Човекот што го уништи СССР: Михаил Горбачов полни 90 години

AP
На втори март првиот и последен претседател на СССР полни 90 години. Во нашата галерија запознајте се со животниот пат на добитникот на Нобеловата награда за мир.

Михаил Горбачов е роден во 1931 година, во времето кога Сталин со својата „железна рака“ се обидувал да ги ликвидира селаните како власт. Биле забранети приватните стопанства, создавајќи колективни, и подготвувал нови видови терор против оние кои не се сложувале. Никој во тој момент не можел ни да претпостави дека шест децении подоцна приватното претприемништво ќе биде дозволено, и сето тоа благодарение на момчето до севастопољско село на Северен Кавказ.

Горбачов израснал во обично селско семејство. Во детството и во младоста работел на поле на комбајн, па така многу добро знае што е тоа Сталинова колективизација. Меѓутоа, еден од неговите дедовци раководел со колхоз, па стравовите на колективизацијата, олицетворени во глад и робија, не го допреле неговото семејство.

Михаил Горбачов со сопругата Раиса

По војната (нивното село четири месеци било под германска окупација) Горбачов го завршил училиштето со одличен успех и станал комсомолски активисти, па дури и добил орден Црвено знаме на трудот за помош на татко му комбајнер за време на рекордна жетва.

Vladimir Musaelyan, Eduard Pesov

Подоцна ова искуство му помогнало да стане министер за земјоделство на СССР. Меѓутоа, претходно се запишува во најдобрата високообразовна установа во земјата, правниот факултет при Московскиот државен универзитет. Во тој момент, како што самиот велеше, кај него ќе започне долготрајниот процес на преиспитување на историјата на земјата кое ќе го следи со години.

Михаил Горбачов со сопругата Раиса.

Со идната сопруга Раиса, која во текот на целиот живот ќе му биде верен соработник и најдобар пријател, се запознал во 1950 година. Свадбената веселба ја направиле во трпезаријата на студентскиот дом три години подоцна.

Михаил Горбачов и кубанскиот лидер Фидел Кастро

Партиската кариера на Горбачов напредувала со молскавична брзина. Добил лојалност кај луѓето од вториот и од третиот ешалон зад Леонид Брежњев, а и кај шефот на државата исто така бил на добар глас. Неформално припадниците на комунистичката номенклатура го нарекувале „господар на Ставропољ“.

Михаил Горбачов и британската премиерка Маргарет Тачер

На чело на државата Горбачов застана во 1985 година. Тој многу се разликуваше од многумина свои претходници на местото генерален секретар на партијата, а кои не можеа да се пофалат ниту со добро здравје, ниту со бистар ум. Млад (54 години за политбирото биле младост), здрав, отворен, образован, без страв од директна комуникација со луѓето на улица, Горбачов беше симпатичен како на Запад, така и кај советските луѓе, желни за промена. Франсоаз Саган забележала: Сосема неочекувано нормален човек.

Прифаќајќи ја најзначајната државна функција на генерален секретар на ЦК КПСС, сфатив дека повеќе не може да се живее на ист начин и дека себеси нема да можам да си дозволам да го задржам тоа место доколку немам поддршка во остварувањето на клучните промени, велеше Горбачов. И промените се случија молскавично.

Најпрво се фати во костец со најголемиот проблем на земјата на која вотката и нејзините сурогати се закануваа со изумирање, започнувајќи голема кампања против алкохолизмот.

Откако се најде на чело на државата се сретна со претседателот на Соединетите Американски Држави Роналд Реган. Лидерите на двете држави за првпат по долго време си подадоа еден на друг рака. Тоа беше почеток на крајот на „студената војна“ и на нуклеарното разоружување. Новата реалност се одвиваше со голема брзина.

Михаил Горбачов сo претседателот на САД Роналд Реган

Горбачов го лиши КПСС од уставниот статус на монополист во политичкиот систем и организираше масовна чистка во нејзините редова. Во земјата се одржаа демократски избори, законски е укината цензурата и завршени беа други лоши практики, како што е да кажеме државниот монопол во надворешната трговија.

Потоа неколку пати се сретна со американските лидери. „Ова момче е перестројка“, рече за него Буш постариот во една пригода.

Михаил Горбачов и претседателот на САД Џорџ Буш

Горбачов го започна повлекувањето на советските единици од Авганистан на 7 април 1988 година.

Две години подоцна ќе ја одигра клучната улога во обединувањето на Германија и во падот на Берлинскиот ѕидот. Во март 1990 година станува прв и како што ќе излезе единствен претседател на СССР кој на чело на државата има дојдено на демократски избори.

Михаил Горбачов и првиот секретар на Единствена социјалистичка партија на Германската Демократска република Ерих Хонкер.

„За водечката улога што ја одигра во мировниот процес“ Горбачов во 1991 година ја добива Нобеловата награда за мир и засекогаш се запишува во историјата.

Меѓутоа, внатрешната политика на ненасилство и демократизација имаше свои последици, земјата ја зафати виор на меѓунационални судири. Главната забелешка која до денешен ден му се упатува на Горбачов е распадот на Советскиот Сојуз.

Михаил Горбачов со претседателот на САД Роналд Реган

По 1991 година се повлекува од високата политика и го основа фондот Горбачов и Меѓународниот зелен крст и станува жестока опозиција на првиот претседател на РФ Борис Елцин. Во 2014 година на студентите на МГУ им призна дека е одговорен за распадот на Советскиот Сојуз.

„Се обидував да го зачувам, но не успеав <...> И за тоа носам одговорност. Никој не ме смени, сам заминав зашто не можев да се изборам“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња