Американската 4477 ескадрила за тестирање и процена. МиГ-21 со ознака „85“
Американско воено воздухопловствоВежбовните борби во воздух се важен елемент од обуката на воените пилоти. Специјално за нив многу држави во своето воено воздухопловство формираат таканаречени „агресорски“ ескадрили кои на маневрите го имитираат непријателот.
По правило улогата на непријателски ловци ја играат авиони од домашно производство кои според техничките карактеристики се слични на противничките, но не секогаш било така. Во времето на Студената војна Американците тајно формирале ескадрила кој се состоела од вистински советски мигови.
Гејл Пек
Public domainВо рамките на програмата „Констант Пек“ на иницијатива на полковникот Гејл Пек и на генералот Хојт Ванденберг во 1977 година формирана е 4477 ескадрила за тестирање и процена, позната под називот „Црвени орли“. Споменатите офицери биле разочарани од дејството на военото воздухопловство на САД во виетнамскиот конфликт и сметале дека на американските пилоти им е крајно неопходна „вистинска обука“, односно двобој (па, макар и вежбовен) со вистински авиони на веројатниот противник.
Ј-7В со ознака „69“, 4477 ескадрила за тестирање и процена
Американско воено воздухопловствоМеѓутоа, не било лесно да се набават овие авиони. Советските авиони биле „раштркани“ насекаде по светот. Речиси на парче се купувани или добивани во замена за нешто друго од Југославија, од Израел, од Египет и од други земји. Од Кина во текот на осумдесеттите години од минатиот век купени се модели Chengdu J-7м, што беше кинеска копија на авионот МиГ-21.
Кабина на пилотот на МиГ-21
Daniel Pandelea (CC BY-SA 3.0)Погодно тло за ваквите набавки станале Индонезија и Сомалија. Овие две земји претходно беа ориентирани кон Москва, а во седумдесеттите години од минатата година преминаа од советскиот блок во американскиот, па можеа да се откажат од неколку десетина советски авиони во корист на САД. За волја на вистината сето тоа не одело лесно. Индонезија, на пример, испратила четири расипани мига, од кои одвај бил „скрпен“ еден исправен,
МиГ-23, 4477 ескадрила за тестирање и проценам 1988 година
Американско воено воздухопловствоНа крајот основните авиони на „Црвените орли“ станаа МиГ-17 (Fresco), МиГ-21 (Fishbed) и МиГ-23 (Flogger). Не се знае нивната точна бројка, Се знае само дека во 1985 година ескадрилата имала 26 авиони.
Американците имале тешкотии и со опслужувањето на овие авиони. Не можеле лесно да набават мотори за нив, ниту, пак, резервни делови. Техничкото опслужување на миговите им било доверено на стручњаците од „Џенерал електрик“, а со потрага по некои особено ретки делови се занимавале дури и агенти од ЏИА во Полска и во Романија.
Ловечките авиони F-5E на американското воено воздухопловство летаат со советските МиГ-17 и МиГ-31 од 4477 ескадрила за тестирање и процена.
Американско воено воздухопловствоНајчесто авионите се набавувале без придружната техничка документација, така што пилотите морале да се учат на сопствените грешки. Често исходот бил летален.
МиГ-23 со ознака „49“, 4477 ескадрила за тестирање и процена.
Американско воено воздухопловство.„Црвените орли“ имале посебни проблеми со моделот МиГ-23. Го ценеле поради брзината, но не го сакале поради нестабилноста во летот и тешкото пилотирање. Со него управувале само најискусните пилоти, кои претходно имале неколку десетина летови во авионот МиГ-21. Генерал-лајтнант Роберт Бонд, заменик на началникот на Командата на воздухопловниот систем на Американското воено воздухопловство (AFSC), загинал на 25 април 1984 година во авион МиГ-23
МиГ-23МС во лет. 4477 ескадрила за тестирање и процена.
Legion MediaСекој ловец на 4477 ескадрила се чувал како зеница во окото. Овие авиони никогаш не летале ноќе и во неповолни метеоролошки услови.
Се знаело дека постојат класични „агресорски“ ескадрили, но кога станува збор за „Црвените орли“, сите информации поврзани со нив грижливо се криеле, пред сè од СССР.
4477 ескадрила за тестирање и процена. Полигонот за тестирање Тонопа, осумдесеттите години од минатиот век.
Legion MediaАмериканските стручњаци го пресметале времето и траењето на летот на советските сателити над базата Нелис и на воениот полигон Тонопа во Невада, каде биле поставени овие авиони, па во тие периоди ги отстранувале миговите во хангари или ги покривале со навлаки, но така што под нив да не се препознаваат контурите на советските авиони.
Дел од воздушниот простор над исушеното езеро Грум Лејк (познатата Област 51) каде се изведувани вежбовни борби со советските авиони бил скриен од љубопитните очи. На картите иронично е обележуван како „Црвениот плоштад“.
МиГ-21Ф013 тргнува на пистата. 4477 ескадрила за тестирање и процена.
Legion MediaВо вежбовните дуели со миговите на 4477 ескадрила за тестирање и процена учествувале пилоти на военото воздухопловство на САД, на авијацијата на воената морнарица и на Маринскиот корпус. „Црвените орли“ исто така тестирале поголем број ловци произведени во текот на седумдесеттите и на осумдесеттите години од минатиот век, и интензивно се „бореле на маневрите Ред флег.
Воздушните борби се изведувани по следните шеми: еден на еден, два на два или два американски авиони против еден советски. Покрај тоа, миговите напаѓале стратешки бомбардери Б-52 и транспортни авиони Локид С-130 Херкул во текот на имитацијата на десантирање луѓе и товар.
Задачата на „орлите“ не била во борбата да однесат победа по секоја цена, иако тоа често се случувало. Нивната главна цел била на колегите да им ја демонстрираат предноста и недостатоците на советските авиони, да покажат како и кога е најдобро да се нападне советски МиГ.
МиГ-21Ф-13, 4477 ескадрила за тестирање и процена, полигон Тонопа
Legion MediaПоради што поголема автентичност авионите на 4477 ескадрила биле означени со црвени петокраки, за волја на вистината не со бела рамка како кај советската авијација, ами со жолта.
Многу американски пилоти-почетници во воздушниот судир со веројатен противник (па, макар тој судир да биде и вежбовен) доживувале вистински шок и не можеле да се снајдат. „Кога за првпат видов МиГ во близина, престанав да управувам со авионот!“, ќе напише подоцна мајор Франсис Гејслер наречен Пако: „Наместо набрзина да се вивнам во вертикала, јас почнав да изведувам со него вираж во круг. Тој се залепи за мене како мастика за ѓон. Не можев да го откачам. Ми ги испи сите животни сокови, Се чувствував како целосна будала. Подоцна ми кажаа дека тоа секому се случува“.
4477 ескадрила за тестирање и процена, групна фотографија
Legion MediaКон крајот на осумдесеттите години од минатиот век „Црвените орли“ почнаа да забавуваат. Главната причина за тоа беше недостигот од финансии, како и фактот што Советскиот Сојуз во својот арсенал веќе ја воведе новата (четврта) генерација ловечки авиони.
Своите последни летови во миговите пилотите на 4477 ескадрила ги изведоа на 4 март 1988 година. „Црвените орли“ официјално се расформираа во 1990 година. Советските авиони беа сместени во хангари за чување или беа претворени во музејски експонати, а некои се уништени како мети на маневрите на американското воено воздухопловство.
Вежбовните воздушни борби против советските ловци во Невада беа извонредна школа за американските пилоти. „Програмата 'Констант Пек' не стаса да се одрази на ситуацијата во Виетнам, но благодарение на неа за време на операцијата 'Пустинска бура' соборени беа 40 ирачки ловци, а поголемиот дел од нив беа моделите МиГ-21 и МиГ-23, истакнува бригадниот генерал Херберт Хок Карлајл кој во 1986-1988 командуваше со 4477 ескадрила.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче