Хаџимурза Миљѕихов: Страшниот Осетиец кој во една борба уби 108 германски војници

Хаџимурза Миљѕихов

Хаџимурза Миљѕихов

Георги Петрусов, МАММ / МДФ / russiainphoto.ru
Историјата на Втората светска војна знае за многумина херои во своите армии, меѓутоа оние кои имаат постигнато подвизи во еден бој се мерат со десетина. Таков е случајот со Осетиецот Хаџимурза Заурбекович Миљѕихов. Со автомат ППД-40 „Дегтјарев“ тој успеа да ликвидира 108 германски војници и офицери во само една борба.

Воениот пат на Хаџимурза Миљѕихов започнал на самата граница на 22 јуни 1941 година. Од касарната што горела успеал да го спаси знамето на својата единици, движејќи се во германската заднина успеал да се пробие до советските единици во реонот на Псков. По овој подвиг стариот водник и комсомолец Хаџимурза Миљѕихов се нашол во извидувачката чета на 163 пешадиска дивизија на 34 армија на северозападниот фронт. Бил на должност командир на одделение.

Неговиот одред добил задача да дејствува во непријателската заднина во Личковскиот реон на Новогородската област. На патот на Ефимов, Чернов и Хаџимурза Миљѕихов се нашол германски бункер од кој дејствувал митралез МГ-34. Хаџимурза Миљѕихов му се приближил на бункерот и фрлил во него граната, по што влетал со автомат ППД-40 „Дегтјарев“, при што ликвидирал седуммина Германци. Тројката заробила и еден ранет офицер, додека тројца германски војници избегале.

Со заробеникот тргнале на средба со другите извидувачки групи. Кога до зборното место останале уште 400 метри, Хаџимурза Миљѕихов и Ефимов забележале заседа во која имало 13 германски јегери, а на кои се приближиле одзади. Хаџимурза Миљѕихов предложил да го нападнат, но Ефимов не го прифатил овој предлог и тргнал на блеф, извикувајќи им на германски да се предадат. Германците почнале еден по еден да ги креваат рацете, но еден сепак припукал и на место го убил Ефимов, а Хаџимурза Миљѕихов од автомат успеал да ги покоси сите Германци. По ова следувала вистинска драма.

Хаџимурза Миљѕихов нашол остатоци од извидувачката група, меѓутоа сфатил дека сите се полесно или потешко ранети. Тој решил самиот да направи заседа и да го покрива повлекувањето на групата која ја бркаше германска чета. Со првите два диска успеал да ликвидира 39 германски војници, по што поради недостиг од муниција морал да гаѓа со поединечен оган.

Германците се обиделе да го опкружат, но Хаџимурза Миљѕихов успеал секој пат со прецизна стрелба да ги спречи овие обиди. Длабокиот снег не им дозволувал на Германците да се движат бргу, а сеќавајќи се на тоа Хаџимурза Миљѕихов велел „и снегот беше на моја страна“. За 30 минути борба добил три рани – во ногата, во стомакот и во вратот. На Хаџимурза Миљѕихов му останале два куршуми, во последен момент зад неговиот грб се слушнало „ура“! На помош стасал водот на поручникот Глухов кој се фрлил во јуриш на Германците. Хаџимурза Миљѕихов поради губење крв изгубил свест. За својот подвиг ни самиот не бил свесен. Војниците и офицерите кои дошле на помош изброиле 108 трупови на германски војници. Тие биле уште повеќе зачудени што поголемиот дел од нив биле ликвидирани со едно пукање. Новиот командир на четата, постариот поручник Љвовски предложил Хаџимурза Миљѕихов да биде награден со ѕвезда Херој на СССР.

Во тоа време Хаџимурза Миљѕихов во големи болки умирал во болница. Хирургот не успевал да му го извади куршумот од стомакот зашто во тек била Демјанската операција, поради која болницата била преполнета со ранети. Ненадејно во болницата влегол пилот кој го пронашол Хаџимурза Миљѕихов и му соопштил дека станал Херој на СССР.

Со авион итно бил префрлен во Москва каде добил помош од најдобрите хирурзи. Ѕвездата херој лично му ја врачил Михаил Калинин кој специјално за тоа дошол во болницата. По закрепнувањето префрлен е во внатрешните сили на НКВД каде се спротивставувал на чеченските бунтовници кои биле на страната на Германците. Последната рана ја добил токму во борба против чеченските банди, по што бил преместен во цивилна служба. Хаџимурза Миљѕихов почина во Владикавказ во 1998 година во осумдесеттата година од својот живот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња