Според податоците на Институтот за поларни и морски истражувања „Алфред Вегенер“ (AWI), мразот е пронајден на длабочина од 50 метри, каде што температурата е минус 10 степени.
„Овој слој на вечен мраз веќе преживеал неколку ледени и меѓуледени доба“, изјави научникот од институтот за поларни истражувања Томас Опељ.
Во периодот од 40-тите до 60-тите години на 20 век овој дел од теренот бил пат за возила на гасеници кои ја уништиле заштитната и изолационата растителна покривка.
Според научниците, пронајдената локација има големо значење. Таа докажува дека вечниот мраз не мора задолжително да се стопи во топли периоди. Истражувачите истакнуваат дека овој дел од теренот преживеал високи температури кога на Арктикот било четири до пет степени потопло од денес.
Претходно научниците проценија колкава е површината на Јакутија е подложна на топење на вечниот мраз. Според докторот на географски науки Александар Фјодоров, скоро 40% од територијата на регионот ќе се најде во опасност во случај на интензивирање на климатските промени и топење на вечниот мраз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче