Тоа беше нешто нечуено во руската армија. Имено, на 22 ноември 1917 година за првпат на нејзино чело се најде човек кој не е ниту император, ниту генерал, ами обичен помлад офицер, и тоа заставник.
Владимир Ленин го именуваше Николај Василевич Криленко за врховен командант не со цел тој да ја доведе Русија до победа во Првата светска војна, но напротив, за побрзо да ја извлече од тој конфликт.
Николај Василевич Криленко (партиски прекар – Абрам, 1885-1938), советски државник и партиски функционер, и врховен командант на руската војска по Октомвриската револуција во 1917 година.
SputnikКриленко, всушност, никогаш не бил вистински војник, ниту се сметал себеси за таков. Тој имаше академско образование (имаше завршено филологија и право), а непосредно пред војната беше испратен на годишна воена служба во пешадискиот град Љублин. По завршувањето на обуката Николај Василевич доби чин заставник во резерва.
Неговиот животен повик, меѓутоа, беше револуционерната борба. Имаше 19 години кога во 1904 година им се придружи на болшевиците и оттогаш интензивно се занимаваше со пропаганда и со агитација, учествуваше на митинзи, издаваше и ширеше илегални весници, криејќи се од полицијата. „Професионален револуционер... извонреден правник... прекрасен публицист, талентиран говорник“, вака го опишува Николај Василевич Василиј Василев, еден од најблиските соборци на Ленин.
Првата светска воја беше во полн ек кога во 1915 година Криленко беше уапсен зашто избегнуваше мобилизација. Следната година, меѓутоа, беше пуштен од затвор и беше испратен на Југозападниот фронт како офицер за врска. Но, тој и таму продолжи да агитира и да ги повикува војниците да го остават оружјето и да престанат со војувањето,
Николај Криленко, 1918 година.
Public domainКолку повеќе Русија тонеше во револуционерниот хаос, Криленко го качуваа на сè повисока позиција. Армијата се распаѓаше со голема брзина. Кога во неа почнаа да се создаваат изборни политички организации, таканаречени војнички комитети, тој во нив секогаш беше меѓу првите. Николај Василевич активно учествуваше во болшевичкиот преврат, така што влезе и во првата советска влада, односно во Советот на народните комесари, каде беше одговорен за прашањата поврзани со армијата и со морнарицата.
Болшевиците добро знаеја дека можат да опстанат на власт само доколку ја извлечат Русија од Првата светска војна. Нивниот прв декрет е потпишан на 8 ноември 1917 година. Тоа беше Декрет за мир, кадешто им беше предложено на „сите завојувани народи и на нивните влади веднаш да започнат преговори за правичен демократски свет“, и овој договор требаше да се склопи без анексии и без воени отштети.
Николај Криленко, народен комесар за правда на СССР, 16 септември 1937 година.
Getty ImagesЗавојуваните сили го игнорираа декретот, но Ленин му нареди на врховниот командант, генерал Николај Духонин, да започне мировни преговори со непријателот. Тој, пак, ја одби наредбата и на 22 ноември беше сменет „поради непочитување на налозите на владата и однесување кое им носи нечуени незгоди на работните народи на сите земји, а особено на армиите“. Наместо него истиот ден за врховен командант беше поставен заставникот Криленко.
„Ова именување е врв на срамот што го доживеа руската армија“, напиша генералот Алексеј Будберг, кој подоцна стана еден од главните актери на Белото движење во Сибир: „Првата наредба на новиот врховен командант беше издадена преку радио, и во неа тој му заповеда 'на секој полк самостојно да склопи примирје на свој терен'. Во таа наредба се огледа целокупната воена, политичка и ментална ништожност на тој изрод на сегашната руска реалност. Тој немаше доволно мозок да сфати дека од онаа страна на фронтот е вистинската армија и дека оттаму нема да стаса дури ни одговор на ваквиот предлог“.
И покрај тоа, Криленко ја исполни задачата што ја беше добил. На почетокот на декември на фронтовите настапи релативно затишје, а во Брест-Литовск започнаа мировни преговори помеѓу советската делегација и претставник на Централните сили.
На 3 декември Николај Василевич стаса во Могиљов (на територијата на Белорусија), во штабот на врховниот командант, со цел да го уапси Духонин како „народен непријател“. Меѓутоа, генералот не го дочека судењето. И покрај протестот на самиот Криленко, куп разлутени морнари влегоа во вагонот кадешто се наоѓаше Духонин и го усмртија со бајонети. Изразот „да се испрати Духонин во штабот“ во времето на Граѓанската војна стана крилатица и значеше стрелање на лице место, без истрага и судење.
Политички процес во Москва. Главен обвинител – комесарот за правда Николај Криленко (краен од лево). Следната година Криленко „исчезна“, 1936 година, СССР.
Getty ImagesБрестскиот мировен договор, склучен на 3 март 1918 година, го означи излегувањето на Русија од Првата светска војна. Набргу потоа Криленко му се обрати на Ленин со молба да го ослободи од должноста врховен командант. Поранешниот заставник одлучи да се врати на својата основна професија правник и потоа стана еден од втемелувачите на советскиот правен систем.
Во годините на Граѓанската војна раководеше со вонредните судски органи, односно револуционерните трибунали, а подоцна беше државен тужител на големи политички судски процеси, беше на функциите јавен тужител на РСФСР (Советска Русија) и народен комесар (министер) за правда на СССР. Со непосредното учество на Криленко поставени се правните темели за масовните репресии кон крајот на триесеттите години од минатиот век, проширена е практиката на казнување од политички побуди, како и масовните апсења и гонења без судска одлука.
Николај Василевич воедно стана и „татко“ на спортскиот алпинизам во Советскиот Сојуз, и издејствува признавање на оваа дисциплина на државно нивно. Не само што организираше алпинистички експедиции на Памир, ами и самиот активно учествуваше во нив. „Планините се подли и опасни, но човек може да ги покори доколку не се повлекува пред тешкотиите... Потребен е постојан тренинг на умот, подвижност и храброст. Зарем тоа не е школа за идните воини, црвени командири?“, велеше Криленко.
Советскиот државник Николај Василевич Криленко, 1925 година.
TASSНиколај Криленко одигра важна улога и во популаризацијата на шахот во СССР. Беше на чело на националната асоцијација за шах и табла, и четиринаесет години уредуваше тематско спортско списание. Издејствува во Москва да се одржат неколку меѓународни турнири со учество на најдобрите шахисти на планетава.
Организаторите на масовните репресии во Советскиот Сојуз по правило и самите завршуваа на обвинителната клупа. Оваа судбина не го одмина ниту Николај Криленко. Во времето на „големиот терор“ во 1938 година е уапсен под обвинение дека припаѓа на антисоветска организација и набргу потоа беше стрелан. Постхумно е рехабилитиран во 1955 година зашто обвинението не беше засновано на факти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче