Како маршалот Жуков ги отепа сите криминалци во Одеса

Маршалот Георгиј Константинович Жуков, командант на советските единици на Првиот белоруски фронт, на своето командно место, Русија, почеток на 20 век.

Маршалот Георгиј Константинович Жуков, командант на советските единици на Првиот белоруски фронт, на своето командно место, Русија, почеток на 20 век.

Getty Images
Се зборува дека по Втората светска војна во Одеса за време на операцијата „Маскарада“ преправени припадници на органот на редот ловеле бандити, преправајќи се во обични цивили и ги убивале на лице место, без истрага и без судење.

Маршалот Георгиј Жуков паднал во немилост само една година по победата во Втората светска војна, во моментот кога бил на врвот од славата. Го обвинувале дека ги преувеличувал своите заслуги во кршењето на нацистичка Германија, а улогата на врховниот командант (Сталин) ја намалувал, и дека себеси си ги припишувал воените операции со кои немал никаква врска.

Советскиот лидер бил сомничав по природа, и сметал дека Жуков е премногу почитуван и популарен, па затоа го тргнал од Москва. Познатиот маршал на 9 јуни 1946 година бил испратен да командува со Одескиот воен округ, а претходно бил командант на сите копнени единици на СССР.

Во своето прогонство од Одеса Георгиј Константинович не седел со скрстени раце. Тука го чекал нов непријател, иако сосема поинаков од оној со кој Жуков си имал работа на боиштата во Европа.

Подземјето во Одеса

Во Одеса која ја ослободиле единиците на Третиот украински фронт.

Одеса во повоениот период била еден од советските градови со крајно високо ниво на криминал. Имало неспоредливо повеќе бандити од милионери.

Веќе на самрак никој не смеел да излезе на улица, зашто тоа било времето на крадците и пљачкосувачите. Луѓето не се чувствувале безбедно дури ни во своите домови. Многубројни банди како што биле „Црна мачка“ и „Доџ ¾“ дрско ги пљачкосувале становите, понекогаш брутално убивајќи ги станарите.

На криминалците од голема корист им биле катакомбите под градот, односно поранешните каменоломи во чии лавиринти се криеле по пљачкосувањето на некој магацин или продавница.

„На сите служби за внатрешни работи во ослободениот град им било многу тешко“, ќе напише подоцна милионерот Давид Курљанд за повоена Одеса. „Се активираа криминалците, особено дезертерите кои најчесто беа вооружени“.

Излез од Нерубајските катакомби

Бандитите доаѓале до оружје и на други начини. За Одеса се зборувало дека е „бисер покрај морето“, па советските офицери со задоволство летувале во неа. Бандитите убивале многумина од нив и им го земале оружјето. Со самото тоа проблемот на криминалот во градот влијаел и на вооружените сили. Поради тоа кога Жуков стасал во градот во 1946 година, локалните власти му се обратиле со молба да помогне во борбата против криминалот.

„Маскарада“

Маршалот решително се фатил за работа. Си поставил задача во најкус рок градот да го исчисти од криминал. Се зборува дека токму Георгиј Константинович ја иницирал таканаречената операција „Маскарада“.

Во текот на овие полумитски операции воените офицери и милиционерите од другите области (локалните бандити можеле да ги препознаат) се облекувале во цивилна облека и излегувале ноќе да шетаат низ Одеса.

Штом некој ќе се обидел да ги опљачка отворале оган, и тоа со цел да го убијат бандитот, а не да го фатат жив. Труповите ги оставале на улица извесно време како морничаво предупредување. „Ним не им беа потребни апсења, тие едноставно пукаа во луѓето, сè дури за неколку месеци не убија стотина“, раскажува историчарот од Одеса Виктор Савченко.

Од друга страна, многумина ги ставаат под знак прашање ваквите приказни, со оглед на тоа дека во архивите на МВР нема никакви документирани докази, а ниту маршалот некогаш спомнал нешто такво. „Јас мислам дека сето тоа е измислено“, вели Исај Бондарев, кој во 1946 година служел во воената команда во Одеса. „Немам слушнато за такво нешто, ниту сум видел, ниту сум чул. Немаше никакви приказни на таа тема. Како и да е, некакви фрагменти од тие приказни морале да стасаат до нас, бидејќи работевме во командата.

Вистинска помош

Но, и без тоа Жуков има одигарно важна улога кога станува збор за ликвидацијата на криминалот во ова црноморско одморалиште. Благодарение на него е воспоставена тесна соработка помеѓу милицијата и армијата.

Жители на Одеса читаат весници

Воената команда го поделила градот на сектори, и за секој сектор бил одговорен командант на една единица. На офицерите им била доверена грижата за парковите, за поголемите раскрсници, за станиците, за рестораните и за периферијата. Војниците подготвувале заседи, вршеле претреси во сомнителните станови, на таваните и во подрумите, и ги проверувале документите на сите што влегуваат и што излегуваат од градот.

Сите сомнителни лица биле приведувани во командата, а следното утро ги преземала милицијата, а потоа правосудните органи. Покрај тоа, војниците патролирале заедно со милиционерите.

Оваа практика не ја вовел Георгиј Константинович. Таа во тоа време била вообичаена за градовите со висок степен на криминал. Но, благодарение на решителноста, на упорноста и на авторитетот на познатиот војсководец во голема мера е забрзан процесот на нормализација на состојбата во градот. Нивото на криминалот во Одеса во 1947 година е вратен во предвоената состојба,

Од Одеса на Урал

Жуков тежнеел да се извлече од прогонството и се надевал дека интензивната активност во Одеса ќе му помогне во тоа. Тој во февруари 1947 година му напишал писмо на Сталин во кое ги признал своите грешки и рекол дека го „изгубил чувството за болшевичката скромност“. „Во округот работам многу и со голем елан. Ве молам, другар Сталин, да ми укажете целосна доверба, а јас Вашата доверба ќе ја оправдам“, му напишал маршалот.

„Таткото на народот“, меѓутоа, немал намера да му излезе во пресрет на маршалот. Против Жуков се изнесени нови обвиненија за тоа дека тој „злоупотребувајќи ја својата службена положба тргнал по патот на пљачкосување, занимавајќи се со присвојување големи количества разни скапоцености и со нивен извоз во Германија за лични потреби“.

Маршалот Георгиј Жуков

На 20 јануари 1948 маршалот бил преместен од Одеса во помалку значаен воен округ на Урал. Во високата политика Жуков се вратил дури по смртта на Сталин во 1953 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња