На 18 мај 1920 година припадниците на советската морнарица неочекувано се истоварија во иранското пристаниште Анзали. Нејзина цел беше заземање на флотила белогардејци, нивните главни непријатели во Граѓанската војна, која тука се наоѓаше. Како што излезе, оваа операција беше само првата фаза во борбата за воспоставување на комунистичкото уредување во Иран.
Касписката флотила на белогардејците била принудена да го напушти Иран откако пролетта 1920 година нивните главни сили на југот од Русија или биле уништени или се повлекле на Крим. Бродовите во Анзали беа под заштита на Британците, кои уште од Првата светска војна ги држеа своите сили во Иран.
Анзали
Јавна сопственост19 бродови на белогардејската флотила можеше да им направи проблеми на Советите во Каспиското море. Раководството на болшевиците донесе одлука час поскоро да ги заземе, а за да избегне дипломатски скандал, операцијата беше претставена како лична иницијатива на командантот на советската Волшко-Касписка флотила Фјодор Раскољников.
Фјодор Раскољников
Јавна сопственостДесантот кој излезе на брегот брзо беше задушен од отпорот на 36 индиска пешадиска бригада и наскоро непријателот бараше примирје, Според условите на договорот, Британците и белогардејците го напуштија градот, оставајќи им ги на болшевиците не само сите бродови, ами и 50 парчиња артилериско оружје, 20 илјади парчиња муниција, големи резерви памук, шини, бакар и друг имот.
Еден од бродовите кои учествуваа во операцијата – „Роза Луксембург“
Јавна сопственостВојската на шахот не им даде отпор на советските бродови. Ослабениот Иран, кој претходните години фактички беше претворен во полуколонија на европските земји, им упати само протестна нота.
Советската војска планираше наскоро да го напушти Иран, но ситуацијата ненадејно нагло се промени. Искористувајќи го нападот на Британците, антивладиното партизанско движење на џенгелијците („шумско движење“) на северот од земјата тргна во офанзива. Неговиот лидер Мирза Кучек-хан бараше од болшевиците да им дадат поддршка, но како услов беше поставено немешање на Москва во внатрешните прашања на Иранците.
Мирза Кучек-хан
Јавна сопственостЗа раководството на Советска Русија можноста во Азија да организираат социјалистичка револуција беше примамлива. „Без посебен труд можеме да го побуниме целиот персиски Азербејџан (северозападен регион на Иран во кој живеат главно Азербејџанци – заб. ред.) – Табриз...“, сметаше раководителот на Кавкаското биро на Централниот комитет на Руската комунистичка партија на болшевиците Серго Орџоникиѕе: „Сметам дека со помош на Кучек-хан и на персиските комунисти можеме да прогласиме советска власт, да заземаме град по град и да ги протераме Англичаните. Тоа ќе остави огромен впечаток на целиот Блиски Исток“.
Серго Орџоникидзе
Јавна сопственостИако Граѓанската војна во Русија сè не беше завршена, болшевиците сепак решија во Иран да се ангажираат на поле „светски револуции“. На Кучек-хан му се ветени оружје, пари, доброволци, инструктори, авиони и оклопни возила. Народниот комесар за воени прашања Лев Троцки нареди во земјата тајно да се организира масовна советска агитација.
Повторно сакајќи да избегне дипломатски скандал, Москва не дејствуваше директно, ами преку своите сојузници, неодамна основаната, тогаш самостојна, Азербејџанска Советска Социјалистичка Република. Војската која беше упатена во регионот, беше претставена или како доброволна или дејствуваше под азербејџанско знаме. За самиот Баку помошта на иранската револуција имаше огромно значење. Тие, имено, сонуваа за обединување со иранскиот Азербејџан.
Официјално советските сили го напуштија Анзали. Во реалноста, пак, се случуваше нешто сосема спротивно: преку азербејџанската граница во северен Иран непрекинато пристигнуваа војници и оружје. На 4 јуни со поддршка на новите сојузници Мирза Кучек-хан го зазеде Рашт, престолнината на провинцијата Гиљан.
Мирза Кучек-хан и „шумското движење“
Јавна сопственостВеќе следниот ден на северот од Иран беше прогласена Гињанска Советска Социјалистичка Република на чело со Кучек-хан. И покрај условот да нема мешање во внатрешните работи, во Привремената револуционерна влада влегоа неколку советски претставници кои имаа добиено иранско државјанство.
Од одредот „доброволци“ кои стасаа од Баку и од Астрахањ и од локалните партизани беше формирана Иранска Црвена армија со околу 5.000 припадници. Првобитно на нејзино чело се најде соборецот на Мирза Кучек-хан Асханула-хан, но набргу со одлука на Москва командата премина во рацете на нејзиниот човек Василиј Каргаретели.
Одред од Баку
Јавна сопственостМеѓутоа, односите помеѓу џенгелиците и иранските комунисти набргу се најдоа во криза. Додека вториве беа уверени дека е потребно час поскоро да се „крене револуција во цела Азија“, Мирза Кучек-хан сметаше дека треба да се дејствува внимателно и засега да се ограничи на она што е постигнато, односно на Гиљан. Страните исто така не се сложуваа и во поглед на односот кон приватната сопственост.
Ова се заврши со тоа што на 21 јули иранските комунисти го тргнаа од власт Кучек-хан, а тој со своите приврзаници пребега во градот Фунам. На чело на новата привремена влада се најде неговиот поранешен соборец Есханула-хан. „Советска Персија ќе постои и без него. Кучек е корисен како популарна личност, но тој делумно ни нанесуваше штета со своето целосно несфаќање на револуционерната политика, претераната бавност и пресметливоста. Тој нема храброст, а токму тоа сега е потребно“, ги коментираше овие настани народниот комесар за надворешни работи на Советска Русија Георгиј Чичерин.
Без да губи време, новата влада на Гиљанската ССР кон средината на август 1920 година тргна во офанзива на Техеран кој заврши со тежок пораз. Од целосна катастрофа Иранската Црвена армија ја спасија силите упатени од Азербејџан и од Советска Русија.
Кај иранските комунисти работите не беа подобри ниту во внатрешната политика. Забрзано спроведувајќи реформи, тие не обрнуваа внимание на локалната традиција и со леснотија ги газеа повеќевековните обичаи што предизвика силно негодување кај локалните жители. Масло на огнот долеваа Британците и владата на Султан Ахмад-шах, кои во регионот организираа масовна антисоветска пропаганда.
Ахмад-шах
Library of CongressШансите за советизација на Иран беа сè помали. За да ја утврди состојбата на нештата во Баку стаса членот на Политбирото на Централниот комитет на партијата Јосиф Сталин. Тој набргу на Ленин во Москва испрати разочараувачки извештај за тоа дека во Иран е можна само буржоаска револуција со потпирање на средната класа.
Од крајот на септември Советска Русија започна преговори со Техеран кои беа завршени на 26 февруари 1921 година со потпишување на советско-ирански договор за пријателство. Москва и Баку решија да ја остават Гињанската република без поддршка и почнаа со повлекување на своите сили, но откако од земјата своите војници ги почна да ги евакуира Британската Империја.
Во јули 1921 година комунистите од Гиљан презедоа уште еден очајнички обид да го освојат Техеран кој беше завршен со уште еден неуспех. Во ноември силите на шахот ја поразија републиката, а владата на Ехсанул-хан пребегна во Баку (во 1938 година тој ќе биде стрелан во Големиот терор во СССР). Силите на џенгелијците исто така беа разбиени, а главата на Мирза Кучек-хан е јавно изложена како предупредување во Решто.
Советските и британските сили се вратија во Иран 20 години подоцна. Во заедничката операција „Слога“ во август-септември 1941 година тие, oкупирајќи го северниот и југозападниот дел од земјата, од власт го тргнаа прогермански настроениот шах Реза Пехлави и Иран ја претворија во пријателска земја за антихитлеровската коалиција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче