На Крим реконструиран уникатен музеј со подземно пристаниште за подморници

Министерство за одбрана на Русија
Од денес, посетителите на „Објектот 825“ ќе можат да се запознаат со историјата на настанокот на поранешниот таен објект, системите за одржување на условите за живеење во него и ремонтот на сувиот док.

Градежните експертите на Министерството за одбрана на Русија ја завршија сеопфатната реконструкција на музејот на утврдувањето со подземно пристаниште за подморници и сув док во заливот Балаклава во Севастопол.

Воените градежни стручњаци ги обновија и реконструираа сите главни кластери, направија нов концепт за функционирање на музејските фондови и изготвија негова тридимензионална мапа, се наведува во соопштението на прес-службата на Министерството за одбрана на Русија. Специфичната атмосфера на автентичното атомско подземно засолниште од XX век е надополнета со современи мултимедијални технологии, светлосни, звучни и декоративни решенија, како и со оригинални инсталации кои користат оригинални експонати и артефакти.

Во различни сегменти на музејот е реконструиран голем број на интересни историски детали, вклучувајќи карта која го прикажува распоредот на подморничките бази на територијата на СССР во 1980-тите, шема на делување на моќните заштитни порти, макета на Балаклавскиот подземен комплекс со динамично осветлување на системите за одржување на условите за живеење и шемата за снабдување со гориво.

Тајната подземна база на советската Воена морнарица беше изградена кон средината на минатиот век за одржување на подморници и можеше да издржи директен удар на атомска бомба со сила од 100 килотони, што е пет пати посилни од силата на нападот врз Хирошима.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња