Работата над него почна 1947 година во конструкторското биро на Горковскиот автомобилски завод (ГАЗ). При проектирањето се користени системите и моторот на познатото теренско возило ГАЗ-63.
„Четириесетката“ или Објектот 141 беше мошне компактно возило долго 5004 милиметри, широко 1900 милиметри и високо 1876 милиметри. Борбената маса му беше 5300 килограми.
Возилото имаше мотор со 78 коњски сили. Максималната брзина на асфалт му беше 79 километри на час, а со полн резервоар можеше да помине 480 километри.
Покрај двочлениот екипаж возилото можеше да прими уште 8 припадници на моторизираната пешадија. Од вооружување возилото имаше митралез СГМБ со калибар 7,62 милиметри со борбен комплет од 1250 куршуми. Максималната дебелина на неговиот оклоп изнесуваше 10 милиметри.
Врз негова основа е направена и модификацијата со спарениот противвоздушен митралез ЗТПУ-2 со калибар 14,5 милиметри, како и варијанта што може да се движи по железничка пруга.
БТР-40 учествуваше во бројни воени и оружени конфликти. Во Виетнам се појави необична модификација опремена со авиоракети К-13 со инфрацрвена самонаведувана боева глава. Беше наменета за борба против воздушни цели. БТР-40 на Блискиот Исток го користеа арапските армии.
Денес БТР-40 и понатаму се користи во повеќе од десет земји. Во Индонезија, на пример, овие возила се модифицирани, така што им се монтирани дизел-мотори, купола со вооружување и зајакнат оклоп.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче