Подоцна текстот за овој уникатен лет во близина на островот Езел, како што наведува историчарот Јуриј Галперин, беше објавен во февруарскиот број на списанието „Ваздухоплавател“ за 1917 година.
Интересно е што руските авијатичари не ги ризикуваа своите животи поради нивната летечка суета, туку за да ги проверат тактичко-техничките карактеристики на авионот-амфибија на конструкторот Григорович и да вежбаат елементи на воздушна битка. Бидејќи Првата светска војна беше во тек.
„Летечкиот чамец“ М-9 е проектиран како поморски извидувачки авион, но војната покажа дека оваа амфибија може успешно да ја врши улогата на бомбардер или патролен авион. М-9 беше двокрилец со мотор од 150 коњски сили. Трупот и столпчињата меѓу крилата беа изработени од иверка, а крилата и крилцата на опашката од платно. Хидроавионот достигнуваше максимална брзина од 110 километри на час, а при слетувањето се движеше со брзина од 85 километри на час. Можеше да се искачи на висина од три километри.
Пилотот Јан Нагурски одлучи да провери колку долго може да се крева хидроавионот кога е насочен вертикално и по колку време командите го губат своето влијание врз движењето. Така изведе два „мртовечки јазли“ по ред. За време на акробациите Нагурски за малку ќе го загубеше својот механичар, кој не беше врзан. Николај Годовиков испадна од седиштето, но се фати за крилата на авионот.
„Соборен е во една воздушна битка над Балтичкото Море, во запален авион падна во морето. Извештајот за загинувањето на поручникот на морнарицата Нагурски беше документ врз основа на кој историчарите на авијацијата 1917 година ја завршија неговата биографија. Но, Нагурски не загина. Тој беше ранет и го спаси англиска подморница“, пишува Јуриј Галперин.
За време на граѓанската војна во Русија Јан Нагурски се враќа во Полска и станува инженер-конструктор во индустријата за шеќер. Во 1956 година, на покана на пилотите на поларната авијација го посетува СССР, а подоцна ги пишува книгите „Првите над Арктикот“ и „Над пламеното Балтичко Море“. Умира на 9 јуни 1976 година во Варшава.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче