Битката за Зибрилахи: руски офицер се присети на борбата со група од стотина терористи

Командантот на 3-та мотоманеварска група Иван Иванчеко раскажа досега непознати детали кои се одиграле на 18 јуни 1995 година кога поголема терористичка група составена од странски наемници ги нападнала граничните пунктови. Терористите чија сила изнесувала околу 100 добро вооружени луѓе успеале да излезат на доминантните топографски објекти во близина на караулата и со поддршка на три тешки митралези ДШК со калибар од 12.7 милиметри од повеќе страни да го нападнат објектот на руската војска.

Во дагестанското село Шодрода беше одржана церемонија на подигање споменик на непокорната жителка Жавграт Садуева и руските граничари кои загинале во борбите со крупната терористичка група во 1995 година. За време на откривањето на споменикот присуствуваа голем број роднини и воени другари на паднатите борци, како и жители на селата Ансалта, Зибирлахи, Рахата и Батлих на чиј простор се изведувани борбените дејствија.

Началникот на командата третата моторизирана маневарска група на потполковникот Иван Иванчеко раскажа досега непознати детали кои се одиграле на 18 јуни 1995 година кога поголема терористичка група составена од странски наемници ги нападнала граничните пунктови со своите борци.

За време на вечерата, околу 18 часот, дојде до напад од страна на терористичка група која броеше 60-70 терористи. Јас веднаш издадов наредба единиците да организираат кружна одбрана и да го издржат првиот удар додека јас не дојдам на помош. Составив резервна интервентна група војници и тргнав во правец на нападнатата караула“, се сеќава на овој настан рускиот потполковник. Инаку, во текот на својата служба на овој простор офицерот кај локалното население стекнал голем авторитет. Тие му дале и ново име кое било во согласност со нивната вера – Мухамед Мухамедович Могамедов, пренесува рускиот Интернет-портал РГ.

Првата жртва од нападот врз третата моторизирана-маневарска група беше мајката на две деца Жавграт Садуева која ги предупредила руските граничари во моментот додека терористите од повеќе страни тргнале да се приближуваат кон нивните позиции. Таа беше застрелана со рафали од автоматско оружје. Терористите чија бројка изнесуваше околу стотина добро вооружени луѓе успеаја да излезат на доминантните топографски објекти во близина на караулата и со поддршка на три тешки митралези ДШК со калибар од 12.7 милиметри од повеќе страни да го нападнат објектот на руската војска. Во жестокиот судир овој напад е одбиен, а терористите беа запрени на положбите кои ги беа достигнале. Тие успеаја брзо да извршат прегрупирање на своите сили и повторно да го обноват нападот, но со жилавиот отпор на руските граничари и овој напад беше одбиен. Терористите на неколку места успеаја да се приближат доволно близу до позициите кои ги бранеа руските граничари и почнаа гласно да ги повикуваат да се предадат. Меѓутоа, од караулата следуваше одговор во вид на жесток оган од автоматски пушки и минофрлачи. Околу еден часот по полноќ интервентната група која ја предводеше потполковникот Иванченко успеа да се пробие до караулата и во координација со борците кои дотогаш се бранеа да изведе силна контраофанзива врз терористичките позиции и тоа од два правци. По краткотрајниот судир, терористите забрзано почнаа да ги напуштаат своите позиции, а дел од нив се спасија со бегство.

При претресот на теренот по завршувањето на борбените дејствија најдовме тела на 18 убиени терористи. Една година подоцна, овчарите кои на овој простор ја изведуваат својата стока на пасење, наидоа на останки на уште еден терорист. За жал, ние во одбраната на караулата и во дополнителната противофанзива изгубивме четворица борци, вклучувајќи го и Сергеј Красноглазов. Сите паднати момчиња ми беа како синови и секогаш ќе бидат дел од мене. Покрај настраданите граничари во оваа пригода сакам да им се заблагодарам и на сите синови и ќерки на јуначкиот Дагестан. Секогаш ќе се сеќаваме на вас и ќе бидеме подготвени во какви било околности да застанеме рамо до рамо со вас“,. Рече Иван Иванович.

Со указ на претседателот на Руската Федерација бр. 688 кој е донесен на 8 јули 1995 година за лична храброст и несебично пожртвување за време на извршувањето на борбените задачи војникот Сергеј Красноглазов постхумно е одликуван со Орден за храброст.

„Неколку пати имам дојдено во Железноводск, каде се наоѓаше единицата во која служеше мојот син, и секогаш со задоволство се сеќавам на тие топли средби. Но, еве, денес успеав да дојдам и на тлото на Дагестан каде загина мојот син. За мене тоа е како да доаѓам на гробот кадешто почива тој: се сеќавам на него, зборувам со него, ќе се исплачам и веднаш ми станува полесно. Им благодарам на сите кои се сетија на мојот син и на неговите колеги“, рече Валентина Красноглазова, 82-годишната жителка на градот Аксај кој се наоѓа во Ростовската област.

Заедно со неа на местото стасаа и жителите на Ростовската област Елена и Владимир Сасин. Тие дојдоа на караулата каде пред 26 години загина нивниот 19-годишен син Александар Сасин.

Нашиот регион е сведок на многу трагични настани, од кои еден е и нападот на терористичката банда на граничната караула во реонот на селото Зибирхали. Особено нè импресионираше јуначкиот подвиг на младата жителка на ова село Жавгарт Садуева, која со свој пример покажа како се брани и се чува единството меѓу граничарите и народот од овој крај. Секогаш ќе се сеќаваме на загинатите, ќе чувствуваме одговорност за нивната смрт и ќе го пренесуваме сеќавањето за нив на следните генерации“, рече првиот човек на Ботлискиот регион Руслан Гамзатов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња