Летните олимписки игри во 1980 година во СССЕ беа уникатен настан. Тоа беше првата олимпијада која беше организирана во Источна Европа, и воопшто во некоја социјалистичка земја. Советската власт сериозно се подготвуваше за овој настан. Беа изградени вкупно 78 објекти. Еден од нив е и спортскиот комплекс „Олимписки“ во близина на Проспект мира на североистокот од Москва.
Виползовата улица 1972-1978
К.К./www.beliaev.deЗданието е подигнато на местото на отворениот стадион „Буревестник“. Меѓутоа, површината на малата арена не беше доволно голема за олимписки комплекс, па затоа беше урната населбата во близина. Заедно со старите дрвени куќи, урната беше и хемиско-металуршката фабрика.
Изградбата на спортскиот комплекс „Олимписки“, 1979 година.
Виталија Созинова/TASSПроектот го направи група архитекти на чело со Михаил Посохин и Борис Тхор, кој е познат по тоа што многу години подоцна ја осмисли концепцијата на деловниот центар Москва Сити. Изградбата започна во 1977 година и беше завршена летото 1980 година.
Изградбата на базенот
Игор Уткин/TASSПосохин и Тхор во 1982 година за проектот „Олимписки“ ја добија Лениновата награда (10.000 рубли, една рубља тогаш чинеше 0.708 американски долари).
Спортскиот комплекс „Олимписки“ на Проспект Мира. На предниот план е базенот и најголемиот затворен стадион во Европа со 45.000 места. 1980 година.
Пахомов/SputnikКомплексот беше составен од два дела: покриен стадион и покриен базен. Стадионот опфаќаше мултифункционална арена со 35.000 места на трибините, теретана, сала за екипни спортови, па дури и лизгалиште. Конструкцијата беше навистина добро осмислена: покривот со мембрани го носеа периферни столбови високи 40 метри така што во самиот круг не беа потребни дополнителни потпори. Покрај тоа, арената можеше да биде поделена на два дела со специјална преграда што го апсорбира звукот. Во случај на потреба таа можеше да биде поставена за два часа.
Натпревар во кошарка на „Олимписки“ за време на Летните олимписки игри во 1980 година.
Александар Макаров/SputnikВо другиот дел на комплексот се наоѓаше базен. Тој опфаќаше многу работи, вклучувајќи и базен за тренинзи, базен со гледачи (8.000 места), базен со скокови од штица (5.000 гледачи), сауна и теретана.
Базен во „Олимписки“, 1981 година
Дмитриј Донској/SputnikИзградбата беше завршена пред почетокот на Олимписките игри. Во тој момент ова беше најголемиот покриен стадион во Европа. Церемонијата на отворањето и на затворањето на игрите беше приредена на стадионот „Лужники“, но „Олимписки“ беше домаќин на сите натпревари во кошарка, фудбал, пливање и скокови во височина.
Концерт на американскиот пеач Били Џоел во СССР, 1987 година.
А. Морковкин, Р. Подерин/TASS„Олимписки“ во 1982 година стана значаен центар за одржување концерти. Тука во 1983 година настапи првиот странски музичар, тоа беше Французинот Дидје Маруани со својата група „Paris-France-Transit“. Тој приреди ласерско шоу кое ги изненади гледачите. Били Џоел во 1987 година тука одржа три концерта. Тогаш во текот на настапот ги фрли своите чевли во публиката. Главниот инженер на стадионот подоцна напиша: „На нашата публика оваа шега не ѝ се допадна, па му ги фрлија чевлите назад на сцената. Во тој момент тој дури и избега и се скри зад клавирот“. Концертот на групата „Пинк Флојд“ во 1989 година собра неверојатни 40.000 гледачи.
Влез во трговскиот центар „Нови колосеум“
www.malls.ruПо распадот на СССР народот се соочи со финансиски проблеми и престана да го посетува „Олимписки“. Администрацијата на комплексот мораше да најде алтернативни налини за остварување приходи, па беше решено тука да се отвори трговски центар. Така во Москва се појави првиот дисконтен центар „Нови колосеум“ („Новый колизей“). Тој заземаше дел од стадионот, имаше неколку ката и огромен број продавници. Козметички ателјеа за убавина и кафулиња. Другите простории се издаваа како деловен центар или како магацини.
Саем на книгата на „Олимписки“
detisnami.livejournal.comВо 1992 година „Олимписки“ стана место каде се одржуваше познатиот саем на книгата. Влезот чинеше 15 рубли (тогаш околу 0.2 американски долари). Саемот се одржуваше на неколку ката во предворјето. Продавачите во најголем број беа стари московјани. Овој саем беше познат како место каде може да се купи секоја ретка книга што човек може да ја посака, само беше потребно да имате трпение и да ја побарате. На почетокот на минатата деценија продавачите покрај книги нудеа и различни предмети како училиштен прибор, облека, играчки, ЦД и ДВД дискови.
„Олимписки“ по контролираните експлозии
Во март 2019 година „Олимписки“ беше затворен поради реновирање зашто се сметало дека е застарен. Потоа во 2020 година започна уривање на зградата.
Реконструкција на спортскиот комплекс „Олимписки“ во Москва. „Олимписки“ без покрив, 29.07.2020
Сергеј Бобиљев/TASSМембранскиот покрив на стадионот е урнат со контролирани експлозии, што оставило впечаток на многу жители на тој крај. Објектот со базените е целосно урнат.
Целиот комплекс по реновирањето
mos.ruНаместо обичен покрив стадионот ќе добие ниска стаклена купола која нема да се гледа од улица. Планирано е тука да биде сместен фитнес-центар, терен за трчање, кина, мал планетариум и концертна сала за 10.000 гледачи.
Делумно уривање на челната фасада на „Олимписки“
Гаврил Григоров/TASSСтадионот со новиот објект на базенот ќе го спојува патека за трчање широка 8 метри и долга 1 километар. Во објектот со базенот ќе има аква-парк, дајвинг-центар, тениски терени и терени за сквош. Планирано е изградбата да заврши во 2023 година.
Реновираната зграда на арената
mos.ruСпоред официјалниот план, предниот дел на стадионот треба да биде сончев за објектот да остане препознатлив. Меѓутоа, кон крајот на 2020 година на Интернет се појавија фотографии каде практично една третина од фасадата е урната,
Делумно уривање на челната фасада на „Олимписки“
Гаврил Григоров/TASSПретходно објектот со базенот беше целосно урнат, иако е најавено дека обата базени ќе бидат зачувани. Уривањето на челната фасада е веќе второ отстапување од планот. Процесот на уривање заврши на 25 декември. Проектот кој траеше 40 години така замина во минатото.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче