Ретки биле семејствата во СССР кои во оваа војна немале изгубено син или татко. Често на бојното поле гинеле сите мажи во семејството. Тешка судбина ги фатила сопругите и мајките.
Добро е позната приказната за петтемина браќа Саливан кои потонаа во лесниот крстосувач „Џуно“ во битката за Гвадалканал (на оваа приказна делумно е заснован филмот „Спасувањето на војникот Рајан“). Уште многу вакви случаи се забележани на немилосрдниот Источен фронт.
Сепак, имало и среќни исклучоци. Така, да кажеме, сите десетмина синови на Евдокија Лисенко од украинското село Бровахи заминале на фронт и се вратиле дома живи.
Евдокија Лисенко
Јавна сопственостПрво се вратил Николај кој за чудо преживеал по експлозијата која усмртила седуммина негови соборци. Во 1944 година по излегувањето од болница бил испратен кај мајка си.
Иван, учествувајќи во борбите, минал низ цела Украина и стасал во концентрациониот логор Треблинка, од кој некако успеал да избега. Продолжувајќи да се бори, крајот на војната го дочекал во Романија.
Во Романија сосема случајно сретнал двајца свои браќа. Во август 1944 година кај Јашија Михаил на фронтот го здогледал Феодосиј. „Се симнав кај него во ровот и го прегрнав“, се сеќава Михаил. „Излезе дека излегов во извидница, а тој се враќал од извидница. Морав да тргнам, иако не се наприкажавме на раат, плачевме обајцата“.
Браќата се вратиле дома како инвалиди. Михаил бил тешко ранет во градите, а Феодосиј останал без нога.
Андреј и Павел биле одведени на принудна работа во Германија, но успеале да се ослободат и да се приклучат на единиците на Црвената армија во офанзивата. Постариот лајтнант Василиј трипати бил ранет и за храброста добил орден Црвена ѕвезда. Во 1946 година дома се вратил Пјотр кој бил радист.
Браќата Лисенко минале низ целиот борбен пат од Берлин до Далечниот исток. Офицерот за врски Александар стасал до престолнината на Третиот рајх. Тенкистот Степан по ранувањето во Источна Прусија бил испратен во Манџурија да се бори против Јапонците, но борбените дејствија прекинале кога тој стасал. Дома се вратил во 1947 година, последен од сите браќа.
Браќата Лисенко
Јавна сопственостВо мачното исчекување на вестите од фронтот, Евдокија Даниловна која во 1933 година останала вдовица, самата одгледала и пет ќерки. Откако ја преживеала германската окупација, среќната мајка дочекала сите нејзини синови да се вратат живи.
За прекрасната приказна на Евдокија Лисенко набргу се дознало и надвор од нејзиното село. Во 1946 година во Киев ѝ бил врачен орден Мајка-хероина.
Евдокија Лисенко починала кога имала 73 години. Тоа било во 1967 година, а во 1984 година во родното село Бровахи добила и бронзен споменик. На откривањето на споменикот присуствувале сите нејзини деца, освен Василиј кој не доживеал да присуствува на овој важен настан,
Указ на Президиумот на Врховниот Совет на СССР за доделување на звањето Мајка-хероина на Евдокија Лисенко.
Јавна сопственостПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче