар на громот“, пробив на Шестата армија во пресрет на армиската група „Хот“. Командантот на опколените единици, меѓутоа, всушност не издаде наредба. Главната причина беа исклучително малите резерви гориво, доволни за неговите стотина тенкови да минат триесет километри, при што до единиците на Манштајн имаше речиси педесет километри. Генералот стравуваше дека бавната маса војници која останата без оклопната тупаница на Црвената армија во ледената степа едноставно ќе се претвори во прав и пепел.

„Таа мораше да излезе во пресрет на Четвртата тенковска армија, водејќи борби на сите четири страни, образувајќи нешто како каре (формации во облик на четириаголник)“, размислуваше во своите мемоари „Изгубените победи“ Ерих фон Манштајн. „Притоа постојано ѝ се закануваше опасност нејзиното напредување на југозапад да биде запрено или непријателот да го разбие нејзиниот ариергард и страничната заштита. А, оваа задача ќе мораа да ја реализираат единиците кои беа исцрпени поради недостатокот од храна и чија мобилност беше речиси непостоечка. Меѓутоа, надежта за враќање на слободата, за спас од смртта или од заборавот ѝ даваа на војската сила, со што невозможното стана возможно!“

Германската надеж за спасување на опколените групи дефинитивно ја разби советската операција „Малиот Стаурн“ која започна на 16 декември. И додека јужно од Сталинград советските војници го запираа налетот на тенковите на Хот, северозападно од градот на подрачјето на свиокот на Дон нивните соборци се бореа со италијанските и со романските дивизии, пробивајќи го непријателскиот фронт во длабочина од 340 километри и доаѓајќи во заднината на самата група армии „Дон“. Германците почнаа да се повлекуваат од гонењето на Втората гардиска армија на Малиновски која премина во контранапад на 24 декември.

Германски заробеници, учесници во Сталинградската битка

„Во единиците со нетрпение се очекуваа охрабрувачки вести“, се сеќаваше офицерот на извидувачкиот оддел на Шестата армија на Јоахим Видер. Првата борбена линија се држеше на последните атоми од силата, цврсто верувајќи дека Хитлер наспроти Божиќ ќе го исполни ветувањето и дека ќе помогне. Реченицата „Манштајн доаѓа“ беше на сите усни. Но, токму тие денови, кога наголемо се очекуваше, се веруваше и се надеваше, офанзивните единици кои имаа задача да ја ослободат опколената Шеста армија беа запрени, а потоа беа потиснати од страна на руската војска без да ја остварат својата цел“.

Сталинград, 31 јануари 1943 година.

Откако ја преживеа „Зимската бура“ и не го слушна „Ударот на громот“, советската команда мирно се врати на изработка на германската офанзива на прекинатиот план за операцијата за разделување и за дефинитивно уништување на групата на Паулус кој успешно беше реализиран на почетокот од 1943 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња