Во недела на 7 декември 1941 година жителите на САД доживеаја голем шок кога јапонската авијација ненадејно изврши моќен напад на Пацифичката флота која беше стационирана на воено-поморската база Перл Харбор во Хавајскиот архипелаг. Во нападот беше потопен или оштетен 21 брод, уништени беа 188 авиони и загинаа речиси 2.400 американски морнари, пилоти и цивили.
Американскиот воен брод „УСС Ариозна“ гори по експлозијата во магацинот за муниција брз кој падна јапонска бомба.
Public domainАвторот на планот на овој разорен напад беше адмиралот Исороку Јамамото. Ова за него не беше првпат да нанесе болен удар на голема сила. Триесет и пет години претходно тој придонесе за најстрашниот пораз на море што Руската Империја го има доживеано во својата историја.
По периодот на затвореност и на изолација од целиот свет, Јапонија на почетокот од 20 век стана модернизирана и добровооружена сила, и како таква да доведе во прашање доминацијата на Русија на Далечниот Исток со намера да ги разниша нејзините позиции во Кореја и во североисточна Кина. Светската јавност беше изненадена од настаните во руско-јапонската војна (1904-1905), кога царската армија не можеше да однесе ниту една значајна победа, а руската морнарица постојано трпеше порази.
Исороку Јамамото во 1905 година, пред почетокот на руско-јапонската војна.
Public domainВо ноември 1904 година, во самиот ек на конфликтот, 20-годишниот Исороку Јамамото (кој тогаш се презиваше Такано) ја заврши воената академија на Императорската флота на Јапонија и со звање вршител на должноста потпоручник стапи на служба на помошниот брод „Карасаки“. Меѓутоа, веќе во јануари 1905 година беше префрлен на оклопниот крстосувач „Ниссин“, каде заедно со останатите членови на екипажот на 27 и на 28 мај истата година зеде учество во битката кај Цушима, судир кој ќе стане една од најмрачните страници во историјата на руската флота.
Откако изгуби само три торпилери, Јапонците целосно ја поразија руската ескадра која во Тихиот океан пристигна од Балтичкото море. Во борбата беа уништени над дваесет руски бродови, со тоа што некои од нив ги крена во воздух сопствениот екипаж по фаталните оштетувања. Седум бродови истакнаа бело знаме. Загинаа околу 5.000 руски морнари, а 7.000 беа заробени.
Јапонскиот оклопен крстосувач „Ниссин“
Public domain„Ниссин“ во борбата 11 пати беше погоден и му беше урнат командниот мост. Еден голем проектил ја погоди артилериската кула, а од шрапнелите кои влетаа во отворите за набљудување на борбената кула ранет беше вицеадмиралот Мису Сотаро. Тој беше единствениот јапонски адмирал кој беше повреден во битката кај Цушима.
Фотографија на оштетениот јапонски борбен брод „Ниссин“ по експлозијата на еден од неговите топови за време на битката кај Цушима во мај 1905 година. Во експлозијата беше погоден идниот адмирал Исороку Јамамото.
Public domainЈамамото исто така настрадал. „Еден проектил со неподнослив татнеж удри во топот со калибар од 203 милиметри, а тоа беше единствениот што ни остана“, се сеќава тој. „Отровниот чад го обви носот, а мене за малку не ме однесе ударниот бран од силната експлозија. Успеав да направам неколку чекори, а потоа забележав дека два прста од левата рака ми се откинати и дека висат само на кожа“. Покрај тоа, еден млад офицер беше ранет во левиот колк.
Рускиот заштитен крстосувач „Олег“. Оштетувања по борбените дејствија во битката кај Цушима.
Collection of Peter H. Proctor (CC BY-SA 2.5)Британските набљудувачи кои беа на бродот подоцна тврдеа дека причина за експлозијата на оружјето на „Ниссин“ не бил прецизниот непријателски оган, ами пречувствителниот детонатор на јапонскиот проектил кој се наоѓал во топот.
Исороку имал неверојатна среќа. Доколку покрај средниот прст и показалецот изгубел уште еден прст, веднаш би бил отстранет од редовите на вооружените сили.
Вака, и без два прста направи успешна кариера во морнарицата, а руско-јапонската војна му послужи како добра школа и воедно како херојска страница во неговата биографија. „Како што може и да се очекува од човек кој бил во војна и дошол во допир со смртта, него е тешко да го заплашиш“, вака јапонскиот печат пишуваше за адмиралот во текот на триесеттите години од минатиот век.
Адмиралот Исороку Јамамото, на плански состанок на Јапонската царска флота на борбениот брод „Нагато“, 1940 година, кога беше главен командант на Обединетата флота.
Public domainИсороку Јамамото на 30 август 1939 година стана командант на Обединетата флота, односно на главните сили на Императорската флота кои дејствуваа во голем радиус. По Перл Харбор сè до битката за Мидвеј во јуни 1942 година, воената морнарица на Јапонија под негово раководство беше практично непобедлива.
Исороку Јамамото учествуваше во војната против Руската Империја, но не му беше судено во август 1945 година да ги одмери силите со советската Тихоокеанска флота. Две години пред почетокот на советско-јапонската војна Американците успешно ја изведоа операцијата „Одмазда“ и го отстранија адмиралот. Тие ги фатија и ги дешифрираа јапонските радиосигнали од кои дознаа за целта на патеката на летото на Јамамото по Соломонските острови. Така неговиот авион на 18 април 1943 година падна во заседа на група американски ловци и Јамамото беше ликвидиран.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче