Рускиот император Александар Втори е убиен на 1 март 1881 година во Санкт Петербург. Егзекуторот бил членот на „Народна волја“ Игнатиј Гриневицки, кој и самиот бил ранет во тој напад, а истиот ден им подлегнал на раните во болницата како неидентификувано лице. Уште пред овој настан многу клучни членови на „Народна волја“ биле уапсени, а некои и погубени. Во април 1881 година во Петербург биле обесени петтемина главни организатори за убиството на рускиот император. Во периодот од 1881 до 1884 година за револуционерна дејност биле осудени над 10.000 лица.
Александар Уљјанов
Public domainВладимир Ленин тргнал по стапките на својот постар брат Александар Уљјанов кој бил обесен во 1887 година поради учество во планирањето и подготовката на убиството на Александар Трети. Интересно е што Александар Уљјанов својата илегална организација jа нарекувал „Терористичка фракција на Народна волја“. Истата 1887 година „Народна волја“ повеќе не постоела, но токму таа го инспирирала Александар Уљјанов. Кои биле членовите на „Народна волја“?
Звучи парадоксално, но токму укинувањето на кметството непосредно го предизвикало основањето на револуционерните организации во Русија. Поделбата на земјата по укинувањето на кметството била неправедна. Многумина во тоа гледале ускратување на правата на обичниот народ во корист на благородништвото
„Вера Засулич“, сликар Георгиј Савицки.
Поради тоа во 1861 година околу 3.000 луѓе во десетина градови на Русија се обединиле во илегалната револуционерна организација „Земја и слобода“ која имала за цел да подготви селанска буна, но се распаднала по апсењето на Николај Чернишевски и Дмитриј Писарев, нејзините главни членови.
Неуспешниот обид за атентат на руската револуционерка Вера Ивановна Засулич (1849-1919) на началникот на петербуршката полиција од 1860 до 1878 година Фјодор Трепов (1830-1889). На судењето поротата ја ослободила.
Getty ImagesИстата организација повторно се појавила во 1876 година со цел целата обработлива земја во Русија да им се подели на селаните и целосно да се забранат социјалните касти како благородништвото, свештенството и селанството. Постоеле и други неприфатливи барања. Припадниците на „Земја и слобода“ организирала митинзи на работниците по што многумина биле апсени и завршувале во прогонство и во затвор. Некои од нив преминале на тактиката на теророт. Така во 1878 година револуционерката Вера Засулич пукала во петербуршкиот губернатор Фјодор Трепов. Потоа во 1878 и во 1879 година следувале неколку убиства на државни чиновници, а меѓу нив и агент на тајната полиција и кнезот Дмитриј Кропоткин, генерал-губернаторот на Харков.
Вера Засулич
Public domain„Теророт е страшна работа. Од теророт полошо може да биде само една работа: покорно да се трпи насилство“, велел Сергеј Степан-Кравчински, револуционер кој во август 1878 година го убил началникот на тајната полиција Николај Мезенцов.
Најрадикалните членови на „Земја и слобода“ во 1879 година ја формирале организацијата „Слобода или смрт“, чие постоење се чувало во најстрога тајна. Тоа била група револуционери кои сметале дека теророт е најдобар начин борба против царската власт.
„Седенка“, Владимир Маковски.
„Народна волја“ е основана во 1879 година на таен состанок во Липецк. Поголемиот број членови ѝ припаѓале на организацијата „Слобода или смрт“. „Се состанувавме на трупци и на соборени дрвја во околните шуми, и со себе носевме неколку шишиња пиво и мезе,, за нашите средби да изгледаат како обичен пикник“, напишал подоцна Николај Морозов, еден од основачите на „Народна волја“.
А. Жељабов и С. Перковскаја
П.Ј. ПјасецкиНа основачкиот состанок биле прочитани и разгледани статутот и програмата на идната „Народна волја“. Во програмата, меѓу другото пишувало: „Владата нè прогонува, нè затвора и нè убива, а покрај тоа и ни го конфискува нашиот имот, па затоа ние имаме право да возвратиме на ист начин“. На последниот состанок Александар Михајлов му изрекол смртна пресуда на императорот Александар Втори, завршувајќи со описот „долги колони млади луѓе протерани во сибирската тундра поради љубов кон татковината, исцрпени и опаднати лица на затвореници и гробови на непознати борци за слобода“.
