Јуриј Андропов – најголемата надеж на Советскиот Сојуз

TASS
Меѓу неколкутемина водачи на Советскиот Сојуз, Јуриј Владимирович Андропов до денешен ден важи за светла точка. Но, судбината не беше на страната на комунистичката империја, па загубата на овој политички великан ги погуби сите надежи на нејзината светла иднина.

На 12 ноември 1982 година, Јуриј Владимирович Андропов, кој беше на чело на КГБ 15 години, беше избран за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија. Тој беше предодреден да ја предводи државата помалку од година и пол.

„Андропов уживаше авторитет не само меѓу безбедносните службеници. Кога беше избран за генерален секретар на Централниот комитет, повеќето луѓе го прифатија со одобрување, и покрај фактот што тој беше претседател на КГБ, организација која, искрено, не беше особено популарна...“, се сеќава првиот заменик-претседател на КГБ во 1985-1991 година Филип Бобков.

Краткотрајната ера на Андропов беше обележана со голема борба против корупцијата, шпекулациите и трговските злоупотреби, како и чистка на партискиот апарат. За време на неговиот мандат 18 министри ги загубија своите функции.

Обичните советски луѓе го паметат Јуриј Андропов главно по мерките „воведување ред“ и „зајакнување на дисциплината“, во кои милицијата спроведуваше ненајавени проверки во кината и стоковните куќи за да ги разоткрие безделничарите и луѓето што бегаат од работа или училиште. Покрај тоа, цените на голем број стоки се зголемуваа, но во исто време имаше евтина вотка, која луѓето почнаа да ја нарекуваат „Андроповка“.

Генералниот секретар гледаше итна потреба за реформа на земјата. Со него започнува т.н. „економски експеримент од големи размери“ за проширување на правата на претпријатијата и нивно преместување во сосема нови работни услови. Воведена е и практика на прелиминарна дискусија за важни владини одлуки директно во работничките колективи.

Сепак, Андропов не успеа да ги продолжи своите полноправни политички и економски реформи поради влошената здравствена состојба. На 9 февруари 1984 година, тој почина од влошување на бубрежната инсуфициенција.

„Не се сомневам дека ако судбината му дадеше на Јуриј Владимирович уште неколку години живот, немаше да имаме катастрофален опортунизам, крвави меѓуетнички конфликти, широко слабеење на државната моќ“, вели претседателот на Врховниот совет на СССР од 1990 до 1991 година Анатолиј Лукјанов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња