Пример за милиони луѓе и идол на Шварценегер: Почина олимпискиот шампион Јуриј Власов

1961 година на Светското првенство во тешка атлетика одржано во Виена, Власов се сретна со слабичкиот австриски младич Арнолд Шварценегер. Рускиот спортист му се обрати накратко, велејќи му на Арнолд дека ќе има успех во сé доколку целосно внимание им посвети на тренинзите. Според зборовите на Шварценегер, од тој момент Власов станал негов идол.

Олимпискиот шампион во тешка атлетика Јуриј Власов почина во саботата, 13 февруари, во 86 година од животот. Освен злато на Олимпијадата 1960 година, Власов освои сребро на Олимпијадата 1964 година, четири златни медали на светските првенства и шест на шампионатите на Европа. Власов постави 31 светски рекорд, вклучувајќи пет во тробој, како и 41 рекорд на СССР.

1961 година на Светското првенство во тешка атлетика одржано во Виена, Власов се сретна со со слабичкиот австриски младич Арнолд Шварценегер. Рускиот спортист му се обрати накратко, велејќи му на Арнолд дека ќе има успех во сé доколку целосно внимание им посвети на тренинзите. Според зборовите на Шварценегер, од тој момент Власов станал негов идол.

1998 година, како веќе познат актери и бодибилдер, Арнолд Шварценегер дојде во Москва на снимање на акциониот филм „Црвена жега“. Во тој филм тој ја одигра улогата на капетан на советската милиција Иван Данко. Во хотелот „Советска“ беше одржана прес-конференција на која Шварценегер изјави дека тој ден сака да се сретне со Власов. Луѓето кои го следеа Шварценегер беа многу изненадени од таа вест, затоа што во планот немаше таква средба. Освен тоа, можеше да има проблеми со пронаоѓање на советскиот шампион. Но, Шварценегер беше решителен и не сакаше да го напушти СССР додека не се ракува со Власов. На крај американскиот актер успеа да го постигне науменото и 27 години по првата средба повторно го виде Власов, овој пат во спортската арена „Атлетика“ во Москва. Тука Шварценегер проба неколку справи за вежбање и на шега се туркаше на рака со Власов.

За спомен Шварценегер му остави на Власов своја фотографија со натпис: „На Јуриј Власов, мојот идол, со најубави желби“.

Денес поранешниот гувернер на Калифорнија и филмски актер на својата страница на „Твитер“ објави сеќавање на рускиот атлетичар.

„Јуриј Власов нé научи сите дека „невозможно“ е само збор. Беше првиот што подигна 200 килограми и ме инспирираше кога го сретнав како млад спортист 1961 година. Токму поради таквите луѓе како него не можам да кажам дека самиот себеси се создадов“, напиша Шварценегер.

Тој истакна дека кога поблиску се запознал со Власов, бил импресиониран од неговото знаење. Советскиот спортист умеел да разговара за поезија и политика, а книгите што ги носел со себе кога патувал биле потешките од теговите што ги кревал.

„Ми рече дека силата на телото е ништо во споредба со силата на умот. Беше еден од најсилните луѓе на светот и сметаше дека најголемата сила доаѓа од зборовите. Беше навистина единствен и се надевам дека неговата приказна ќе го инспирира секого од нас. Имав среќа да го познавам и многу ќе ми недостасува. Моите мисли се со неговото семејство“, заклучува Шварценегер.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња