Наришкин истакна дека пред основањето на руската служба за надворешно разузнавање како посебна професионална структура за добивање потребни информации се ангажирале луѓе од најразлични професии.
Менделеев во свое време ја набавил информацијата која била неопходна за безбедно производство на барут врз основа на пироксилин во Русија. Предноста на овој барут, кој се наречува бесчаден, се состои во тоа што при негова примена се зголемувале дострелот и прецизноста на гаѓањето. Бесчадниот барут први го измислиле Французите, но тие не сакале да го споделат своето откритие со никого.
Во Русија кон крајот на 80-те години на XIX век во Охтенскиот завод во Санкт Петербург е започнато експериментално производство на бесчаден барут за новата пушка со калибар 7,62 милиметри и за лесни полски топови. Меѓутоа, било потребно новиот барут да се произведува за оружје со кој било калибар, што на почетокот на руските производители не им поаѓало од рака. Имало многу грешки, дошло дури и до експлозија. Информацијата што ја набавил Менделеев потоа е користена за да се отстранат тешкотиите во производството на оваа супстанца во Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче