Германец бара од Германија компензација за нападот врз СССР

Жени во придружба на заробени фашисти. Германците кај Москва претрпеа жесток пораз.

Жени во придружба на заробени фашисти. Германците кај Москва претрпеа жесток пораз.

Виктор Тјомин/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru

Германскиот весник General-Anzeiger објави обраќање на преживеаниот советски воен заробеник, ветеранот Хенрих Шепе, во кое тој го изнесува ставот дека е неопходно да ѝ се плати на Русија компензација за воените злосторства на Хитлеровата војска. Германецот потсетува на тактиката на опожарената земја при повлекувањето на германската армија. „Дали плативме надомест за тоа или барем се извинивме? Ништо слично“, додава Шепе. 

Шепе укажува на тоа дека Германија неодамна официјално го призна геноцидот врз племињата Хереро и Нама во Јужна Африка на почетокот на 20 век. Тогаш беа убиени околу 75 илјади луѓе.

„А тоа што во поранешниот Советски Сојуз поради воениот напад на Германија во периодот од 1941 до 1945 година загинаа преку 25 милиони луѓе, зар тоа не е геноцид?“, се прашува читател на весникот.  

Германецот потсетува дека Германија им платила обештетување на Евреите за холокаустот, истакнувајќи дека не му е познато дури ни дека им се извинила на Русите.

„Благодарен сум им на Русите за тоа што ја преживеав војната и петгодишното заробеништво, каде што ниеднаш не видов некој стражар да му се одмаздува на Германец“, пишува Шепе.

Тој истакнува дека во германското заробеништво со Русите се постапувало крајно сурово: ги изгладнувале и ги малтретирале. Покрај тоа, Германецот потсетува на тактиката на опожарената земја при повлекувањето на германската армија. Уништувани беа градови и села, фабрики, инфраструктурата, не беа поштедени ниту луѓето.

„Дали плативме компензација за тоа или барем се извинивме? Ништо слично“, додава Шепе. 

Според него, извинувањето е „одамна созреано“ и ќе претставува позитивен чекор.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња