Зошто Црвената армија не ги уапси „српските“ потомци на Лав Толстој 1944 година во Југославија?

Војници на Црвената армија и Народноослободителната војска на Југославија во ослободениот Белград, 20 октомври 1944.

Војници на Црвената армија и Народноослободителната војска на Југославија во ослободениот Белград, 20 октомври 1944.

Vostock-Photo

Денешните московски Толстои во кругот на семејството се нарекуваат „српски Толстои“ затоа што се потомци на двајца внуци на Лав Николаевич кои 1945 година се вратија од Србија во СССР. Во интервју за јутјуб-каналот „Балканист“ познатата тв-водителка и правнука на познатиот руски писател Фјокла Толстаја раскажа за животот на нејзините предци во Србија.

Многубројните потомци на Толстој, родените деца и внуци кои доживуваат до 1917 година, ја напуштаат Русија по Октомвриската револуција (освен композиторот Сергеј Толстој). Внуците на рускиот писател Иљја Илич и Владимир Илич се бели офицери кои живеат во Србија од крајот на граѓанската војна, односно околу четвртина век.

Дедото на Фјокла Иљја Толстој е морнарички офицер на Белата армија која по граѓанската војна ја пронаоѓа својата сопруга дури во Србобран. Тој е високообразован човек, но во Кралството Југославија се грижи за своето семејство работејќи како чевлар, правејќи кукли... Фјокла Толстаја го објаснува тоа со фактот дека не сакал да земе државјанство на Кралството Југославија, туку живеел со таканаречениот Нансенов пасош за лица без државјанство. Додека неговиот роден брат Владимир Илич зема државјанство и работи како угледен агроном.

Таткото на Фјокла Никита Илич е роден во Вршац 1923 година. Интересно е што српски свештеник одбива да крсти дете со такво име, затоа што му било непознато. Никита веројатно ќе имал друго име доколку не бил српскиот епископ кој дозволил крштевање, знаејќи дека постои такво православно руско име.

На прашањето како потомците на Толстој и белите емигранти се чувствуваат кога пристигнала Црвената армија, Фјокла Толстаја одговара дека сфатиле дека немаат избор: или ќе бегаат понатаму на запад, или ќе останат, но ако останат, ќе се вратат во СССР.

Бидејќи нејзиниот татко Никита веќе е во врска со партизаните, во 1944 година лесно ѝ се приклучува на Црвената армија како доброволец и се бори во Унгарија и Австрија.

Неговиот татко и чичко, Иљја и Владимир, во Нови Бечеј се многу корисни за црвеноармејците затоа што го познаваат локалното население и ѝ помогаат на војската полесно да воспостави контакт со нив. Тие дури добиваат и благодарница од командата на Црвената армија за помошта при преминувањето на војската преку Тиса. Толстои чуваат слични документи кои подоцна ќе им бидат од корист. По Втората светска војна браќата Иљја и Владимир поднесуваат барање до советската влада да им биде одобрено ним и нивните семејства враќање  во Русија.

Никита Толстој се запишува на Филолошкиот факултет во Москва, а подоцна станува еден од водечките советски и руски лингвисти, слависти, фолклористи и доктор на филолошки науки.

На почетокот на разговорот со Олег Бондаренко, Фјокла Толстаја споменува дека нејзините предци заедно со покуќинината донеле и некои српски рецепти во СССР. А, она што таа го опишува како еден од нејзините омилени е најверојатно намазот од модар патлиџан, малиџан или зелен ајвар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња