Последната страшна офанзива на германската армија во Втората светска војна (ФОТОГРАФИИ)

Getty Images
Пролетта 1945 година советските единици биле само неколку десетина километри од Берлин, но Хитлер одлучил да им зададе тежок удар на сосема друго место.

Во утринските часови на 6 март 1945 година по масовна артилериска подготовка на положбите на советските единици на подрачјето на унгарските езера Балатон и Веленца и реката Драва се упатила лавина германски тенкови и пешадија. Германската армија тргнала во операцијата „Пролетно будење“. Излезе дека тоа беше нејзината последна голема офанзива во Втората светска војна.

Втора светска војна, Источен фронт.

Пролетта 1945 година ситуацијата на Источниот фронт беше катастрофална за Германија. Црвената армија веќе практично беше на приодите на Берлин, на само 70 километри од влезот во градот. Во еден момент советските единици зеле здив, подготвувајќи се за решавачкиот марш на престолнината на Третиот рајх. Токму тогаш Германците тргнаа во офанзива, и тоа многу појужно, на територијата на Унгарија. Нивната цел беше изненадениот непријател да го потиснат преку Дунав и на тој начин да ги осигурат последните големи наоѓалишта во Западна Унгарија и Австрија. Загубата на овие наоѓалишта на Германците би им го оневозможило понатамошното војување.

Голема татковинска војна, тенковски обрач околу Берлин.

За „Пролетно будење“ ангажирани си значителни сили, вкупно 430.000 војници, над 800 тенкови и самоодни оружја, 6.000 артилериски оружја и минофрлачи, и над 800 авиони. Главната ударна сила беше Шестата тенковска СС-армија на генерал полковник Јозеф Дитрих, која специјална за оваа операција беше префрлена од Западниот фронт.

Германските тешки тенкови Панцер 6 Тигар беа масовно користени во борбите и напуштани при повлекувањето.

На Германците во Унгарија им се спротивставиле силите на Третиот украински фронт чиј број изнесувал над 400.000 лица (вклучувајќи ги и сојузничките бугарски и југословенски единици) со 6.800 артилериски оружја и 700 авиони. Сериозен проблем бил недостигот од тенкови. Советските единици биле исцрпени по зимските борби за Будимпешта и сега на располагање имаа само 400 тенкови.

Втора светска војна 1939-1945 година, Будимпештанска офанзива на советската војска. Војниците на Третиот украински фронт со автомати во улични борби за ослободување на Будимпешта.

Подготовката на „Пролетно будење“ беше најстрого чувана тајна, но командата на Црвената армија, благодарение на разузнавачката служба, однапред дозна за неа, па подготвуваше длабока ешалонирана одбрана. Се очекуваше Германците да тргнат во офанзива најдоцна до средината на март. Не беа познати само главните правци на нападот.

На шести март беа водени крвави борби на брегот на Драва, каде се бранеа бугарските и југословенските единици, до подрачјето помеѓу езерата Балатон и Веленца, каде најсилно удри Шестата тенковска СС-дивизија. „На Балатон нашиот пол имаше огромни загуби“, напиша подоцна поручникот на 877 артилериски полк Едуард Меликов: „На положбите на нашата дивизија истовремено тргнаа 200 германски тенкови, така што нашите хаубици отворија директен оган. Тоа беа мошне тешки борби. Нашиот полк во текот на целата војна не изгуби толку луѓе колку во Унгарија“.

Решавачка улога во кршењето на непријателот одигра и противтенковската артилерија. Често артилерците храбро се бореа дури и кога пешадијата повеќе не ги покриваше зашто беше разбиена или се беше повлекла. А, кога ќе останеа без оружје, и самите често се бореа како пешадинци. Широко се применуваше тактиката на заседа, кога добро камуфлираните советски самоодни оружја и тенкови од голема близина отвораа оган на колона непријателски тенкови.

Артилериска посада во борба.

Вечерта на 6 март командантот на групата армии „Југ“ генерал Ото Велер, го извести началникот на Генералштабот на Копнените единици Хајнц Гудеријан: „Тенковите тешко се движат по непристапниот терен поради калта, а сите патишта се полни од мински полиња и непријателска артилерија. Пешадијата не можеше да обезбеди брзо пробивање до положбите, а во тешките борби се потроши многу муниција поради што војниците можеа да останат без куршуми. Излезе дека непријателот ја очекува нашата офанзива и дека се подготвил за неа, иако не го знаеше точното време на почетокот и главните места на кои ќе биде извршен нападот“.

Ото Велер (лево) и Фердинанд Шернер, 1944 година.

По неколку дена тешки борби, германските единици и покрај големите загуби, сепак успеаја да пробијат две линии на советската одбрана. Командантот на Третиот украински фронт, маршалот на Советскиот Сојуз Толбухин, се обрати до Штабот на врховната команда со молба да се ангажира Деветтата гардиска армија која беше во резерва. Тоа не му беше одобрено (оваа армија се чуваше за офанзива на Австрија). Му беше препорачано да се задоволи со расположливите сили.

И покрај локалниот успех, германската офанзива спласна. Единиците продреа најмногу 30 километри во длабочината на територијата што ја контролираше Црвената армија, а на 15 март почнаа да се бранат. „Исчезнаа сите шанси да постигнеме голем успех“, пишува во своите мемоари Хајнц Гудеријан: „Спласна борбеноста на СС-дивизиите, која претходно беше на висина. Цели единици се повлекуваа и покрај наредбата, користејќи го огнот што тенкистите упорно го отвораа. Повеќе не можеше да се смета на овие дивизии. Ова беше последната капка во чашата на трпението на Хитлер. Тој страшно се разгневи и нареди на војниците од овие дивизии од ракавите да им се тргне називот на единицата“.

Припадници на нацистичката пожарникарска служба.

Шестата тенковска СС-дивизија во борбите на подрачјето на езерото Балатон изгуби над 250 тенкови и самоодни артилериски оружја, од кои повеќе не можеше да закрепне. Веќе на 16 март, следниот ден по завршувањето на „Пролетно будење“, Црвената армија тргна во офанзива на Виена. Набргу потоа целата територија на Унгарија беше конечно ослободена од германските единици.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња