„Свадба во Ледената палата“, Валериј Јакоби, 1878 година
Државен руски музеј, Санкт ПетербургНа своето патување во Средоземноморјето кнезот Михаил Голицин до уши се вљубил во една млада Италијанка. Тогаш не можел ниту да сонува дека оваа страст засекогаш ќе му го смени животот и колку неволи ќе му донесе.
Врската на кнезот била проблематична од неколку причина. Нoвата жена на Михаил, како и поголемиот дел Италијанци, била католичка и прифатила да се омажи за рускиот кнез само доколку тој се откаже од својата православна вера и се заколне на верност на римскиот папа.
Ова не ѝ се допаднало на императорката Ана Ивановна, а таа била властољубива и импулсивна. Покрај тоа, се доживувала себеси како вешта сваќа и се гордеела со тоа. Според нејзиното мислење, одрекувањето од руската православна вера било неприфатливо за човек на толку висока позиција.
Штом добила повод, го казнила кнезот Михаил Голицин, и тоа на спектакуларен начин, може да се каже во барокен стил!
Ана Ивановна му била ќерка на царот Иван Петти Алексеевич. Родена е во 1693 година. На „личен план“ немала многу среќа. Како и поголемиот број млади девојки, особено со царска крв, била воодушевена кога ѝ нашле добра „можност“ и ја омажиле за Фридрих Волхелм, војводата од Курландија. Имала само 17 години кога му напишала на војводата: „Ништо не може да ми направи поголемо задоволство од тоа да слушнам како Вие ми изјавувате љубов“.
За среќа на Ана војводата починал на враќањето во Латвија, Историчарите сè уште дискутираат за причините за неговата смрт, но сите се слагаат во тоа дека војводата бил мошне пијан, и дека заедно со стрикото на Ана Петар Велики можеби многу испил на свадбената веселба во Петербург, Фридрих и Ана биле многу млади според денешните стандарди. Тој имал 18, а таа 17 години.
Портрет на императорката Ана Ивановна, непознат сликар, (1670-ти – 1917)
Музеј Ермитаж, Санкт ПетербургОткако останала без сопруг во туѓа земја, Ана им напишала стотина писма на своите, молејќи ги да ѝ најдат нов сопруг. Меѓутоа, Петар ја одбивал секоја нејзина молба, веројатно зашто не му се допаѓал нејзиниот темперамент, а можеби и сакал да избегне наследник кој би бил конкуренција на неговите сопствени потомци. Но, пред сè сакал да ја задржи контролата над Курландија од која Русија би морала да се откаже доколку Ана повторно се омажи.
По неколку години јалови обиди да најде нов маж, Ана одлучила да остане неомажена. Од една страна уживала да биде сваќа на своите поданици, а од друга бил навредена и мошне љубоморна на сите луѓе кои го нашле она што ѝ било ускратено, односно љубовта.
Но, затоа имала среќа во она од што Петар Велики се плашел. Имено, кога Петар Втори, внукот на Петар Велики, починал без да остави потомство, на рускиот трон седнала токму Ана Ивановна. Врховниот таен совет, извршен орган кој бил составен од претставници на богатите семејства, ја крунисал Ана со надеж дека ќе може лесно да ја контролира.
Меѓутоа, случајот со кнезот Михаил покажува дека членовите на Советот малку се прелажале.
Откако дошла на престолот Ана го прогласила за неважечки бракот на Михаил, а Италијанката избегала или бил депортирана. Кнезот бил целосно скршен, но царицата имала други планови за него. Кога се вратил во Петербург му го одзела сиот имот и титулата, а наместо тоа му доделила статус на дворски шут.
Оттогаш сите почнале да му се обраќаат на Михаил по име, и само по име, дури и кога би бил споменат во официјални државни документи. По цел ден седел во корпата во близина на масата на Ана и ѝ налевал квас.
Според некои податоци корпата во која седел била полна со јајца, а тој се преправал дека ги несе и така ги забавувал гостите. И тоа бил само почеток. Ана сакала да биде сваќа, па побрзала на својот дворски шут да му најде нова невеста. Ги разгледувале кандидатурите на неколку слугинки, за на крајот да ја избере најгрдата меѓу нив – подгрбавена млада жена со калмско потекло која се викала Авдотја. Историчарот Анри Труаја вели дека „таа била толку грда што дури и свештениците се плашеле од неа“.
„Дворските шутови на императорката Ана“, Валериј Иванович Јакоби, 1872 година
Третјаковскаја галеријаСвадбената церемонија била претворена во настан од невидени размери. Најсреќната двојка била облечена во лакрдијашка облека и на 6 февруари 1749 година била одведена во црква. По обредот на венчавање младенците на азиски слон во придружба на претставници од сите раи и народи во Руската Империја тргнале во својот нов „дворец“.
Дворецот бил направен од мраз. Таа година зимата во Русија била исклучително студена, па реката Нева на површината целосно замрзнала. По наредба на Ана војниците со денови влечеле санти мраз од брегот и ги искористиле за изградба на замок.
Резултатот на овој, на прв поглед неизводлив градежен потфат бил пофален како демонстрација на мафијата и на науката. Дворецот бил широк 18, а висок 9 метри, Во него имало скалила, балустрада и предворје. Колонадите биле украсени со статуи изрезбани во мраз.
„Свадба во Ледената палата“, Валериј Јакоби, 1878 година
Државен руски музеј, Санкт ПетербургСè било направено од мраз, па дури и спална соба – перниците, душеците и креветот, па дури и завесата на прозорците. Михаил и Авдотја имале само неколку секунди да разгледаат пред да бидат затворени внатре. Стражата го затрупала влезот, а царицата заминувајќи инсистирала нејзиниот дворски шут да ја исполни брачната обврска пред да умре од студ.
Задоволна од ваквиот пир Ана се повлекла во својот дворец од камен и дрва. Дали чувствувала грижа на совеста лежејќи во топлата постела покрај огнот додека нејзиниот дворски шут и неговата невеста се смрзнувале надвор? „Доколку некакво навестување на таква грижа на совест и се појавила во нејзината глава, најверојатно била истуркана од мислата дека сето тоа во согласност со слободите кои му се дозволени на секој владетел“, пишува Труаја во својата книга „Сурови царици“.
Приказната за ледениот дворец и за љубоморната царица која го изградила изгледа како сказна. Добра околност е што има и среќен крај, како и во сказните.
„Кабинетот на министри на Ана Ивановна“, Валериј Јакоби, 1889 година.
Регионален музеј на ликовната уметност во ОмскМихаил се разболел набргу откако се пуштила ноќта на Петербург. Неговиот костум на шут можеби би го спасил од смрзнување, но и двајцата биле без облека зашто таа им била одземена пред да бидат затворени во дворецот. Без никаква заштита од мразот Михаил почнал повремено да губи свест.
Откако сфатила дека животот на нејзиниот маж е во опасност Авдотја направила мошне благороден гест. Единственото што го имала на себе бил бисерниот ѓердан што царицата ѝ го дала како свадбен податок. Тоа било најскапоценото што некогаш го имала. И таа му го дала ѓерданот на стражарот во замена за бундата. Бундата ги греела цела ноќ. Така што следното утро, како што пишува Труаја, излегле само со настинка и со мали измрзнати делови.
Од статусот на шутови Михаил и Авдотја ги ослободила Ана Леополдовна, наследничката на Ана Ивановна, по што тие останале во брак. Авдотја починала во 1742 година и родила две деца.
Кога станува збор за Ана, таа починала од компликации предизвикани од камен во бубрегот во 1740 година, кога ледениот дворец веќе одамна се истопил и останал во сеќавањето на современиците како доказ на гневот на една историска личност. Гнев кој бил посилен од животот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче