Што сè правел СССР за да дојде до американски борбени авиони

F-111 над Северното море

F-111 над Северното море

Public domain
За да зароби американски ловци, Советите често организирале комплицирани и креативни операции. Но, понекогаш било доволно да ги поткупат пилотите.

Американски F-86 Сејбр (лево) од епохата на Корејската војна кого го брка МиГ-15 со севернокорејски обележја за време на симулирана битка на биеналето на аеромитингот во базата на Воздухопловната гарда на САД „Селфриџ“ кај Мичиген, 23 јули 2000 година.

Студената војна помеѓу САД и Советскиот Сојуз биеше во златната доба на воената авијација. Во текот на бројните локални конфликти ширум светот ловците и бомбардерите кои на завојуваните страни ги испорачуваа двете суперсили не беа незначаен фактор.

Џенерал Дајнамикс F-111A (SN 63-9768, трети прототипски авион) со трапезни крила за време на слетување, 15 октомври 1964 година.

Од тоа чиј авион ќе биде побрз, маневарски поспособен и поиздржлив често зависел не само исходот во воздушните борби, ами и крајниот резултат дури и кај чисто локалните судири. Во вакви услови од витална важност било да се набави непријателска техника и истата да се запознае до најситни детали.

Лов на Сејбр

Кимпо, Јужна Кореја, 1952 година.

Млазните ловци МиГ-15 и F-86 Сејбр беа речиси рамноправни во натпреварот на небото над Кореја за време на војната што избувна на почетокот од педесеттите години од минатиот век. И двете страни се обидоа да набават непријателски авиони, но во тоа успеа само СССР.

Во април 1951 година во Северна Кореја стаса специјална група пилоти на ловци на чело со потполковникот Ѕјубенко. Задачата на групата беше да го принудат F-86 да слета на севернокорејскиот аеродром.

Поглед на ловците на борбената линија додека се подготвуваат за битка.

Иако групата не успеа во својата намера, Сејбр сепак набргу дојде во советски раце. Во текот на една борба на 6 октомври истата година советскиот потполковник Евгениј Пепељаев толку прецизно го погоди американскиот авион, што тој речиси неоштетен се спушти на севернокорејскиот брег. Пилотот успеа да го собере спасувачката служба на американското Воено воздухопловство, додека ловецот беше заробен и испратен во Москва.

Мајор Билт, кој има соборено шест јапонски авиони во Втората светска војна. Леташе во 37 акции на Сејбр во состав на 5 воздушна армија која водеше воздушни борби против мигови.

Во СССР решија да го копираат „убиецот на мигови“, како што западните медиуми го нарекоа F-86. За креирањето на „советскиот Сејбр“ конструкторот Владимир Кондратев од Сталин доби рок од една година. Тој не успеа во овој потфат, а по смртта на водачот, проектот беше напуштен. На крајот беше одлучено советската воздухопловна индустрија да преземе определени системи, компоненти и материјали од трофејниот ловец.

Советски ловец МиГ-15 со оштетувања по воздушната битка за време на војната во Кореја.

Кога станува збор за Американците, за да дојдат до руски МиГ-15 тие на 1 ноември 1950 година ја иницираа операцијата Moolah. На севернокорејските пилоти кои со исправни авиони ќе пребегаа во Јужна Кореја им беше ветувана богата награда. Сепак, операцијата не успеа. Дури на 21 септември 1953 година, кога војната веќе беше завршена, пилотот Но Гим Сок слета во авион МиГ-15 на јужнокорејската воздухопловна база Кимпо во близина на Сеул.

4 ловци F-86E Сејбр во состав на 51 грипа ловци-пресретнувачи над Кореја на 22 мај 1953 година. Авионите FU-649 и FU-653 се модел F-86E-5-NA, FU-793 е модел F-86E-10-NA, додека FU-882 е модел F-86E-6-CAN кој оригинално го произведе Канада, но го испорача на американското воздухопловство.

Лов на „Африканскиот мравојад“

На 17 март 1968 година во Виетнам стасаа шест најнови американски ловци-бомбардери F-111 „Африкански мравојад“. Поради способноста да се појавува неочекувано и речиси нечујно, молскавично да извршува напади и да исчезнува без трага Виетнамците го нарекоа „шепот на смртта“.

Советските разузнавачки служби се запознаа со „Африканскиот мравојад“ уште пролетта 1967 година на Меѓународниот аерокосмички салон во Бурже. Иако американската воена полиција грижливо го чуваше авионот, советските агенти повеќе пати го фотографираа од различни агли. Остана најтешкото: да се запознае неговата внатрешност.

F-111 Африкански мравојад

Во акцијата „шепотот на смртта“ не се покажа толку страшен како во приказните. Веќе неколку недели откако авионот стаса во Виетнам силите на ПВО на Виетнамската народна армија соборија два „Мравојади“, а уште еден беше заробен и испратен во СССР.

Постојат неколку верзии за тоа како Советите го набавиле „Мравојадот“. Според едната од нив F-111 кој ноќе летал на мала висина е „придушен“, односно со помош на радиопречки е прекината неговата врска со базата. Советски пилот во ловец притоа го потиснал авионот кон земјата и го принудил да слета на севернокорејскиот аеродром.

Меѓутоа, некои сметаа дека советските стручњаци во тоа време не поседувале технички можности да ја блокираат радиоврската на авионот со базата. Според оваа верзија, едноставно станува збор за подмитување на пилотот кој самиот ја исклучил врската.

Инаку, Виетнамската војна беше богат извор на трофеи за Советскиот Сојуз. Освен F-111 Москва зароби и авиони F-4, A-37 и F-5E, хеликоптер СН-47А Chinook, ракета AIM-7 Sparrow и уште неколку стотини модели американско вооружување и воена техника.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња