Војници на Црвената армија на тен „Јосиф Сталин“ (ИС-2) пред Бранденбуршката порта во Берлин. Германија, крај на Втората светска војна, мај 1945 година.
Сергеј Шимански/SputnikЖителите на Берлин на 9 октомври 1760 година првпат ги здогледаа руските војници како влегуваат во нивниот град. Тоа беше во таканаречената Седумгодишна војска (1756-1763). Во тој конфликт кралството Прусија, чија престолнина била Берлин, се спротивстави на обединетите сили на Австрија и Русија.
Заземање на Берлин, 28 септември 1760 година
Александар КоцебуВиена и Санкт Петербург биле мошне загрижени поради агресивната политика на прускиот крал Фридрих Втори, за време на чие владеење Прусија создаде една од најдобрите армии на континентот. Порано малото кнежевство упорно ги ширеше своите територии и започна да прераснува во моќна држава. Војната беше неизбежна.
Русија можеше да ја заземе пруската престолнина уште во 1759 година, кога на 12 август сојузничките единици ја победија армијата на кралот Фридрих во битката кај Кунерсдорф. Меѓутоа, наместо да тргнат кон незаштитениот Берлин, сојузниците тргнаа на сосема друга страна, во насока на Котбус. Поразен, прускиот монарх овој настан го нарекол „чудото на Бранденбуршкиот дом“.
Но, затоа следната година ништо не можеше да го спаси градот. На почетокот на октомври кон Берлин тргна корпусот на рускиот генерал Захар Чернишев со 20.000 војници и корпусот на австрискиот генерал Франц Ласи со 15.000 луѓе.
Германците успеаја да го одбијат првиот напад на руските единици, но набргу на јужниот приод од градот се појавија Австријците. Пруските единици отстапија без борба. Сојузниците влегоа во градот на 9 октомври.
Рускиот генерал со саксонско потекло Готлиб Тотлебен бараше од градот прилично голема контрибуција во висина од 1.5 милиони талири, а како трофеј ги заплени сите кралски мануфактури и арсеналот. Меѓутоа, не дозволи да се ограби градот на што инсистираа Австријците, со оглед на тоа дека беа лути на Прусите. „Им благодариме на Русите, тие го спасија Берлин од ужасите со кои се закануваа Австријците на мојата престолнина“, ќе рече подоцна Фридрих Втори.
Русите и Австријците само три дена останаа во заземениот град. Откако дознаа дека кон Берлин тргнала армијата на прускиот крал со 70.000 војници, тие на 12 октомври набрзина го напуштија градот.
Руските единици во 1812 година на својата територија ја поразија „Големата армија“ на Наполеон, а потоа тргнаа кон ослободување на Европа од власта на „корзиканскиот човекојадец“.
Една од првите држави на нивниот пат беше кралството Прусија. Тоа во 1806 година доживеа низа тешки порази, по што изгуби речиси половина од својата територија и оттогаш беше принудено да се придржува кон француската политика. Затоа и во нападите на Наполеон на Русија учествуваа неколку десетина илјади Пруси.
Меѓутоа, кога во јануари 1813 година руските војници се појавија на границите на Источна Прусија, кралот Фридрих Вилхелм Трети сфати дека е дојдено време за промена на страната во војната. Пруските единици веднаш се приклучија на руската армија која напредуваше и се погрижија да ги протераат Французите од својата територија.
Во текот на февруари поголем дел од кралството беше ослободен, но непријателските раце сепак останаа неколку големи градови, вклучувајќи го и Берлин. Офанзивата на пруската престолнина ја предводеа единиците на генералот Николај Репин-Волконски и на Александар Чернишев. Вториот му беше роднина на Захар Чернишев и фактички ја продолжи семејната традиција на заземање на Берлин.
Неколку стотина козаци се пробија во градот на 20 февруари пред да пристигне главнината. „Започна така што на полноќ низ Бранденбуршката порта влегоа козаците, ги растераа и делумно ги убија стражарите кај портата и со невидена храброст одделно или во помали групи поминаа низ градот од едниот до другиот крај“, се сеќава еден жител на Берлин. Силите, меѓутоа, беа нерамноправни, така што овој одред мораше да отстапи.
Французите немаа доволно коњи и затоа никако не можеа да ги спречат летечките козачки одреди кои се пробиваа во француската заднина и им ги отсекуваа комуникациите. Кога на крајот руските единици ја форсираа Одра, командантот на гарнизонот маршал Лоран Гувон Сен-Сир одлучи да го напушти Берлин.
Французите се повлекоа во последен момент. Руските единици влегоа во градот веќе на 5 март. Жителите топло ги пречекаа. Генералот Петар Витгенштејн поднесе извештај дека „од сто илјади грла се слушаше 'Да живее Александар, нашиот спасител!', и на сите лица се гледаше голема радост и наклонот, така што ништо не може да ја прикаже таа извонредна слика...“
Советските единици на 25 април го затворија обрачот околу Берлин и веќе следниот ден тргнаа во решавачки напад на „ѕверската дупка“. Околу 400.000 војници на Црвената армија учествуваа во уличните борби, а градот го бранеа 200.000 војници на Вермахтот, припадници на СС-дивизиите и доброволци на Фолкштурм.
Советски единици за време на Парадата на Победата на сојузничките сили во Берлин.
Виктор Тјомин/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruГерманците направија сè за својот главен град да го претвори во тврдина која не може да се освои. Секоја улица беше линија на одбрана преполна со барикади, бункери, ровови и митралески гнезда. Непријателот го користеше берлинското метро за скриено и брзо префрлање на единиците. Во него војниците се криеја од советската артилерија и авијација.
Колку што советските војници беа поблизу до центарот на градот, отпорот беше пожесток. „Кога почнавме да приоѓаме на централните делови, каде се наоѓаа големите згради со гранитни темели, започнаа проблемите“, се сеќава помладиот воjник Павел Виник: „Да кажеме, пред нас има улица, а на раскрсницата зграда во која долните катови се претворени во пушкарници. Тоа е цела улица бришан простор. Ниту еден тенк не може да мине!“
Крвавите битки за Рајхстагот започнаа на 30 април. „Дејствата на луѓето во огромната зграда се распадна на поединечни борби“, пишува во своите мемоари генерал-мајор Василиј Шатилов: „Групите почнаа да се пробиваат на катот, често раздвоени, лошо ориентирајќи се во лавиринтите на ходниците и халите. Решавачка улога имаше иницијативата на овие групи и на секој поединечен војник“.
На покривот на Рајхстагот на 1 мај беше кренато црвено знаме, но борбите траеја уште цел еден ден.
По самоубиството на Хитлер на 20 април на положбите на советската команда стаса началникот на генералштабот на германските копнени единици, генерал Ханс Кребс. Тој понуди примирје, но доби одговор дека СССР ќе прифати само беспоговорна капитулација. Новото германско раководство не ја прифати оваа опција, така што борбите беа обновени со нова жештина.
Отпорот на бранителите на градот не траеше долго, така што веќе на 2 мај берлинскиот гарнизон капитулираше. Овој успех беше постигнат по цена на животот на над 75.000 советски војници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче