Сергеј Сергеевич Волкенштајн; Мејер Вјачеслав Едуардович; Николај Александрович Гаген
Archive photoШтокерау, 1920. (денес село Новокаменка во Ровенскиот реон, Саратовска област)
Германски федерален архивКога започнала војната во Советскиот Сојуз живееле речиси еден и пол милион Германци. Тоа главно биле потомци на колонистите кои во втората половина од 18 век добиле дозвола од императорката Екатерина Втора да се населат на територијата на Руската Империја. Најмногу се населиле на Поволжје, каде во 1923 година за нив дури била основана и автономна република.
Кога германските единици влегле на територијата на Советскиот Сојуз во Црвената армија служеле 33.000 Германци. Во текот на првите месеци од војната советската пропаганда демонстративно ја нагласувала разликата помеѓу нацистите и „нашите Германци“ и често објавувала статии за нивните херојски подвизи, дотолку повеќе што ги имало многу.
Црвеноармејци во борбите за Витебск
Сергеј Баранов/SputnikСамо во Брестската тврдина која била нападната прва на 22 јуни 1941 година се бореле десетина советски Германци. Командантот на 125 стрелачки полк мајорот Александар Дуљкејт, потполковникот на медицинската служба Ерих Крољ, и други поручници и војници. Постариот водник Вјачеслав Мејер учествувал во првиот успешен контранапад кој прераснал во организирана одбрана на тврдината.
Бранителите на Брестската тврдина, лево Александар Емиљевич Дулкејт, а десно Вјачеслав Едуардович Мејер.
Archive photoРечиси цела недела 153 дивизија на полковникот Николај Гаген со денови го задржувала германскиот 39 моторизиран корпус на приодите на Витебск. Потоа уште 18 дена и ноќи се борела во обрач сè дури кога снемувала муниција и гориво успеала да се пробие на слободна територија. За овој подвиг оваа дивизија го добила називот „гардиска“, и таа била една од првите такви во Црвената армија, а полковникот е награден со Ленинов орден.
Николај Александрович Гаген
Archive photoАртилерецот на ПВО Генрих Нејман соборил четири непријателски бомбардери, а на 18 август во весникот „Комсомољскаја правда“ е објавена статија за него. За иронијата да биде поголема, токму тој ден бил издаден указ на претседателството на Врховниот совет на СССР „За преселување на Германците што живеат на подрачјето на Поволжје“, што кардинално и трагично влијаело на судбината на ова национално малцинство.
Односот на власта кон советските Германци постепено се менувал како што германската армија навлегувала сè подлабоко на територијата на Советскиот Сојуз. Се појавиле соопштенија дека во германските села во Украина луѓето ја пречекуваат германската војска со леб и сол. „Воените дејствија на Днестар покажаа дека германското население пукало од куќите и од овоштарниците на нашите војници додека се повлекувале“, се наведува во извештајот кој на 3 август командата на Јужниот фронт му го испратила на Сталин.
Депортација на Германци.
Legion MediaИлјадници германски доброволци ги опсадувале воените оддели во надеж дека ќе бидат упатени на фронт, но советските Германци сè повеќе се доживувале како Петта колона, како вистински и потенцијални соработници на окупаторот. На крајот Сталин му испратил на комесарот за внатрешни работи Лаврентиј Берија кратка инструкција: „Треба да се отселат и сè да биде пусто“.
Според указот „За преселувањето на Германците“ упразнета е Автономната Социјалистичка Советска Република на Германците во Поволжје. Во најкус рок стотици илјади луѓе биле преселени на Сибир, во Алтај и во Казахстан. Во текот на следните месеци депортирани биле и Германците од другите западни територии на СССР, кои непријателот не ги окупирал. Во новото место на живеење многумина преселени Германци биле мобилизирани во таканаречените трудбенички армии кои работеле во рудниците, на сеча на шума и на градилиштата.
Артилерци на ПВО
Наум Грановски/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruВо тоа време Германците масовно се повлекувале од фронтот. Така на 8 септември стасала директива бр. 35105 од Народниот комесаријат за одбрана според која требало да се „изземат од единиците, од академиите, од воените школи и од институциите на Црвената армија, како на фронтот, така и во заднината, сите војници и офицери од германска националност и да се испратат во внатрешните окрузи, каде ќе бидат распоредени до градежните единици“.
Партизани
Иван Шагин/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruЗа многумина Германци ваквата одлука била како гром од ведро небо. Во јулските борби командирот на ескадрилата Петар Гец самиот во авион И-16 растерал ескадрила непријателски бомбардери над градот Орша во источна Белорусија, и поради тоа бил истакнат како кандидат за орден Црвена ѕвезда. Меѓутоа, поради новата директива пилотот и покрај сите молби бил повлечен од фронтот и испратен на сеча на шума на Урал. Наградата му била врачена таму.
Не сите советски Германци се помириле со работата во заднината. Некои успеале да останат на фронтот благодарение на истата таа директива број 35105. Имено, таа давала можност на командантите и на комесарите во Народниот комесаријат за одбрана да се заземат за своите војници од германска националност и да ги задржат во единиците доколку постои потреба за тоа.
Херојот на Советскиот Сојуз Сергеј Сергеевич Волкенштајн.
Archive photoПонекогаш помагала и упорноста. Полковникот Сергеј Волкенштајн бил испратен на Сибир, но упорно барал да го вратат на фронтот, па во 1942 година неговата молба конечно била одобрена. На крајот стасал до Чехословачка во чин генерал-мајор на артилерија. За доброто командување со артилериската дивизија награден е со звањето Херој на Советскиот Сојуз.
Паул Шмит во 1941 година работел на изградба на железничка пруга, па избегал на фронт и се претставил како Али Ахмедов (така се викал неговиот другар кој бил Азербејџанец). Низ целата војна минал како артилерец на минофрлач и до Берлин стасал во чин водник. Дури кога го открил својот вистински идентитет, но благодарение на личната заложба на маршалот Жуков минал без никакви последици.
Германски војници заробени од страна на Црвеноармејците.
russiainphoto.ruМногумина советски Германци имало во партизанските одреди и во илегала. Тие вределе злато зашто знаеле германски јазик. Често се користеле во извидувачки и во диверзантски операции. Еден од најефикасните партизански команданти во целата војна бил Херојот на Советскиот Сојуз Александар Герман кој загинал во 1943 година. Неговата бригада уништила 17 германски гарнизони, 70 локални управи, кренала во воздух 31 железнички мост и ликвидирала 10.000 непријателски војници.
Неколку стотици војници на Вермахтот во текот на војната решиле да преминат на советска страна. Ним во СССР не им се верувало многу зашто се сомневале дека се шпиони, така што тие биле главно во заднината, подалеку од фронтот.
Фриц Пол Шменкел
Archive photoНајпознатиот граѓанин на Третиот Рајх кој решил да се бори за СССР бил десетарот Фриц Шменкел. Тој по политичко убедување бил комунист, па дезертирал од својата единица и им се приклучил на советските партизани со кои успешно, рамо до рамо, војувал неколку години. Германците го заробиле и го погубиле Шменкел во 1943 година, а 20 години подоцна постхумно му е доделено звањето Херој на Советскиот Сојуз.
Валтер фон Зејдлиц-Курцбах (лево) и Фридрих Паулус на Источниот фронт, 1942 година
Германски федерален архивМногумина нацисти биле убедени дека во Црвената армија постојат единици формирани од германски воени заробеници кои Русите, наводно“, ги втурнале во борба против Вермахтот. Во Германија ваквите единици се нарекувале „Зејдлицови единици“, по името на генералот Валтер фон Зејдлиц-Курцбах, кој бил заробен во Сталинград, по што решил да соработува со советските власти.
Претседателот на националниот комитет „Слободна Германија“ писателот Ерих Вајнер (во прв план десно) и генерал Фон Зејдлиц на заседание на комитетот.
TASS„На нашиот дел од фронтот, покрај Русите, се наоѓаат и Зејдлицовите единици облечени во германска униформа со награди и со црвени ленти на ракавите. Замислете, Германци против Германци!“, напишал подоцна војникот Алтмер Хелмут. Во реалност, меѓутоа, Сталин се сомневал во доверливоста на ваквите единици, така што оваа идеја не била реализирана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче