Во рани зори на 5 ноември 1952 година жителите на Северо-Куриљск ги разбуди силен земјотрес. Тоа се случи во 3 часот и 58 минути.
Разорно цунами на островот Парамушир, 1952 година.
Институт за океанологија „П.П. Ширшов“, Руска академија на наукитеЅидовите на зградите пукаа на средината и се нишаа, малтерот паѓаше, се тресеа лустерите, а на земја паѓаа книги, фотографии и садови. Изненадени на спиење, луѓето исплашено скокаа од своите кревети и трчаа на улица. Дали станува збор за ерупција? Тоа можеше да се очекува на островот Парамушир во Тихиот океан, каде се наоѓа Северо-Куриљск, и каде постојат 23 вулкани, од кои пет се третираат како активни. Најблискиот вулкан, Ебеко, е оддалечен само 7 километри и постојано го свртува вниманието кон себе со исфрлање вулкански гас.
Но, тоа утро вулканите спиеја. Не стануваше збор за ерупција. До уништувањето на градот останаа само околу 40 минути.
Разорно цунами на островот Парамушир, 1952 година.
Институт за океанологија „П.П. Ширшов“, Руска академија на наукитеТоа беше моќен земјотрес во Тихиот океан со јачина од 8.3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓаше на 200 километри од брегот, под океанското дно, на длабочина од 30 километри. Потресите траеја уште половина час и за тоа време разорната моќ на земјотресот зафати 700 километри од брегот: од полуостровот Кронцки до северните Курилски острови.
Слика на Landsat 7 на Курилските острви Парамушир, Атласов и Шумшу, во резолуција од 28,5 метри. (Шумшу е главно прекриен со облаци).
NASAШтетата беше забележлива, но не катастрофална. Никој не настрада. Подоцна П.М. Дерјабин, началник на северокуриљското одделение на милицијата, во извештајот за овој настан ќе напише: „На патот кон станицата на милицијата забележав пукнатини во земјата кои беа широки меѓу 5 и 20 сантиметри. Кога стасав видов дека зградата на станицата е преполовена и дека печките се урнати“.
Во тој момент повеќе немаше забележливи потреси, „времето беше мошне мирно“. Наскоро, меѓутоа, тишината ја прекина силна бучава и тресок од правец на морето, а станицата на милицијата беше оддалечена 150 метри од брегот. <...> На сите им наредив да отворат оган од личното оружје и да викаат: Доаѓа водата„ и воедно да се повлечат кон возвишенијата, напишаподоцна Дерјабин.
Тогаш сите не слушнаа добро дека станува збор за вода. На некои луѓе наместо „вода“ им се слушна дека викаат „војна“, а кога бранот го удри врз островот помислија дека тоа е напад. Луѓето бегаа како знаеја и умееја. Бранот беше толку висок, нешто повисок од еден метар. Првиот бран заплисна и ги урна зградите кои беа најблизу до морето. По 10-15 минути водата почна да се повлекува и многумина тргнаа кон своите станови за да ги соберат стварите кои им беа останале. Тоа беше фатална грешка.
Океанот најпрво се повлече, а потоа на градот се здаде второ цунами, а овој пат тоа беше разорен бран висок 10 метри. Без да наиде на поголеми препреки во вториот налет (зашто првиот бран веќе ги беше однел), водата со огромна брзина го прождра островот.
Покрај Северо-Куриљск тоа утро високиот бран го прекри и заливот Мусељ на островот Онекотан (9.5-10 метри) и заливите Пираткова (10-15 метри) и Ољга (10-13 метри) на Камчатка. Северо-Куриљск беше главната жртва на цунамито. За неколку минути беше урнат град со 6.000 жители.
Потоа наиде третиот бран. Тој беше послаб од вториот, но го доврши разорувањето и во морето однесе сè што имаше на брегот.
„Цели 20-30 минути (додека речиси истовремено наидуваа мошне моќни бранови) во градот се слушаше ужасна бучава од вода која ги урива зградите пред себе. Ги урна како кутија кибрит и ги носеше во морето“, се сеќава началникот на милицијата.
Подоцна Б.И. Пијп, началник на Камчатската вулканолошка станица на Академијата на науките на СССР, во својот дневник ќе напише: „Не беше разорен само мал дел од градот кој се наоѓаше на карпа и не беа уништени електраните и радиостаниците. Радиостаницата непрекинато даваше сигнал СОС, но некако невешто, така што Петропавловск не сфати ништо“. Во Советскиот Сојуз тогаш уште не постоеше служба за предупредување за цунами.
По катастрофата Пијп замина во обиколка на брегот и ја измери висината на цунамито за потребите на специјалната комисија. На различни места имаше слушнато приказни за трагични случаи. „На пример, двајца морнари од 5 до 17 часот биле во вода во гаќи и маица и се држеле за остатоци од зграда. Кога ги спасиле, еден од нив паднал мртов штом излегол на брегот, а другиот преживеал. <...> Морето уште долго исфрлаше трупови на брегот“.
Од авионот кој рано утрото стаса во Парамушир се гледаше дека Северо-Куриљск е срамнет со земја и дека целиот залив е полн со урнатини од згради, со штици и буриња за кои се држеа луѓе. Веднаш беше започната евакуација на граничарите и на воените единици кои беа поставени во градот со фактот што на трагедијата во Северо-Куриљск веднаш беше ставен печат на државна тајна.
„Правда“ (весникот на Централниот комитет на КПССС) не напиша ниту еден збор за трагедијата на рускиот Далечен исток. Тоа не го направи ниту следниот ден, ни ден потоа. Весникот „Известија“ исто така молчеше. Регионалниот весник „Камчатскаја правда“ не излезе на 8, 9 и на 10 ноември зашто на уредништвото му беше јасно дека читателите со свои очи ги имаа видено последиците од разорувањето. Излезе дури на 11 ноември и ја соопшти следнава вест: „Советскиот народ со огромен елан и воодушевување ја прослави 35-годишнината од Големата октомвриска социјалистичка револуција“.
Северо-Куриљск, 1953 година
Од личната архива на П.И. АржанцевОд податоците за трагедијата беше делумно тргнат печатот на државна тајна дури на почетокот на овој век, кога беше отворен пристапот до военопоморските архиви (со тоа што Министерството за одбрана сè уште ги држи документите во тајност). Според податоците од овој архивски материјал на Северните Курили во катастрофата загинале вкупно 2.336 луѓе. Меѓутоа, историчарите сметаат дека на 5 ноември 1952 година цунамито однело најмалку 8.000 животи и дека од нив 2.000 биле деца од претшколска и од школска возраст, а дека во статистичките извештаи се земени предвид само цивилите, и тоа оние чии тела се пронајдени и идентификувани.
Новиот Северо-Куриљск изграден на карпи, 1954 година.
Семејна архива на Г.И. ДавидкинКатастрофата имаше еден важен резултат. Имено, во 1956 година во СССР беше основана сеизмолошка и метеоролошка служба која, меѓу другото, имаше задача благовремено да детектира земјотреси во океанот и да предупредува за цунами.
Кога станува збор за самиот Северо-Куриљск тој по цунамито имаше тежок период. Многу негови жители кои беа евакуирани решија повеќе никогаш да не се вратат со оглед на тоа што комбинатите за преработка на риба, каде работеа најголем број жители од овој град, беа оштетени и по катастрофата беа затворени. Во голема мера беше намален и воениот контингент. Ситуацијата се влоши и во тоа смисла што во 1961 година во крајбрежните води престана миграцијата на харингата, и тоа беше уште посилен удар за главното занимање на жителите на Северо-Куриљск.
Главната улица во Северо-Куриљск, градот на островот Парамушир, Курилски острови, Тихи океан северно од Јапонија.
Victor Morozov (CC BY-SA 2.5)По цунамито градот повторно почна да се гради, но на возвишенијата. Нови згради се подигаа на природна морска тераса која е издигната 20 метри над нивото на морето. Навистина, нити ова место не е идеално зашто Северо-Куриљск се наоѓа на патот на каллив тек кој настанува поради ерупција на вулканот Ебеко. Денес во овој град живее 2.691 жител, и тоа е единствената населба на целиот остров.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче