Како се переле алиштата во СССР? (ФОТОАЛБУМ)

Виктор Чернов/Sputnik
Во големите градови во завршувањето на секојдневните домашни работи на граѓаните им помагале пералниците, додека во селата до денес можат да се видат посебни платформи од штици за перење алишта на бреговите на реките и на езерата.

Доколку сте посетиле некое руско село, сигурно сте забележале дрвени платформи на столбовите на бреговите од реките и езерата кои се протегаат од брегот кон центарот на водната површина. Тие служат за рибарење или за набљудување на подводниот живот, ами за перење алишта.

До пред сто години на овој начин алиштата се переле дури и во Москва и во Санкт Петербург, и тоа биле мошне тешка работа, особено пред војната, кога не сите куќи имале водовод. Денес покрај реките перат пред сè теписи и тоа само налето, кога водата е топла.

Лево: реката Сухоњ, Волгодска област, 1960; Десно: реката Москва 1925.

За перење алишта дома се користело корито и специјална штица со метална брановидна површина. Алиштата се триеле на штицата, а потоа се плакнеле во вода со сапун во корито. Наместо детергент во прашок се користел домашен сапун. Звучи мошне едноставно, но тоа е всушност мошне напорна работа, при што се случувало жената да ги издраска рацете од површината на штицата. Но, затоа работата не зависела од струјата.

Кадар од филмот „Москва не им верува на солзите“

Белите алишта како што се постелнината, кошулите и пешкирите пред перењето морале да бидат откиснати. Во врела вода домаќинката најпрво растворала изрендан домашен сапун, а потоа ги потиснувала алиштата неколку часа. Алиштата што биле многу валкани се покиснувале со сапун и со сода бикарбона. Домашниот сапун содржел големи количества базни сили кои добро раствораат масти.

Првите машини за перење алишта во СССР се појавиле кон средината на педесеттите години од минатиот вел. Чекањето на списокот за набавка на наједноставните модели како што се „Вјатка“, „Рига“, „Урал“ и „Ока“ можело да трае и неколку месеци, но набавката на овие уреди во голема мера ги поеднаставувала работите во домаќинството. Нивната конструкција била отприлика иста. Ги нарекувале „ведро со мотор“. Оваа справа се внесувала во бањата, во неа се налевала вода од чешмата и се перела целата облека што ќе ја собере семејството за една недела или за два дена. Потоа во када се спуштало црево и се исфрлала употребената вода со сапун. Машината солидно перела, дури ни налевањето и излевањето на водата не барало голем напор. Нејзин главен проблем било тоа што немало цедење (постоеле валјаци за цедење, за волја на вистината, но слабо функционирале и никој практично не ги користел. Затоа додека уште биле со сапуница, алиштата се одделувале, потоа рачно се цеделе и се испирале во када (тоа бил најнапорниот дел од работата)

Советските инженери имаат проектирано и компактни машини за перење алишта кои не заземале многу место, а биле наменети за користење во малите станови. Првиот модел бил наречен „Маљутка“, а потоа ова име станало универзално за сите видови вакви машини. Тие и денес се продаваат во Русија, а особено се популарни кај викендашите. А, како не би биле! Тешки се помалку од 10 килограми, поевтини се 3-4 пати од обична машина, а можат одеднаш да исперат до 4 килограми алишта.

Маљутка

Вистинска револуција во производството на машини за перење кон крајот на седумдесеттите годни донела полуавтоматската машина „Еврика“. Цената била пристапна, но можеле да се набават само преку јаки врски. Таа изискувала да биде поставена на постојано место, била тешка како туч (околу 80 килограми) и, како и претходните модели, се приклучувала на чешма со помош на црево. Меѓутоа, за разлика од претходните верзии, самата ги цедела и ги плавела алиштата, кои на крајот биле и чисти и добро исцедени. Меѓутоа, во текот на цедењето толку скокала и трескала што за неа било потребно да се направи посебна подлога. „Кога машината ќе почнеше да центрифугира, баба ми ќе речеше: Володја, оди држи ја! И тие двајцата ќе ја фатеа озгора, а ќе ја пуштеа кога сè ќе беше готово. Притоа правеше голема бука“, се сеќава Васја Шапалов од Москва на своето детство во осумдесеттите години од минатиот век.

Подоцна се појавија и целосно автоматските машини „Вјатка-автомат“, но тие беа реткост, ги имаа само поединци и чинеа колку вселенски брод.

Истовремено со машините за перење алишта во СССР се зголемило и производството на синтетички средства за перење. Во Советскиот Сојуз првиот прашок за перење алишта „Новост“ се појавил во 1953 година. Неговата основа била хидрогенизирана маст од животинско потекло. До средината на шеесеттите години од минатиот век асортиманот на прашоците за перење се проширил, се појавиле „Ера“, „Лотос“, „Астра“, „Луч“ и други. А, освен прашокот, се произведувале и пасти за перење. Мирисот бил непријатен, но затоа ефикасно ги переле сите дамки. „Со неа можевте да перете и алишта, да миете раце и да чистите подови“, се сеќаваат Русите.

Вјатка-автомат

Генерално, една од целите на советската власт, особено во првите години, била ослободувањето на жените од „домашното ропство“. Ширум земјата беа отворени мензи, фабрики-кујни и огромни механизирани пералници кои на себе преземале дел од домашните обврски. Постоеле пералници при фабриките во кои работеле работниците на претпријатијата, но и пералници во градот кои переле за сите заинтересирани. За разлика од пералниците, како и за сè друго во земјата, постоеле посебни стандарди:

Во големите градови во седумдесеттите години од минатиот век со полна пареа работеле и самопослужни пералници. Во Москва меѓу првите била пералницата „Чајка“ каде по ниска цена можела да се испере и да се исуши облеката. Тука можело да се испегла и да се остави на хемиско чистење.

Пералница „Чајка“

Денес е тешко да се замисли стан во град без машина за перење алишта, па огромните пералници од советско време повеќе не се толку барани. Сепак, во сите руски градови и денес постојат пералници за алишта и хемиско чистење. Најчесто тука се перат работи кои тешко можат да се доведат во ред дома: теписи, прекривки, капути и јакни.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња