10 советски друштвени игри кои ВЕДНАШ ќе посакате да ги играте

Алексей/Avito.ru, А.А/Avito.ru

Морзеова азбука

Оваа игра беше корисна во смисла дека имаше суптилна цел уште од рана возраст да ги воспита професионалните криптографи. Играта ги воведуваше советските деца во светот на радио-комуникациите и шифрирањето.

Борбен брод

Оваа игра во никој случај не е специфичен советски изум. Во својата најпримитивна форма со молив и хартија настана долго пред појавата на електрониката во светот на игрите. Кога се појави играта со конзола, таа брзо го освои Советскиот Сојуз. Електронската верзија на „Борбениот брод“ имаше вградени светлосни и звучни ефекти.

Менаџер

Во 1988 година Советите го клонираа класичниот „Монопол“ и го претворија во друштвена игра со социјалистичка нијанса, иако таа остана подеднакво натпреварувачка како и оригиналот, бидејќи основните принципи останаа непроменети.

Зад воланот

Долго пред светот да слушне за Need for Speed, советските деца се тркаа на свој начин. Овој симулатор на возење користеше ротирачки дискови и волан за да создаде илузија на возење.

Флипер

Вака изгледаше советската верзија на класичниот флипер. Основниот принцип остана ист, но визуелниот стил беше целосно променет. Во овој пример цртежите се инспирирани од руската народна приказна „Лепче“.

Рубикова змија

Сите ја знаеме познатата Рубикова коцка која го освои светот. Сепак, нејзината сестра-близначка по име Рубикова змија беше исто толку популарна меѓу советските деца како и оригиналот. Играчот требаше да извртува различни делови од целината и на тој начин да создаде различни форми и фигури.

Кула

Ова е повторно нешто слично на Рубиковата змија. Играта се состои од кула во вод на валјак со нивоа кои слободно се вртат и се полни со топчиња во различни бои. Играчот треба со раце да ги врти нивоата и да користи едно празно место за да ги нареди топчињата вертикално по боја.

Лавиринт

Оваа игра има различни форми и изглед. Целта на играта беше да се донесе топката во центарот на лавиринтот. Игрите од овој вид имаа повеќе топки и беше потребна голема вештина и трпение за да се решат.

Фудбалче

Оваа игра се состоеше од табла што го претставуваше теренот, а секоја фигура на него беше прицврстена со еластична пружина. За да ја удрат топката играчите мораа да ја затегнат пружината и да ја пуштат, насочувајќи ја топката кон голот на противничката екипа. Поради недостиг на заштитна мрежа, таа често испаѓаше од таблата.

Кошарка

Оваа друштвена игра немаше фигури. Наместо тоа, имаше терен со два коша заштитен со пластичен покрив. Играчите ги притискаа копчињата од секоја страна за да ја уфрлат топката со помош на вградениот механизам.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња