Петнаесет ремек-дела во стакло од домашна изработка со кои се служеле руските цареви (ФОТО)

Историски музеј
Специјално за царското семејство предметите ги изработувале најдобрите уметници и занаетчии од тоа време.

На трпезите во царските дворци јадењето и пиењето се сервирале во најдобрите садови што можеле да се најдат во Руската империја и во странство. И многу други припадници на Куќата на Романов, исто така, ги нарачувале најфините предмети за сервирање и украсување маси.

Приказната за главниот снабдувач со стакло на царскиот двор започнува во 1777 година. Токму тогаш Екатерина Втора купила производство на стакло и ја нарекува Императорска фабрика за стакло.

Нарачките не се одбивале, меѓутоа немало ни конкуренција. Слободно може да се каже дека фабриката ја диктирала модата во руското производство на стакло. Од нејзините погони излегувале вистински уметнички предмети со беспрекорно мајсторство и стил. Биле дизајнирани од најдобрите уметници од тоа време, а покрај неспорната уметничка вредност, вреди да се истакне и фактот дека во нивната изработка биле користени технолошки иновации.

Така, рецептурата за производство на обоено стакло за фабриката уште во 18 век ја смислил лично Михаил Ломоносов, еден од првите големи руски научници-натуралисти. Во фабриката имало залихи од специјално кобалтно во разни бои за изработка на мозаици и витражи, кое обилно било користено за таа намена.

Поседувањето такви предмети за сервирање значело голема чест и зборувало за висок социјален статус. Тоа било вистинско богатство, вредело многу, и по правило влегувало во состав на наследството и миразот на великите кнезови и кнегињи.

Производите од Императорската фабрика за стакло учествувале на најпрестижните изложби во светот за да ги претстават достигнувањата на руските мајстори за стакло. Во збирката на Историскиот музеј во Москва денес се чуваат десетици илјади предмети изработени по царска нарачка во текот на 19 и почетокот на 20 век.

Ова се само некои од тие ремек-дела.

1. Чаша, 1810-ти години.

2. Чаша со капаче со слика на Глорија, која лебди над картата на Европа, 1814-1819.

3. Шише со чашки, втора четвртина на XIX век.

4. Ибрик cо капаче на преклоп, 1830-ти години.

5. Вазна, Санкт Петербург, 1830-ти години.

6. Чаши „роемер“ од Готскиот сервис, 1832-1848.

7. Вазна, Санкт Петербург, 1830-ти години.

8. Вазна, Санкт Петербург, 1830-ти години.

9. Ковчеже со капак на преклоп и клуч, крајот на 1830-те години.

10. Свадбен сервис на великата кнегиња Олга Николаевна, 1846.

11. Сад за путер, 1847.

12. Сервис чашки со монограм на великиот кнез Константин Николаевич, 1848.

13. Вазна, 1860-70-ти години.

14. Шише со чашки, 1880-ти години.

15. Четвртесто шише со чашки. 1880-ти години.

Изложбата „Делата на Императорската фабрика за стакло настанати во текот на 19 и почетокот на 20 век од збирката на Историскиот музеј“ се отвора на 18 август и трае до 10 ноември 2021.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња