Аину
Public domainДолго време никој не знаеше која е Агнија Динес. Луѓето погрешно го паметеа нејзиното име (ја викаа ту Агнес, ту Аглаја), а многумина сметаа дека А. П. Динес е маж. Не е ни чудо, бидејќи оваа професија на крајот на 19 век воопшто не беше типична за жените. Требаше да се носи гломазна камера, статив и тешки кутии со стаклени фотоплочи, а понекогаш и целата фотолабораторија. Особено е интересно што Агнија Динес го правеше тоа кога веќе имаше над педесет години.
Таа снимаше панорами на градови во изградба, претставници на автохтоните племиња, руски бродови со живописни височини во позадина и ориентални амбиенти - храмови, кинески дворци и пагански идоли. Географијата на нејзините снимки е фасцинантна. Динес го обиколи целиот Далечен Исток и многу места во Кина, и сето тоа на нејзин сопствен трошок и од прилози на нејзините покровители.
И покрај сето тоа, сé уште не се знае речиси ништо за нејзиниот живот. Според сведоштвата, таа била сопруга на поштенски службеник и по неговата смрт започнала да се занимава со фотографија. Зиме работела во сопственото фото-ателје, а лете патувала со камерата. Нејзините снимки стигнаа до руската престолнина во 1898 година, а нејзините дела беа побарани за изложба во Париз. Оттогаш Агнија почна да прима нарачки од државата и во експедиции снимаше за потребите на Императорското руско географско друштво во Санкт Петербург. И тоа е сé што се знае за неа. Нема ниедна нејзина фотографија, не се знае ни каде и кога починала. Останува само нејзиното наследство - живописните и суптилни прикази на Истокот.
Народ Аину.
Public domainВлезот во Руската амбасада, Пекинг, почеток на 20 век.
Public domainКопачи на злато мијат златоносен песок.
Public domainОд албумот „Фотографијата на А. П. Динес на Амур“.
Public domainТоварните животни на копачите на злато. Околу 1895 година на Амур
Public domainПекинг
Public domainНа наоѓалиште на злато.
Public domainРуски војници во храм, Кина.
Public domainПекарница на Сахалин.
Public domainЗатворска ќелија на Сахалин.
Public domainЗбор на селани на Сахалин.
Public domainКучешка запрега на водоносци. Околу 1895 на Амур.
Public domainТунгуси (Евенки).
Public domainПристаништето во Хабаровск.
Public domainОд камчатскиот албум на Динес.
Public domainРуски офицери и кинески чиновници.
Public domainГрадот Николск-Усуријск.
Public domainВо храм, Сахалин.
Public domainПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче