Како еден американски пилот во советско-полската војна го смисли Кинг Конг

Меријан Колдвел Купер, американски пилот-доброволец, заменик-командант на ескадрилата на Кошќушко во советско-полската војна 1918-1920. Кадар од филмот „Кинг Конг“.

Меријан Колдвел Купер, американски пилот-доброволец, заменик-командант на ескадрилата на Кошќушко во советско-полската војна 1918-1920. Кадар од филмот „Кинг Конг“.

Public domain; Merian C. Cooper/RKO Radio Pictures, 1933
Група американски доброволци им се придружи на Полјаците во војната против болшевиците 1919-1921 година. Меѓу нив беше и идниот творец на познатиот „Кинг Конг“.

По распадот на Руската Империја врз нејзините урнатини беше создадена цела низа нови држави од кои најмоќни беа Советска Русија и Полската Република. На почетокот на 1919 година тие жестоко се судрија за украинските и за белоруските територии.

Првите американски пилоти доброволци: Фонтлерој, Купер, Корси, Крофорд, Шрузбери, Кларк, Рорисон и Нобл.

Неколку десетици американски пилоти учествуваа во советско-полската војна на страната на Варшава. Што бараа толку далеку од својата земја, во Источна Европа?

Ескадрилата на Кошќушко

Купер во Лавов со Ескадрилата на Кошќушко.

На идејата во војната против болшевиците да се ангажираат американски воени пилоти дојде капетанот на армијата на САД (исто така пилот) Меријан Купер пролетта 1919 година кога ја посети Полска во состав на хуманитарната мисија на Американската администрација за помош.

Не беше необично што Американците учествуваат во војната против Советска Русија зашто во тој момент веќе една година воениот контингент на САД учествуваше во сеопфатната интервенција на северот на Русија и на рускиот Далечен Исток. Полска можеше да стане уште еден фронт на кој Американците би ги поддржале силите спротивставени на комунистите.

Во одлуката да војуваат за Полска Купер имал и лични мотиви. Неговиот прадедо рамо до рамо се борел заедно со херојот од Војната за независност на САД, генералот со полско потекло Казимјеж Пулавски, и бил сведок на неговото погинување во опсадата на Савана во 1779 година. Во семејството на Меријан се чувал споменот за непознатиот Полјак, па сега пилотот на овој начин сакал да го врати долгот на Полска. „Секој ден ме мачи тоа што јас толку малку правам за слободата на Полјаците, додека Пулавски толку многу има направено за нас...“, му напишал Купер на татка си.

Седма ловечка ескадрила – по налог на генералот Станислав Галер; 1920 година.

Предлогот на Купер го поддржал генералот Тадеуш Розвадовски, а потоа и лично шефот на државата Јузеф Пилсудски. Капетанот заминал во Франција да ги врбува своите колеги кои се наоѓале во Европа, иако Првата светска војна веќе била завршена. Голема помош му дал мајорот Седрик Фаунтелер, кој подоцна стана прв командир на авијатичкиот одред на американските доброволци.

Првите седуммина пилоти стасаа во Полска во септември 1919 година. Во советско-полската војна учествуваа вкупно 21 пилот.

Седмата авионска ескадрила во која беа заведени Американците набргу е преименувани во Седма ловечка ескадрила „Тадеуш Кошќушко“. Името не беше случајно избрано. Како и Пулавски, Кошќуко беше почитуван во Полска и во САД како херој на војните за независност на двете држави.

Борбен пат

Albatrosy D.III (Oef) – Седма ловечка ескадрила.

Советското воено воздухопловство тогаш било во лоша состојба, така што пилотите на Ескадрилата на Кошќушко во суштина не учествуваа во воздушните борби. Во текот на Киевската офанзива полската армија во април 1920 година Американците на своите ловци Albatros D.III и Ansaldo A.1 вршеа набљудување, транспортираа муниција, бомбардираа советски градови, напаѓаа непријателски единици, потопуваа бродови на Днепарската флотила и им даваа поддршка на полските единици.

Кон крајот на мај истата година Првата коњичка армија на Семјон Будјони премина во голема офанзива и ги принуди полските единици да го напуштат Киев и хаотично да се повлекуваат. Неколку пати на американските пилоти само малку им недостасуваше да паднат во рацете на црвените коњаници. Мораа да ги остават своите авиони на аеродромите и да се спасуваат со бегство.

Седмата борбена ескадрила, септември 1920 година во Лавов.

Ескадрилата на Кошќуков доживеа ѕвездени моменти во борбите за Лавов во јули и во август 1920 година. Американските пилоти изведуваа по неколку десетици борбени летови дневно, непрекинато напаѓајќи го непријателот и држејќи го во постојана напнатост. Тие во голема мера придонесоа Првата коњичка армија на Будјони да се задржи кај Лавов и да не стаса на време до Варшава каде единиците на Михаил Тухачевски поднесоа тежок пораз.

„Американските пилоти беа исцрпени, но се бореа како луди. Без нивна помош одамна ѓаволот ќе нè однесеше“ рече полскиот генерал Антониј Листовски.

Во текот на целиот конфликт кој траеше до пролетта 1921 година ескадрилата изгуби тројца пилоти. Многумина од нив го добија највисокото признание на Полската Република Орденот „Virtuti militari“ (за војничка храброст).

Не сите Американци ја напуштаа земјата кога беше постигнато примирје. Поединци продолжија да служат во Полското воено воздухопловство на кое крајно неопходни му беа пилоти со толку големо воено искуство.

Меријан К. Купер за време на командувањето со Ескадрилата на Кошќушко./Кадар од филмот „Кинг Конг“.

Интересен е понатамошниот животен пат на Меријан Купер. Тој во јули 1920 година беше соборен и заробен. Во советско заробеништво мина девет месеци. На крајот успеа да избега и преку Латвија да се врати во Полска. Подоцна тој во својата татковина стана еден од основачите на американската авионска компанија Pan Am, а се прослави и како режисер кога во 1933 година го сними култниот филм „Кинг Конг“.

Постои легенда според која Купер познатото чудовиште го смислил во заробеништво. Од здодевност почнал да учи руски јазик, па ја читал сказната во стихови „Крокодил“ на советскиот писател за деца Корнеј Чуковски, каде меѓу другото се споменува див горила кој го фатил малечкото девојче Љаља и се искачил заедно со неа до покривниот венец на една висока зграда.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња