На 8 август 1981 година екипаж на 255 летечки одред изведе летови со хеликоптер Ми-6 со цел истражување на наоѓалиште на нафта. Во паузата меѓу летовите хеликоптерот зеде гориво во Калампур (Јамало-Ненецки округ, 2400 километри од Москва). Заедно со товарот хеликоптерот полета, но пет минути подоцна на висина од 150 метри му откажаа двата мотора.
Екипажот од пет члена изведе принудно слетување на хеликоптерот во мочуриште 60 километри југоисточно од градот Тарко-Сале. Никој не беше повреден, меѓутоа хеликоптер беше значително оштетен.
Истрагата утврди дека при полнењето гориво во резервоарите работниците на Тарко-Салинската експедиција заедно со бензин по грешка сипале и вода. Тоа беше причината за откажувањето на моторите.
За 40 години хеликоптерот не беше изваден од мочуриштето, но некој му ги украде опашката и моторите. 40 години исто така немаше информации во градските и локалните медиуми за планирана евакуација на хеликоптерот.
Притоа Ми-6 не е единственото советско летало што останало напуштено среде шума. На само еден час од Москва, во реонот Луговаја на градот Лобња, може да се види напуштен Ан-2 од 1949 година, тнр. „кукурузник“. Го купил и поставил сопственик на кафуле.
Уште еден авион Ту-134, произведен 1974 година, се наоѓа на брегот на морето 50 километри од Владивосток на територијата на поранешен логор. Според информациите на локалните медиуми, бил купен и донесен од локален претприемач. Тој планирал да го реставрира авионот и да изгради хотел покрај него, но пандемијата на коронавирусот му ги наруши плановите. Сега кај напуштениот авион доаѓаат локални жители и туристи за да се фотографираат.
Најимпресивно меѓу напуштените летала изгледа екранопланот „Луњ“, единствениот борбен хибрид на авион и брод, кој се наоѓа во напуштена состојба на брегот на Каспиското Море во Дербент (Република Дагестан, околу 2000 километри од Москва).
Изградбата на планот за екран започна во фабриката „Волга“ во Нижни Новгород (422 километри од Москва) 1983 година. Беше спуштен во вода 1986 година. „Луњ“ беше наменет за ракетни напади врз непријателски бродови, а неговата максимална брзина беше 500 километри на час.
Во 1990 година „Луњ“ беше предаден на пробна употреба, но една година подоцна проектот беше стопиран поради распадот на СССР и прекинот на финансирањето. Екранопланот долго време се наоѓаше во градот Каспијск, каде што беше тестиран. Во јули 2020 година беше пренесен на територијата на паркот „Патриот“ во Дербент, каде би требало да биде главниот експонат. Не е познато кога паркот ќе биде завршен, но мештаните и туристите од разни градови на Русија веќе се фотографираат со главното „морско чудовиште“ на Дагестан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче