Како Швеѓаните трагаа по руски подморници додека харинги пуштаа „ветрови“

J.Koehler via imago-images/Global Look Press
Ова е необична приказна за шведски премиер, непостоечка советска подморница, харинги кои пуштаат гасови и мала валкана тајна на европските „еколози“. Пикантеријата е во тоа што харингите пуштаат гасови особено интензивно токму покрај бреговите на Шведска и за тоа постои објаснување.

Кон крајот на 90-тите години шведската Кралска воена морнарица го овласти професорот на дански универзитет Магнус Валберг да ги проучи тајните подводни снимки на таканаречен типичен звук кои, како што се претпоставуваше, го произведуваа руски подморници во шведските територијални води на Балтичкото море.

Професорот Валберг и неговите колеги со помош на анализи и различни експерименти докажаа дека тие звуци не ги произведуваа непријателски подморници, туку беа последица на флатуленција или „ветровитеˮ што ги испуштаат харингите, вообичаените жители на Балтичкото море. Оваа риба има обичај да се собира во огромни јата, а кога голем број риби во такво јато испушта гасови, тоа создава забележлив шум.

Поради погрешниот заклучок за изворот на таинствениот звук кој шведската морнарица го оцени како шум на советска подморница, дојде до тоа во 1994 година тогашниот премиер Карл Билд да му напише гневно писмо на претседателот на Русија Борис Елцин.

Треба да се истакне дека подводните истражувачи умеат да го препознаат испуштањето „ветрови“ кај китовите, фоките, моржевите, така што новитетот на истражувањето беше во тоа што научниците дознаа како звучи тоа во случајот со харингите.

Интересно е што кулминацијата на испуштањето гасови кај харингите е поврзана со исфрлањето на канализацискиот отпад во Балтичкото море, со кој тие се хранат. Пикантерија е во тоа што харингите испуштаат гасови особено интензивно токму покрај бреговите на Шведска. Што значи дека во Балтичкото море канализациски отпад најинтензивно испуштаат токму Швеѓаните. Но тоа е табу-тема: иако и шведските и европските еколози добро го знаат тоа, сепак мудро молчат. А притоа во Шведска расипаната харинга со непријатен мирис (surströmming) се смета за деликатес.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња