Кога се нашол пред членовите на државната комисија по својот легендарен лет, Јуриј Гагарин, првиот човек во вселената, не заборавил да објасни еден важен детаљ: „Таму во моментот на славењето неколку пати се фотографирав. Дотогаш веќе го имав слечено скафандерот. На себе имав само сина термооблека, и не се фотографирав во портокалово-сивиот скафандер и со шлемот“.
Навистина, на сите фотографии направени по слетувањето, космонаутот е во топла јакна која потсетува на „ватник“ (топла ватирана облека каква што носеле затворениците во советските логори). Всушност станува збор за термокосимот В-3 што Гагарин го носел под скафандерот. А, скафандерот никаде не се гледа.
Но, зошто било потребно да се крие вселенскиот костим?
Судирот што избил околу скафандерот за првиот лет на човекот во вселената не бил наивен. За првпат човек лета во вселената – во што треба да биде облечен за едно вакво опасно патување?
Сега сето тоа звучи бесмислено, но во тоа време дел од стручњаците сериозно тврделе дека Јуриј Гагарин може да лета во таа термооблека. Таа била предвидена за спасување на космонаутот по слетувањето и да го штити од хипотермија; доколку дојде до дехерметизација на бродот во вселената таа е бескорисна. Сепак, космонаутот сакале да го испратат во вселената без скафандер.
Оваа варијанта била разгледувана зашто конструкторите на вселенскиот брод „Восток“ во февруари 1960 година сфатиле дека имаат сериозни проблеми со вишокот маса и дека мораат да штедат на опрема. Притоа давале оптимистички прогнози: веројатноста за дехерметизација на кабината е минимална и затоа скафандер не е потребен, тој само додава дополнителен товар.
Расправата за тоа дали на космонаутот му е потребен скафандер траела повеќе месеци, а ја затворил таткото на советската космонаутика Сергеј Корољов. Тој изјавил дека е подготвен „да се откаже од 500 килограми техничка опрема, но дека скафандерот со системот за одржување на животните функции мора да биде подготвен до крајот на годината“.
Така останале речиси 8 месеци до планираниот лет и за тоа време требало да се направи првиот скафандер во историјата: Гагариновиот „СК-1“.
Било одлучено да се тргне по покусиот пат и за прототип е земен скафандерот „Воркута“ за пилотите на ловците Су-9, кај кој од суштинска важност била регулацијата на притисокот и дотокот на кислород. „Ск-1“ бил „мек“ скафандер од два слоја ткаенина. Едниот слој бил од лавсан или полиетилен терефталат, односно од термопластика. Во тој момент тоа бил сосема нов материјал, направен во Лабораторијата за високомолекуларни соединанија на Академијата на науките во 1949 година. Од лавсан е направен отпорен слој за скафандерот (денес тој се користи, на пример, за производство на пластични шишиња).
Вториот, таканаречен херметички слој, бил направен од гума. А, надворешниот слој што сите го видоа беше портокалова водоотпорна навлака. Беше направена во портокалова боја за да го олесни пронаоѓањето на космонаутот во случај тој да се катапултира од кабината и да се спушти со падобран.
Шлемот не можеше да се тргне и на него беа приклучени мерачите на притисок. Во случај на пад на притисокот, шлемот автоматски треба да се затвори, а цревото кое се наоѓа во внатрешниот дел од костумот внесуваше воздух од кабината требаше да се прекине. Дотокот на воздух во тој случај доаѓа од боцата со кислород. Секако, во овој скафандер не можете да излезете во отворен космос, но космонаутот можел независно од бродот во него да издржи 5 часа во кабината. Освен тоа, во првиот скафандер дури бил предвиден и асенизанионски уред, така што не мора да се слекува за вршење нужда.
„СК-1“ бил сошиен строго по мерките на првиот одред космонаути, односно не бил универзален. Заедно со шлемот тежел 20 килограми. Лицето не можело самостојно да го облече, му била потребна помош од други. Постоело строго упатство како се прави тоа, по кој редослед се вовлекуваат нозете, рацете итн. Но, затоа оној што го носи, можел сам да го слече.
Гагарин всушност носел неколку слоеви облека: долна облека, термооблека, слој од лавсан, слој од гума и, на крајот, портокаловата навлака. Но, зошто не смеел да се фотографира така?
Станувало збор за посебна тајност на скафандерот. Тој со право се сметал за генијален советски изум. Материјалите и целата негова конструкција во услови на вселенска трка, биле државна тајна. Надворешната дречливо портокалова навлака, меѓу другото, требала да го скрие она што се наоѓа под неа.
На Јуриј Гагарин, покрај сите останати упатства , му било наредено по слетувањето, без оглед каде ќе биде тоа, да преземе мерки да го зачува скафандерот или да го уништи. А, за таа цел покрај Гагарин бил поставен еден инженер кој работел на скафандерот, а кој се викал Ото Михрабанович Бахрамов. На 12 април 1961 година тој имал специјална мисија за која знаеле само неколкумина.
Во реонот на слетувањето Бахрамов требало од Гагарин или од раководителот на спасувачката група да го преземе скафандерот. Тој ден инженерите со тајна мисија е фатен на неколку аматерски снимки. Крупниот човек со шешир во кожна јакна на луѓето им изгледаше како телохранител на космонаутот и соработник на државната безбедност со задача да го чува националниот херој. Но, излегува дека вистината е поинаква. Бахрамов дошол само да го преземе скафандерот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче