Го нарекуваа Чечен и беше познат по својата височина. Ахтаев заедно со другите членови на заедницата Чечени и Ингуши на која ѝ припаѓаше во 1944 година беше депортиран во Карганда во Казачката ССР.
Во времето на депортацијата Ахтаев имаше само 14 години, а веќе беше висок 2 метри. За среќа, идниот спортист ги преживеа последиците од депортацијата, за разлика од многумина негови сонародници.
Животот на новото место му беше тежок. Луѓето мораа да крадат храна и дрва за да имаат што да јадат и за да можат да се загреат. Еднаш еден среќен случај го спаси Ахтаев од затвор и го насочи кон спортот.
14-годишниот Ахтаев крадеше древни прагови од железничката пруга за да ја загрее својата семејна куќа, но го фати полицијата. Изненаден од способноста на момчето истовремено да носи четири дрвени прага и да бега од полицијата, полицаецот што го фати на дело не го однесе во затвор, ами во спортски клуб. Оттогаш животот на овој извонредно висок младич беше предодреден за успех.
Во најдобрите години Ахтаев беше висок 236 сантиметри. Тежината му варираше од 160 до 200 килограми. Ахтаев стана првиот кошаркар во СССР кој можеше да постигне два поени за зачукување.
Ахтаев никогаш нема играно за советскиот олимписки тим, зашто му е понудена позиција под услов да го промени името и националноста во официјалните документи. Тој го одби тоа и ги пропушти Олимписките игри во 1952 година во Хелсинки во Финска.
Ахтаев почина во јуни 1978 година. Пред смртта бараше од роднините да го погребат во гроб со стандардна величина за да не го привлекува вниманието на посетителите на гробиштата.
Во младоста абнормалната височина на Сизоненко се сметаше за болест, но лекувањето не доведе до очекуваните резултати и детето продолжи да расте. Роден во 1959 година во Украинската СССР, Сизоненко беше висок 237 сантиметри кога играше во советската прва кошаркарска лига за „Спартак“, а подоцна за „Строитељ“.
Во 1986 година Сизоненко беше принуден да се повлече од спортот поради здравствени причини. Во текот на животот не престана да расте, достигнувајќи 243 сантиметри во времето на смртта во јануари 2012 година.
Арвидас Ромас Сабонис е веројатно најуспешниот кошаркар на оваа листа. Роден во Литванската СССР, Сабонис стана олимписки шампион кога во 1988 година го освои златото на Олимпијадата во Јужна Кореја, играјќи на позицијата центар во тимот на Советскиот Сојуз. Исто така, неколку пати е прогласен за најдобар европски кошаркар на годината.
Во 2011 година, со висина од 221 сантиметар, Сабонис стана највисокиот кошаркар кој дотогаш беше примен во Кошаркарската куќа на славните, иако подоцна за три сантиметри го надмина Американецот Ралф Сампсон.
Сабонис е признат како еден од најдобрите играчи на позицијата центар, вклучувајќи ја и НБА. Неговиот рекорд го нема соборено ниту еден кошаркар од поранешниот Советски Сојуз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче