Споменик на Рузвелт во Рузвелтовата улица.
Сергеј Малгавко/Sputnik/Legion MediaТоа е единствената улица во Русија која го носи името на некој американски претседател. Така е наречена на 31 март 1960 година во чест на Френклин Делано Рузвелт (1882-1945), 32 претседател на САД по повод неговото учество на конференцијата во Јалта од 4-11 февруари 1945 година.
Конференцијата на Јалта (Крим), Рузвелт и Сталин, февруари 1945. СССР, Втора светска војна. Фотографија на Војската на САД.
Претходно таа улица се викаше „Булеварска“ и „Крајбрежна“. Таа е една од првите улици во Јалта што се протегаат по должината на морскиот брег. Долга е само 200 метри.
Улицата „Џон Рид“
Google mapsУлицата „Џон Рид“ се наоѓа во новиот дел на Санкт Петербург изграден во втората половина на ХХ век. Името го доби на 3 март 1975 година кога беше долга само 250 метри. Дури по 1990-тите тука беа изградени повеќе згради така што улицата сега е долга цел еден километар.
Американскиот писател, револуционер и репортер Џон Рид во Москва 1920 г. СССР.
Getty ImagesЏон Рид (1887-1920), новинар и комунистички активист, се прослави во целиот свет кога ја напиша книгата „Десетте дена кои го потресоа светот“, каде што како сведок на настаните ја опиша Октомвриската револуција. Рид во 1917 година беше во Петербург и беше близок со врвот на болшевиците. Се среќаваше со Лав Троцки, Ленин и другите водечки болшевици. Беше страстен поборник и заштитник на комунистичкиот режим во Русија. Умре во Москва 1920 година од тифус по патување во Баку. Погребен е пред ѕидините на Кремљ.
Името на Џон Рид е често во советската топонимија поради неговите левичарски ставови. Постојат уште три улици „Џон Рид“ – во Чехов, Серпухов (двата града се во Подмосковјето) и Астрахањ.
Улицата „Марк Твен“, Волгоград.
Google mapsОчигледно е дека големиот писател Марк Твен (1835-1910) никогаш не бил во Волгоград (поранешен Сталинград) ниту во Дербент, древниот граду-тврдина во руската Република Дагестан (иако еднаш сепак бил во Русија!). Двете улици го носат неговото име затоа што тој е толку добро познат и омилен во Русија. Може да се каже дека тој во Русија е најомилениот американски писател.
Марк Твен
Legion MediaПовеќето Руси всушност и не знаат дека Марк Твен е Американец. Неговите книги во Русија се третираат како наследство на универзалната култура на англиски јазик, како книгите на Чарлс Дикенс и Радјард Киплинг. За разлика од овие двајца, Твен е многу поблизок до младите. „Доживувањата на Том Соер и Хаклбери Фин“ ги читаа речиси сите момчиња и девојчиња во советско време, кога тие книги беа на списоците за лектира.
Американските железнички мостови преку Обводниот канал, Санкт Петербург, Русија.
Legion MediaТехнички гледано мостот не е улица, но е секако топоним кој се прикажува на картата. Американските мостови во Санкт Петербург навистина се направени од Американците.
Тоа е група од пет железнички мостови преку Обводниот канал во Санкт Петербург. Првпат се подигнати во текот на 1840-тите за време на изградбата на железничката пруга Санкт Петербург – Москва.
Зошто се викаат американски? Проектирани се од познатиот американски инженер Вилијам Хау (1803-1852) додека градежните работи ги водел американскиот стручњак за пруги Џорџ Вашингтон Вислер (1800-1849), кого рускиот император Николај I го повикал да раководи со изградбата на целата железничка пруга. Првиот американски мост од 1840-тите бил од дрво. Во текот на 1860-тите е заменет со метален мост со истата конструкција, а во текот на 1910-тите во близина се подигнати уште четири моста за да се задоволат потребите од сé почестото користење на пругата.
Со одлука на санктпетербуршките власти мостовите на 31 декември 2008 година го добија официјалниот назив „Американски мостови“, иако неофицијално отсекогаш се викаа така.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче