07/05/2000
Reuters„Погледнете што беше во средината на 90-тите до почетокот на 2000-тите. На почетокот на 2000-тите исчистив сè од таму, но во средината на 90-тите, како советници, официјални вработени во владата на Руската Федерација имаше, како што подоцна се поикажа, соработници на Централна разузнавачка агенција на САД“, рече Путин на заседанието на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права.
„Подоцна тие беа кривично гонети во САД, бидејќи како соработници на ЦИА кои биле ангажирани кај нас ги прекршиле американските закони учествувајќи во приватизацијата“, истакна рускиот претседател. Според него, тоа е само еден пример за обид за мешање во прашањата на Русија. „Всушност ги има многу повеќе“, рече Путин.
Според него, „по таа линија сé беше под отворена контрола на одредени земји“. „Во нашите капацитети за производство на нуклеарно оружје имаше американски стручњаци, кои доаѓаа таму на работа од утро до вечер, имаа своја маса и американско знаме. Таму живееја и работеа. Не им требаа суптилни инструменти за мешање во нашиот политички живот, бидејќи и онака контролираа сé“, убеден е шефот на руската држава.
Тој додаде дека „се разбира, ситуацијата се промени, земјата стана поинаква, стана посамостојна, посуверена, зголемени се можностите на вооружените сили и односот кон Русија почна да се менува“.
Путин рече дека е потребно потсетување „како се менуваше односот кон првиот претседател на Русија, Борис Николаевич [Елцин]. Сé беше добро, сите со задоволство го тапкаа по рамо. Доволно му беше да го крене гласот во одбрана на Југославија и против противправните дејствија - а знаеме дека тука се работеше за апсолутно противправни дејствија кои го кршат меѓународното право што се однесува до Југославија, кога се бомбардира без никаква дозвола на Советот за безбедност на ОН, тоа е грубо прекршување на меѓународното право - доволно беше Борис Николаевич Елцин да застане во заштита на меѓународното право и правото на народите на Југославија да се однесуваат цивилизирано кон нив и веднаш се промени односот кон Русија, како и односот кон него лично“, заклучи Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче