Волшебната етноегзотика на рускиот Далечен Исток на фотографиите на Агнија Динес (ФОТОГРАФИИ)

Историја
ЕКАТЕРИНА СИНЕЉШЧИКОВА
Првата жена-фотограф на Далечниот Исток беше Агнија Динес. Таа ги снимаше копачите на злато и домородните народи во царска Русија кога веќе имаше над педесет години. Нејзините фотографии влегоа во историјата, но таа самата беше и остана таинствена личност.

Долго време никој не знаеше која е Агнија Динес. Луѓето погрешно го паметеа нејзиното име (ја викаа ту Агнес, ту Аглаја), а многумина сметаа дека А. П. Динес е маж. Не е ни чудо, бидејќи оваа професија на крајот на 19 век воопшто не беше типична за жените. Требаше да се носи гломазна камера, статив и тешки кутии со стаклени фотоплочи, а понекогаш и целата фотолабораторија. Особено е интересно што Агнија Динес го правеше тоа кога веќе имаше над педесет години.

Таа снимаше панорами на градови во изградба, претставници на автохтоните племиња, руски бродови со живописни височини во позадина и ориентални амбиенти - храмови, кинески дворци и пагански идоли. Географијата на нејзините снимки е фасцинантна. Динес го обиколи целиот Далечен Исток и многу места во Кина, и сето тоа на нејзин сопствен трошок и од прилози на нејзините покровители.

И покрај сето тоа, сé уште не се знае речиси ништо за нејзиниот живот. Според сведоштвата, таа била сопруга на поштенски службеник и по неговата смрт започнала да се занимава со фотографија. Зиме работела во сопственото фото-ателје, а лете патувала со камерата. Нејзините снимки стигнаа до руската престолнина во 1898 година, а нејзините дела беа побарани за изложба во Париз. Оттогаш Агнија почна да прима нарачки од државата и во експедиции снимаше за потребите на Императорското руско географско друштво во Санкт Петербург. И тоа е сé што се знае за неа. Нема ниедна нејзина фотографија, не се знае ни каде и кога починала. Останува само нејзиното наследство - живописните и суптилни прикази на Истокот.

1. Аину (народ)

2. Влезот во руската амбасада, Пекинг

3. Копачи на злато мијат златоносен песок

4. На Амур

5. Товарните животни на копачите на злато. Околу 1895 година на Амур

6. Пекинг

7. На наоѓалиште на злато

8. Руски војници во храм, Кина

9. Пекарница на Сахалин

10. Затворска ќелија на Сахалин

11. Збор на селани на Сахалин

12. Запрежни кучиња-водоносци

13. Евенки (Тунгуси), народ

14. Пристаништето во Хабаровск

15. Од камчатскиот албум

16. Руски офицери и кинески чиновници

17. Градот Николск-Усуријск

18. Во храм, Сахалин