Од тој момент, пишува Морозов, сите активности на луѓето кои се состанаа во Липецк беше насочена кон убиството на рускиот император. „Сите сили, сите лични симпатии и антипатии, целиот живот на секој член [на Извршниот комитет] треба да се жртвуваат за постигнување на целите на Комитетот“, пишувало во Статутот на Извршниот комитет на „Народна волја“. Според Статутот, членството во Извршниот комитет можело да се угаси само со смрт.
Што ги поттикнало членовите на „Народна волја“ да постават олку ужасна цел? Веднаш по селанските буни 1861-1863 царската власт презела остри репресивни мери кон бунтовниците. Имало над 2.000 буни, од кои 700 се задушени со сила. Истовремено власта дејствувала и против младите револуционери и пропагандисти на „народниците“, односно луѓето од народот кои заминувале во руските села да агитираат кај селаните. „Народниците“ сметале дека треба да се живее меѓу селаните и се труделе да ги совладаат занаетите или занимањата корисни на село, па станале лекари, медицински техничари, писари, учители, ковачи и дрвосечачи. Власта, меѓутоа, немилосрдно се борела против нив.
„Апсење на пропагандист“, Иљја Репин
Така во 1874 година биле уапсени над 8.000 „народници“, од кои 770 се сослушани, а против 265 е започната судска постапка. Истрагата траела над три години и цело време осомничените, главно студенти, биле држени во лоши услови. Некои од нив умреле без да го дочекаат судењето, а некои извршиле самоубиство или полуделе. На крајот 193 осомничени биле изведени пред суд. Осудени се на тешка работа во прогонство во траење од 3 до 10 години, на административно прогонство и така натаму. Мала група најрадикални членови на „Народна волја“ организирале терористички напади, но целата „Народна волја“ била една голема тајна операција.
Веќе во 1881 година имало 500 „регистрирани членови“ на „Народна волја“, но имало 10 до 20 пати повеќе симпатизери. Основани се приближно 90 локални партиски ќелии, 100-120 ќелии во работничките колективи, 30-40 на универзитетите, 20-30 во средните училишта, и 20-25 во армијата. Во секој поголем град на Русија постоела партиска ќелија на „Народна волја“. Во масата на револуционерно расположените луѓе секогаш имало фанатици кои помагале во организацијата на терористички напади.
На кејот на Екатериинскиот канал, 1 март 1881 година
Public domainПо 1879 година сите активности на Извршниот комитет на „Народна волја“ кој броел 30 членови, насочени се на убиство на рускиот цар. Во ноември 1879 година преземени се три обиди да се крене во воздух возот во кој царското семејство се враќало од Крим. Експлодирала само една бомба, таа кренала во воздух друг воз (за среќа никој не настрадал). Во февруари 1880 година Степан Халтурин подметнал експлозија во Зимскиот дворец. Во експлозијата загинале 11 гардисти. Императорот не бил повреден.
Убиството на рускиот цар Александар Втори, 1881 година.
Public domainВо текот на летото 1880 година направени се уште два безуспешни обиди (експлозивот не детонирал или не бил поставен на време). Напоредно со овие настани други членови на „Народна волја“ ги напаѓале пониските државни функционери. Така во 1879 година бил убиен губернаторот на Харков Дмитриј Кропоткин. Неколку припадници на тајната служба за безбедност се убиени или нападнати во различни делови на Русија. На крајот, во 1881 година, кога полицијата веќе им влегла во трага, терористите успеале да го убијат императорот.
„Осуденик“, Владимир Маковски
По убиството на Александар Втори тајната полиција сите свои сили ги насочила против „Народна волја“, апсела илјадници нејзини членови, вклучително и главните членови на Извршниот комитет. Во 1883 година „Народна волја“ конечно била уништена, благодарение на Сергеј Дегаев, член на Извршниот комитет кој играл двојна игра. Тој на властите им ги предал останатите терористи. Дејствувањето на „Народна волја“ и особено убиството на Александар Втори ја поттикнало државата уште поинтензивно да се бори против ова зло, но веќе било доцна, зашто во меѓувреме стасале нови генерации студенти-револуционери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче