„Вооружувањето“ обично се монтираше на обични камионски шасии.
Еден од првите камиони од овој тип беше ПУ-2, базиран на камионите ГАЗ-АА. Токму овие возила ги поставија темелите за создавање на големото семејство советски комунални камиони што следеа.
Се користеше и за зимско чистење на снег.
Првите Пу-2 имаа одзади големи четки и неколку помали отстрана. Но, оваа конструкција имаше свои недостатоци: камионите беа претешки со слаби маневарски способности. Затоа во 1938 година беа заменети со моделот ПУ-5.
Кај овие сите четки беа со иста големина, што им овозможи на конструкторите да ја намалат тежината на возилото и да ги зголемат неговите маневарски способности.
До 1946 година, по една година работа, СССР произведе околу 40 сосем нови ПУ-7.
Во меѓувреме, веќе во 1936 година, се појавија возила за миење на улици ПМ-4, базирани на шасија на камион ЈАГ-4.
На камионот беа поставени цистерна за вода и четири водени топа (два напред и два странично).
ПМ-4, на пример, ја чистеа кружната низа на улиците „Садовое Кољцо“ во Москва по маршот на поразените Германци на 17 јули 1944 година.
Со текот на времето се појавија подобрени верзии на водени топови кои подобро ја распрскуваа водата, создавајќи изедначено разлевање.
Во текот на зимата ПМ-4 се прилагодени за чистење на снег.
Новата верзија ПМ-6 се базираше на камиони ЗИС-5 и се појави на улиците на Москва во 1945 година. Имаше цистерна во вид на квадар со пумпа за вода и три водени топа.
Во исто време овие возила се користеа во Ленинград (денешен Санкт Петербург).
Мијачот на улици ПУ-20, врз база на камион ГАЗ-51, се појави на улиците во 50-тите години.
Ова возило ги миеше улиците со пет млазници и три четки (две странични и една одзади). Во просек се движеше со брзина од 9 до 20 километри на час, со максимална брзина од 40 километри на час.
По него во 60-тите следеше ПУ-53, монтиран на камион ГАЗ-52-02.
ПУ-53 имаше хидрауличен систем на четки и два заменливи контејнери за собирање отпад.
Овој жолт камион беше вистинска правосмукалка на тркала. ВПМ-53 имаше четки со црево за вшмукување.
МП-10 се појави во 50-тите години на минатиот век. Имаше два водени топа на предниот браник и еден отстрана.
Во 1970-тите се појави нова генерација мијачи на улици. Тие беа засновани на камиони ЗИЛ-130 и наречени ПМ-130. Изгледаа помодерно и имаа подобри маневарски способности.
ПМ-130 можеше да прска вода по пат во ширина 15-18 метри.
Кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите во градовите се појавија КО-304, КО-309 и КО-002.
А камионите кои денес ги чистат улиците во Русија изгледаат вака.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче