Откако ја освоија власта во Русија 1917 година, болшевиците немаа намера да запрат на оствареното. Нивните планови беа далеку поамбициозни од градењето социјализам во само една земја, комунизмот мораше да триумфира во целиот свет.
Согласно марксистичката идеологија, револуцијата што започна во една земја, неизбежно ќе се прошири на другите држави, што на крајот ќе доведе до воспоставување на политичкото владеење на пролетаријатот насекаде. „Социјалистичката револуција во Европа мора да дојде и таа ќе дојде“, напиша Ленин 1918 година. „Сите наши надежи во конечна победа на социјализмот се темелат на тоа верување и на таа научна прогноза“.
Болшевиците интензивно ги поддржуваа револуционерните движења во странство и им даваа сеопфатна помош колку што можеа. Меѓу другото, и со посредство на Коминтерната, организација што ги обединуваше комунистичките партии од разни земји.
Советско-полската војна (1919-1921) беше одлична можност за Москва да ја советизира Европа. „Преку трупот на белата Полска води патот кон светскиот пожар. На бајонети ќе му донесеме среќа на работното човештво. На Запад!“, стоеше во наредбата на командантот на Западниот фронт Михаил Тухачевски.
Неочекуваниот тежок пораз на Црвената армија кај Варшава во август 1920 година стави точка како на победата во војната, така и на идејата за извоз на револуцијата во европските земји по воен пат. Покрај тоа, црвените револуционерни сили во светот во тоа време доживуваа крах, а „советските републики“ што никнаа во Германија, Унгарија, Романија, Словачка и Иран се покажаа како кревки и со краток век. Покрај тоа, Москва брзо сфати дека нема да може без воспоставување дипломатски и трговски врски со западните земји.
Од средината на 1920-тите, идеите за светска револуција, воена агресија во капиталистичките земји и отворена поддршка за револуционерните движења исчезнуваат од реториката на советското раководство. Во однос на ширењето на комунизмот во светот, СССР започна да делува потаинствено и повнимателно.
„... да живее социјалистичката револуција ширум светот“. 16/IV. Доаѓањето на В.И. Ленин во Петроград, 1917 година.
Другарот Ленин ја чисти земјата од лошите духови.
Коминтерна. Пролетери на сите земји, обединете се!
Смрт за светскиот империјализам.
Руска Социјалистичка Федеративна Советска Република. Пролетери на сите земји - обединете се. Од пламенот на револуцијата ќе се појави црвен доброволец на страв на светската буржоазија.
Пролетери на сите земји – обединете се!
Угнетените пролетери на колониите под барјакот на пролетерската револуција стануваат во борба против империјализмот.
Црвена Москва – срцето на светската пролетерска револуција.
Наскоро целиот свет ќе биде наш.
Интернационала.
Да живее комунистичката интернационала.
Патот до октомври. Пролетери на сите земји – обединете се! Да живее сојузот на работниците и селаните. До светска револуција.
Пролетери и угнетени народи ширум светот – станете во борба за светски октомври!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче