Како најдобриот советски противтенкист во Втората светска војна уништи 15 германски тенкови

Противтенковска пушка „Дегтјарев“

Противтенковска пушка „Дегтјарев“

Аркадий Шайхет/russiainphoto.ru
Борбата во која се истакна 35-годишниот бравар од Перм беше првата во неговата воена биографија.

Црвеноармеецот Фјодор Старчев, кој уништи 15 германски тенкови на 26 октомври 1943 година, го доби звањето Херој на Советскиот Сојуз и беше одликуван со Орденот на Ленин и со медал „Златна ѕвезда“. Сепак, најуспешниот танкер во Црвената армија не дочека да ги прими високите признанија. Беше убиен во борба.

Инаку, борбата во која се истакна 35-годишниот бравар од Перм беше првата во неговата воена биографија. Фјодор Григорјевич беше повикан во Црвената армија на 25 септември 1942 година. По завршувањето на обуката беше пријавен како помошник-нишанџија на противтенковска пушка на 58-та моторизирана стрелечка бригада на Југозападниот фронт.

Противтенковските пушки ПТРД и ПТРС со калибар 14,5 мм можеа со сигурност да уништуваат лесни германски тенкови, а за да се онеспосбат помоќните Pz-III и Pz-IV, требаше да се гаѓа во задниот или страничниот дел. За најдобри резултати, советските противтенкисти мораа да отвораат оган на растојание од само 150 до 200 метри од непријателските оклопни возила.

Легендарната битка се случи на 12 јануари 1943 година, во близина на селата Дјадин и Поцелуев во Ростовската област, кога германската група Холит вклучи во контранапад 20 тенкови. Меѓутоа, германските тенкисти напредуваа без извидување на теренот. Сепак, степата е преполна со стрмни долови кои беа покриени со снег и станаа „волчји јами“ за овие тенкови.

Старцев во послугата на ПТР имаше задача да доставува куршуми и да го носи сандакот со муниција. Но, бидејќи водникот Еегоров беше ранет ден претходно, војникот Старцев остана сам со пушката. Тоа беше првата борба во неговиот живот. Старцев веднаш ја процени ситуацијата и го најде единствениот правилен излез. Виде дека на патот на германските тенкови има тесен дол со стрмни страни. Забележувајќи го долот, тенковите забавија и почнаа да се вртат и да бараат безбеден премин, пишува во својот труд историчарката Наталија Зајцева.

Противтенковска пушка „Дегтјарев“ ПТРД калибар 14,5 мм, 1941 или 1942 година.

Маневрирајќи, тенковите ги изложија бочната и задната страна на ПТР,  а советски противтенкист успеа да погоди четири возила. Германските тенкисти се обидоа да ги извлечат тенковите и изгубија уште три возила. После тоа Фјодор Старцев ја смени позицијата и се спушти на другата страна на долот која го штитеше од непријателскиот оган. Менувајќи ја позицијата, тој успеа да уништи уште четири оклопни возила, а набрзо на црвеноармејците армија им се придружија тенкови од Вториот тенковски корпус.

Неколку дена подоцна, на 17 јануари, Фјодор Старцев уништи три германски тенка. Четвртиот, кој веќе се запали, налета на него со молскавична брзина. Храбриот противтенкист е погребан во заедничката гробница во малото село Поцелуев во Ростовската област. Со уништени 15 тенкови, тој стана најдобриот советски противтенкист во Втората светска војна.

Треба да се каже дека во битката во населбата Гизели (предградие на Владикавказ), помладиот водник Дмитриј Остапенко уништи 13, а неговиот брат Иван 8 тенкови. Подвигот на двајцата браќа се споменува и во извештајот на Совинформбиро. Дмитриј Остапенко за покажаната храброст го доби звањето Херој на Советскиот Сојуз, а неговиот брат Орденот на Ленин.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња