И Пјотр Вострокнутов, селанец од Нижни Тагил, во 1782 година со помош на своите синови избегал од регрутација. Се бранеле со ножеви, со коси, со секири и со пушка, а потоа избегале во шума.
Еве на што биле подготвени луѓето во 18 век само за да избегнат регрутација. Што било толку страшно во регрутирањето војници во руската царска армија.
Претходно Русија немала редовна копнена војска. На почетокот од 18 век значително е зголемена опасноста од воена агресија од странство, па затоа Петар Први бил принуден да спроведе длабока воена реформа и во 1705 година вовел задолжителна регрутација.
„Задолжителната регрутација“ важела за сите мажи со исклучок на благородниците. Сите руски благородници веќе имале обврска да ѝ служат на државата во војска или во цивилна служба. За сите други сталежи во руското општество (кметовите, селаните, жителите на градовите) постоеле квоти. На пример државата можела да зема еден регрут на секои 100 кметови еднаш во 5 години. Од 1705 до 1802 година спроведени биле вкупно 73 регрутации.
Сопствениците на кметовите (спахиите, храмовите, манастирите, фабриките итн.) имале обврска да обезбедат потребен број регрути. Во 18 век земјопоседниците им обезбедувале на регрутите основна облека и намирници кои им биле потребни за да стасаат во регрутниот центар. А, како биле избирани регрутите?
Селските заедници биле должни помеѓу себе да изберат помлади регрути. На почетокот тие морале да имаат помеѓу 20 и 35 години, да бидат здрави, високи најмалку 1 метар и 55 сантиметри и, по можност, да се неженети, без деца. Службата во војската тогаш била доживотна.
Заклетва на православни млади војници (регрути) на Перновскиот 3 гренадирски полк. Москва, март 1904 година.
Public domainЗа некои поединци постоеле исклучоци, и тоа пред сè биле синовите-единци и хранителите на семејствата (па, и оние кои во моментот на регрутација имале помлади малолетни браќа). Селската администрација правела списоци и истите ги контролирала. Очигледно е дека поголемиот дел селски семејства биле подготвени да направат сè за да ги спасат своите синови од регрутација. Имало и подмитување и бегање од дома.
За соодветно мито семејство со двајца синови можело да биде регистрирано како две семејства со по еден син во секое, и на тој начин обајцата биле третирани како „единствени хранители во семејството“ и биле исклучувани од списокот. Поимашните селани за соодветно мито можеле да принудат човек од посиромашно селско семејство (на кое, за иронијата да биде поголема, му била попотребна работна сила) да замине во армија наместо нивните синови. Освен тоа, имало и кметови кои избегале од своите стопани, па со задоволство оделе во армија за да се ослободат од кметството, а имало и такви кои биле регрутирани за пари. Очигледно е дека сето тоа негативно се одразило на квалитетот на регрутите. Луѓето дури и се осакатувале себеси за бидат неспособни за воена служба. Си ги кршеле забите, ги кршеле нозете и рацете итн.
Кога некое момче на крајот ќе било избрано за регрут се организирало „испраќање“. Сите му укажувале посебна почит, дури иако бил во окови (како што кажавме, регрутите биле ставани во пранги за да не избегаат). „На него [регрутот] никој не се лутел, тој за ништо не бил виновен, а доколку бил виновен сè му било простувано“, пишува Павел Јакушкин, руски етнограф од 19 век. „Регрутите секогаш добро ги хранеле и им давале вотка. Со кочии ги возеле во градот до регрутниот центар. Покрај оваа, единствена пригода кога момчето можело да се вози во кочија било на неговата сопствена свадба“, пишува Јакушкин. Во градот на војникот му ја бричеле главата, а потоа го испраќале во неговата идна единица.
Адмирал Нахимов на Севастопољскиот бастион.
Од колекцијата на Руската државна библиотека, Москва.Со текот на времето условите за регрутација малку се ублажиле. Од 1736 година на благородничките семејства им било дозволувано еден од синовите да го „задржат дома“ за да управува со имотот, за во 1762 година благородниците целосно да бидат ослободени од задолжително служење на државата (иако самото благородништво таквите луѓе ги исфрлало од својата заедница). Почнувајќи од 1776 година синовите на трговците можеле да ја откупат сопствената регрутна обврска. Свештеничките синови исто така биле изземени во втората половина на 18 век.
Доживотната воена служба во 1793 година била заменета со служба која траела 25 години, во 1830 година била скратена на 20 година, за во 1874 година да биде воведена општа регрутација и воениот рок траел околу 7 години. Веќе во 1859 година секој петти потенцијален регрут бил ослободуван од служење воен рок или можел да биде платен за да биде ослободен.
Доживотното, па дури и 25-годишното служење воен рок во очите на семејството и на другите селани било еднакво на смрт. Како и свадбата (или погребите, на крајот на краиштата), за селаните регрутацијата била своевиден обред во кој момчето засекогаш го напушта своето село и заминува во светот. Дури и ако војникот преживеал многубројни битки, обично ги заборавал сите селски работи и со самото тоа бил исклучуван од селската заедница. Селаните се простувале од регрутот како да го погребуваат. Оттука и кочијата, и погребните песни, па дури и професионалните тажачки кои го оплакувале.
Руски војници, Прва светска војна
Public domain, color by KlimbimВоената служба за мажите (и за нивните семејства, доколку ги имале) ги ослободувала од кметството. Кметот кој ќе станел војник повеќе не бил врзан за својот спахија, а ако се врател од војска, се враќал како слободен човек. Поранешните војници официјално можеле и да поседуваат земја. Според статистиката, од 1816 до 1834 година мнозинството селани биле ослободени од кметство бидејќи биле регрутирани.
На војниците им било дозволено да се женат и да ја земат сопругата со себе. Од 1736 година децата на војниците добивале задолжително основно образование и морале да се описменат, што во тоа време за обичен селанец не било лесно да се постигне. Воената обврска била моќен „социјален лифт“ во царска Русија. „Имам слушнато многу разговори меѓу војниците од кои јасно се гледа дека тие се добро запознаени со олеснувањата што им ги носи воената служба“; пишува Јакушкин.
Руски единици, Прва светска војна.
Public domain, color by KlimbimНаместо „регрутната обврска“ во 1874 година била воведена општа обврска за служење воен рок. Таа се однесувала на сите мажи што ќе наполнат 21 година. Активниот воен рок траел 6 години, по што војникот 9 години бил во резерва, а потоа во „пасивна резерва“ додека не наполни 40 години. Меѓутоа, определени категории мажи биле исклучени: единци во семејството, „единствен хранител во семејството“ (на пример постар брат со малолетни браќа и сестри и со постари родители) и помлади браќа на човек кој веќе служи во армија. За мажите со основно образование воениот рок бил намален на 5 години, а за оние што ќе завршат градска школа на 3 години. Мажите со високо образование служеле само една и пол година. Со порастот на бројот на жители воениот рок се намалувал, па во 1906 година траел најмногу 3 години или покусо.
Прочитајте исто така Како била организирана армијата на древна Русија?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче