Фјодор Достоевски во детството
Јавна сопственостПисателот Владимир Каченовски уште како дете се запознал со браќата Достоевски. „Се сеќавам на две руси деца. За играње си избираа другари кои беа на истите години како нив и ја преземаа раководната улога. Нивниот авторитет беше лесно воочлив и за мене, иако бев дете. Тие момчиња беа Фјодор и Михаил Достоевски...“
Младиот Фјодор Достоевски тогаш сè уште беше во интернат. Според пишувањата на Каченовски тој бил „сериозно момче, русо, бледо во лицето. Игрите многу не го интересираа, за време на одморот речиси не се разделуваше од книгите, минувајќи го остатокот од времето во разговор со постарите колеги од интернатот“.
Неколку години подоцна Каченовски се запишува во интернатот. Новајлијата, одвоен од семејството, малтретиран од постарите другари, немал на кого да се потпре. Меѓутоа, го сретнал своето другарче од детството. Фјодор Достоевски „откако ме виде веднаш ми пријде и ги избрка немирковците и почна да ме тешки, што наскоро сосема му успеа“.
Родителите: Михаил Андреевич Достоевски и Марија Фјодоровна Нечаева
Јавна сопственостМалиот Фјодор му бил син на Михаил Андреевич Достоевски, лекар во Мариинската болница за сиромашни, во чија помошна зграда се наоѓал и службениот стан во кој во 1821 година се родил писателот и каде ги минал првите години од животот. Фјодор секојдневно во болницата гледал страдање и смрт на луѓето кои му припаѓале на најнискиот слој на московското општество. Впрочем, првиот роман што ќе го објави писателот е „Бедни луѓе“.
Мариинската болница
Јавна сопственостПред да стане лекар таткото на писателот Михаил Андреевич стекнал духовно образование, па семејството било исклучително побожно. „Секоја недела и на секој голем празник задолжително одевме во црква, на утринска литургија или на ноќно бдеење“, се сеќавал Андреј, помладиот брат на Фјодор. Децата учеа да читаат и да пишуваат од книгата „Сто и четири свети приказни од Стариот и од Новиот завет“, избор наменет за младите, во превод од германски, која воедно е и првата книга што големиот писател ја прочитал во животот. Кога во 1870 година неговиот брат Андреј му ја спомнал оваа книга на Фјодор Михајлович „му соопштил дека успеал да го најде токму тој примерок (односно нашиот детски) и да го зачува како светиња“.
Додека растеле, Фјодор и неговиот постар брат Михаил многу читале. Ги научиле да читаат на глас уште од раното детство. На почетокот тоа биле сказни за деца, а кога пораснале, на вечерите во салонот со родителите ги читале класиците на Державин, на Жуковски, на Пушкин, како и „Историја на руската држава“ од Николај Карамзин, чии делови Фјодор добро ги запомнил. „Имав само десет години кога веќе ги знаев речиси сите клучни сегменти од руската историја“, велел тој подоцна.
Освен читањето, браќата Достоевски од родителите мошне рано научиле и да играат карти. „На празниците, а особено од Божиќ до Крстовден, во истиот тој салон со родителите игравме карти. И тоа беше такво задоволство, таков празник, кој долго се паметеше“.
Познатиот писател рано останал сираче. Неговата мајка Марија Николаевна Волконскаја умрела од родилна треска (заразна болест што ја добила за време на породувањето) во 1830 година кога Лев имал само две години. Во 1837 година ненадејно умира и неговиот татко Николај Иљич.
Родителите: Марија Николаевна Волконскаја и Николај Иљич Толстој
Јавна сопственостЗа малиот Лев, за тројцата негови браќа и сестри се грижеле роднините. Без оглед на загубата на родителите, во сеќавањата на Толстој од детството останале убави спомени. „Што може да биде подобро од времињата кога двете најголеми доблести, невината веселост и безграничната потреба за љубов, беа единствениот мотив во животот?“
„Лев Николаевич во детството го красеше посебна ведрина. Целиот некако сјаеше“, велела неговата сестра Марија. „Се случуваше да дотрча во собата со толку радосна насмевка, небаре дошол до некакво откритие и сака за тоа да извести. Сакаше да се шегува. Секогаш беше нежен, мил, попустлив и никогаш не беше непристоен. Кога некој ќе го погалеше, ќе се расплачеше. Кога браќата ќе го навредеа, заминуваше некаде подалеку од нив и плачеше. Но, со браќата цел живот сложно живееше“.
Тетката на писателот Пелагија Иљинична Јушкова
Јавна сопственостКако дваесетгодишник Толстој со своите помлади браќа и сестри се преселиле во семејниот имот Јаснаја Пољана во Казањ, во семејството на тетката Пелагија Иљинична Јушкова. Нејзината куќа беше една од најгостопримливите и најугледните во Казањ. Токму таму Толстој започна да учи од професор кој доаѓал да држи часови. За неговото воспитување бил задолжен учител Французин.
Младиот Лев Николаевич имал несекојдневна дарба за јазици, зборувал англиски, германски и француски, а во 1843 година се запишал на Факултетот за ориентални јазици на Казањскиот универзитет. Но, учењето мошне бргу му здодеало на избувливиот и активен млад човек, па не го завршил универзитетот. Меѓутоа, успехот го чекал надвор од областа на науката.
Владимир Уљјанов, 1887 година.
Борис Бик/SputnikМладиот Володја Уљјанов, чиј непрепознатлив детски портрет со тркалезно лице и светли кадрици е снимен кога имал седум години, ги надгледувал советските граѓани од пионерските значки петокраки со милионски тиражи на учениците-октомврици, во детството, всушност, им задавал големи незгоди на родителите и на наставниците.
Семејството Уљјанови
SputnikРоден е во 1870 година во Симбирск, во семејство на просветниот инспектор на народните школи Иљја Уљјанов, благородник. Бил крупно момче, бучно, сакал да трча и, по сеќавањата на постарата сестра, често паѓал и се удирал. Но, тоа воопшто не влијаело на него да стане повнимателен.
Владимир повеќе сакал гласни и опасни игри, често ги расипувал и ги кршел играчките, сакал да им командува на другите деца или да ги задева. Со оглед на тоа што знаел дека неговата сестра се плаши од корени од билки, знаел пред носот да ѝ клати грст трева откорнат од земјата. Или, пак, кога ќе слушнел дека неговиот помлад брат Борја ќе се расплаче, слушајќи песна за јарето, ќе ја пеел толку развлечено, свесно предизвикувајќи тага и притоа уживал во детските солзи. Кога имал десет години во потрага по авантура за малку ќе се удавел кога паднал во ров. Сепак, мошне рано, на пет години, научил да чита и подоцна без проблем се запишал во гимназија.
Куќата на Уљјанови во Уљјановск (тогаш град Симирск)
Георгиј Зељма/SputnikЗа своето детство Иљич потоа зборувал, никогаш не заборавајќи на тешкотиите на работниците и на селаните. „Ми останаа мошне пријатни сеќавања на детството. Живеевме на топло, не знаевме што е тоа глад, бевме окружени со култура, со книги, со музика, со разонода, со прошетки. Меѓутоа, тоа не можеше да се каже за децата на работниците и на селаните“.
Потоа како карактерна црта покажувал безобѕирност. Еднаш во гимназија пред целото одделение го исмеал наставникот, Французин, кој во својата земја претходно работел како кочијаш, поради смешна правописна грешка, алудирајќи на неговото плебејско потекло. Избил голем скандал поради кој Володја за малку ќе плател со одличниот успех. Инаку, градивото од сите предмети го совладувал мошне лесно, го паметел она што го читал со молскавична брзина, покажувал особена склоност кон историјата, кон географијата и кон јазиците. Во свидетелствата имал само една четворка, од логика, а сите останати петки, како и карактеристика: „мошне талентиран, секогаш грижлив и уреден“.
Александар Уљјанов, постариот брат на Ленин (1866-1887) TA
TASSМеѓутоа само еден месец пред Володја да го добие свидетелството во семејството се случила трагедија. Постариот брат Александар бил погубен поради подготовка на атентат врз царот. Овој настан го прекинал безгрижниот тек на младоста на Володја Уљјанов и го навел на неповратниот пат во борбата против царскиот режим кој го започнал уште како студент на Правниот факултет на Казањскиот универзитет.
Првиот космонаут Јуриј Гагарин е роден во 1934 година во семејство на стругар и работничка-колхозница во селото Клушино кај Смоленск. Неговото детство било сосема обично, а во 1941 година кога Јура тргнал на училиште започнала војната. Веќе во октомври истата година Смоленск и околината биле окупирани од германската војска, а наставата во училиштата била запрена. Никому не му било ниту до училиште, ниту до детски игри.
Куќата на Гагарини во селото Клушино, Смоленска област.
Павел Бедњаков/SputnikСемејството Гагарин, како и многу други морало да ископа ров, зашто во нивната куќа Германците направиле работилница. Ровот се загревал со наједноставна печка, а се осветлувал со пламен. Таткото на Гагарин кој не бил мобилизиран во војската зашто бил куц, Германците го принудиле да работи во воденица, а тој понекогаш успевал и да донесе малку брашно дома. Преживувале јадејќи чорба од коприва и киселец што ги собирале Јура и неговиот брат Борис.
Валентин, Јуриј, Зоја и Борис Гагарини
Јавна сопственостГерманците биле склони и кон изживување врз селските деца. Постариот брат на Јуриј Валентин го терале во раце да држи шишиња кои ги гаѓале како мети. Помладиот брат Борис еднаш го нашле како виси на дрво со својот шал, а тоа била казна од окупаторите за некаков прекршок. Јуриј веднаш дотрчал дома и ја повикал мајка си која успеала да го спаси Борис.
Седумнаесетгодишниот Валентин и петнаесетгодишната Зоја, постариот брат и постарата сестра на Јуриј, Германците ги однеле на принудна работа, а дома се вратиле дури по завршувањето на војната. Откако во 1943 година советската војска го ослободила Клушино, таткото на Јуриј заминал две години на фронт, а тој останал во семејството како најстар. Токму во тој период ја зајакнал волјата и развил, како што денес би се рекло, лидерски особини.
Јуриј Гагарин со родителите, мајката Ана и таткото Алексеј, 1961 година.
Игор Снегирев/SputnikИграчките и спомените од детството на Јуриј поради ужасите на војната биле специфични. Уште како момче знаел да состави и да расклопи најразлични видови стрелачко оружје, а едно од највпечатливите и најсветлите доживувања од детството е моментот кога заедно со други момчиња видел како на полјаната покрај селото слетале советски пилоти. Авионот на еден од нив бил погоден и тој се катапултирал, а друг се приземјил на своето летало веднаш по него. „Секој од нас сакаше да лета и да биде храбар и убав токму како нив“, велеше подоцна Јуриј Гагарин.
И иако по училиштето заминал на занает, а потоа во индустриска техничка школа, соништата за небото не го напуштиле. Во 1955 година бил повикан во војска и упатен во воздухопловната школа во Оренбург. Тоа е првиот чекор на патот кон космосот на Јуриј Гагарин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче